Кеј,
Вчера бев стапил во контакт со
@Just Do It после долго време и ме натера да се вратам назад добри 12 години. Имав метро пеесет пет може малце поише, клубот кој што го спои цел Аеродром беше на работ на пропаст. Не бев тогаш уште толкав навлечен, како копиљ дедо ми ме имаше носено во лименката на секоја домашна утакмица секогаш после првите 5 минути зошто тоа беше хаос, а јас не знаев ни кој ни зошто се Family Aerodrom. Се собиравме пред Бисер на трети септември почеток на учебна година. Не се сеќавам точна бројка на луѓе само знам дека бев фасциниран од тоа што го видов и знаев дека сум дел од нешто големо.Во сеќавање ми стои дека цел Аеродром беше излезен на тераса и сите бевме едно.Во наредниот период МЗТ почна да функционира имаше публика од некои си 200+ луѓе, секоја недела кореографии чуда нови песни, едноставно живеевме за утакмицата и цела факинг населба беше едно. „Големите“ од маало за среќа беа повеќе од искусни и ни дадоа правец дека верен навивач не значи да се удараш од земја, туку да оставиш грло на трибина. Идевме по гостувања чуда, имаше и тепачки , не излагање од населба итн. Се сеќавам со велПа го глеавме кај него дома во НЛ green street hooligans по кој знае кој пат. Втора година средно немав отидено 2 недели у школо, спремавме димни бомби кај другар дома сме се мкнеле до драчево да купуваме ingredients( ти ебам работата забораив македонски). Ме уби татко ми од ќотек кога дозна, бегав од дома да отидам на дерби. Таму уште една тура ќотек. Има милион случки али ќе издвојам две. Први мај не се сеќавам која година игравме со педерите у парк, а ние договорени горе у Козле на некој рