Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Тринаесет години имам профил на ФБ и си мислев дека за тоа време имам видено сешто и дека веќе ништо не може да ме изненади. Колку само сум бил грешка...

Пред некоја вечер за прв пат ми пишува една теткица, подалечна роднина, некоја си братучетка на мајка ми која 30 години живее во Италија. Ја знам само онака површно, сме се видувале по свадби и други семејни дешавки, и сум ја прифатил за пријател на ФБ само за да не испаднам стока пошто ајде нели роднини сме...

После редовните прашања: „Како си? Твоите како се? Работиш сега негде, како иде работата?“ теткава ми праќа слика од рендом девојка која прв пат ја гледам и ми пишува: „Оваа се вика (така и така, не е битно сега), од Кочани е, веројатно ти е позната...“ И викам без нешто да ја мотам или лажам „Јок, прв пат го гледам девојчево, не ја знам“. Џабе. Она да ми објасни што е: „Абе добро, мал град сте, еве мајка и нешто наставник била, ќе ја разбереш... Абе синот вака ја виде и му се свиѓа, па да дојде кога ќе може од Италија, да го запознаеш...“ Од што ми беше creepy целиов муабет едно 15 минути ми требаше да се соземам дека не халуцинирам и дека стварно ова го прочитав. Инаку синот нејзин ако не го видев на ФБ немаше да знам како изгледа, дали еднаш го имам видено во живо.

Ај некако најдов начин божем да и објаснам дека не бива таа работа, дека не се знам со девојкава, дека немам време да се распрашувам која е... Вика „Ахам, епа добро...“ Си викам ајде, се тргна. Кога дојде ново прашање: „А вака да немаш некој колега од работа како за ќерка ми?“.

Мислам дека толку експресно не сум направил unfriend никогаш...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
D.... tamu sum na toj fejzbuk sekoj den (kako i tuka) i sega pred malku probva da kopiram nesto sto mi pisala kerkata ama ne ide,ne moze izgleda da se kopira toa tamu tekst od porakite.
A sekoj den isto,duro i STRASNO
donesi nesto za jadenje
donesi bilo sto
donesi za decata,jas ne jadam
donesi
.....nekoj zvoni drug pat poveke , izvini
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.850
Поени од реакции
6.467
Драга,

неделава што ја оставивме зад нас бев во Скопје. Имав многу работа, но ми остана време и решив сам да се прошетам наоколу. Штета што ниедно кафуле и ресторан не работеше. Седнав на една од клупите на плоштад под сенка, го разгледувам Скопје и сваќам дека со времето Скопје станал само поубав, а на некој начин јас погрд. Ми се сврти филм во рани 2000ти, со една другарка од основно бевме на екскурзија во Скопје. Ни денес не можам да опишам колку не понесуваше енергијата на Скопје. Едноставно го обожававме. Тогаш имаше само еден сив плоштад, еден застарен ГТЦ, и една Комерцијална банка преку Вардар до Камениот Мост. Впрочем единствената знаменитост интересна за нас како деца + прилепчани беше Камениот Мост.
Седам и го гледам Скопје денес, а во умот некогашното негово сивило, ги видов и нејзините очи со боја на амбер како се смеат пред мене како да се случило вчера, а не пред 17ет години. Се сеќавам и што алишта носевме. Таа носеше блуза со американското знаме, црно кожно палто, а јас од оние зелени џакети што имаа лажно меко крзно околу капата. Детишта.
Мислам дека толку го сакавме Скопје што имавме чувство дека еден ден мора да живееме во него. Тука ме фати носталгија. Таа сега живее во САД, а јас, веќе не сакам да живеам во Скопје. Од тој детски момент останаа само тие некои детски желби. Почнав да размислувам за неа, се запишавме во различни училишта и подоцна на различни факултети. Беше крај на Септември и беше доцна навечер, а ние стандард уште со летен елан во нас расшетани по маала во Прилеп кои можеби од тогаш ги немам посетено. Имаше собрано големо друштво, ама нас гужвата ни засмета и решивме да си одиме. На пола паат до нашето маало се фативме за рака и двајцата само молчевме, очите ни се наполнија со солзи. На крај си рековме само чао, и знаевме дека тоа е тоа. Пријателство од 8 години остана зад нас. Во тие 8 години имаше многу учење, многу американски филмови, многу часови по драмска. Па и неколку одиграни улоги. Ленче Кумановче - Бегалка ја глумевме во домот на културата Марко Цепенков. Еднаш го сретнавме и Благоја Спиркоски - Џумерко, нашата прилепска актерска гордост, нашиот мариовски Итар Пејо. Тој не гушна и не гледаше со огромна гордост и насмевнати очи. Тогаш не разбирав, но сега разбирам.

Во САД, ја спроведи процедура за признавање на диплома и работи како акадамески кадар - адвокат. Од моите радосни кафеави и нејзините радосни амбер очи, во Скопје не остана ништо.
И посакам најмногу успех во САД. Кога веќе нашата земја не ни овозможи да просперираме овде, да се оствариме кариерно како деца кои беа посветени на учење и ниту еднаш не влегоа во конфликт со никого, дури и одеа на дополнителни часови за рецитирање, пеење и глума.
Јас и мојата генерација сме колатералната штета од распадот на Југославија и особено на транзицијата од 90ти. На идните генерации македонски деца ќе им посакам една поздрава и попросперитетна држава, со економија доволно стабилна за да можат да останат тука, а не да мораат да одат странство. И најважно од се, општество кое сака повеќе, а мрази помалку. Овај пост нема за намера да тагува по нашето пријателство, туку напротив го слави истото. Имав бројни и се уште долги пријателства кои се провлекоа преку средно школо и факултет и се уште траат. Ама сепак ги памтам тие 8 години со неа.
Песната подолу ја ставам како меморија за нашето детство.

 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
За еден саат почнува полициски.......преку глава веќе!
Добро, сега си купив цигари.....си купив пиво.....се на време. И ѓубрето од кујна го фрлив на време.....се мора да се испланира..
Е сега се ближи Велигден......1-ви мај. Слушам секакви муабети.....чаршиски.....де ќе имало рестрикции за празнициве.....де немало да има.
Ланската година......добро се изгорев.....скапав во стан, фала богу имам голема тераса.
Оваа година не би сакал да ја паметам како ланската......па на време се фатив за телефоните......златен Дојран! Што е сигурно, сигурно е.....вила со двор....па мирна глава, барем празнициве ќе ги поминам во слобода.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
6
Поени од реакции
37
Драга,

Знаеш, кога пробуваш да напишеш нешто на лист хартија, но постојано ги грешиш зборовите и вадиш нов лист, па се така во непрекинлив круг? Ете токму така јас безидејно и веќе уморно ги трошам повеќето мои денови. Не поради тоа што немам никакви обврски, напротив, имам една непочната семинарска, два колоквиума и уште три испити за учење и свесна сум дека заостанувам многу со нив, но еве, ниедна клетка од телово не сака да се помрдне. Понекогаш ми е дури тешко и да не правам ништо. И тогаш се нервирам, зашто денот ми поминал така залудно, без ништо. Понекогаш и ми се допаѓа тоа.. само денес очигледно не е таков ден. Денес, освен што излупив компири, направив таратур и ги наместив сите кревети, не направив ништо друго. А ако ме прашаш што правев, не знам ни дали би знаела да ти одговорам. Тотално се изместив од колосек и не знам од каде да најдам сила за да се вратам. Не, не е ова од полицискиот час и затворените кафулиња. Јас и онака не бев нивна честа гостинка кога беа отворени. Ова ќе да е до мене.
Завчера си ја скратив косата.. отпосле видов дека тоа уствари ти било “француски боб“. Не е лоша, само моиве дома ме научија дека секогаш ја кратам косата кога “не ми се сите овци на број“. И не ми се стварно, не ми се веќе долго време. Само подобро што овојпат ја скратив во должина, отколку да направев шишки (како минатиот пат).
Многу ми фали некој муабет со некоја баба или дедо. Знам дека звучи глупо, ама знам дека ги знаеш оние длабоки разговори полни со животни совети кои јас за жал не сум ги имала со баба ми, бидејќи бев мала. Овде веднаш до нашата куќа живее баба Марга - многу слатка бабичка. Не многу висока, со кафена (секогаш фарбана коса!) и секогаш уредена, фенирана. Лицето ѝ зрачи топлина, и секогаш кога ја поздравувам ми се насмевнува. Од разговори, освен оној брзиот на улица, други не сме имале, но не би лажела кога би рекла дека многу би сакала да ѝ отидам на кафе, со букет цвеќиња, да ѝ подарам нешто што би ѝ значело, едноставно, да бидам нејзина чајна пријателка во 17 часот.
Многу теми ти сменив Кајги, знам. Во главава ми се како рој пчели. Сега ќе одам да направам нешто благо..

..да, во 9 навечер..
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.428
Поени од реакции
10.351
ДК

Чуден е овој машки свет:eek:
Арно се вели дека функционираат со малиот мозок во долната глава ( леле мајко ако им е и таа уште мала):facepalm:. ...и еден тон разноразни теми, ама нема ниту една каде дискутираат за деца, воспитување, хранење, пресоблекување, чување, чистење, итд.

Фудбал, секс, коли....(ах Господе, кај гледаше кога ги ствараше):(
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.874
Поени од реакции
20.462
Драга,

Кога ќе помислам дека се сум видела и чула и оппппп..


п.с. А која е бе Данче уствари?
#прашања кој ме мачат..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom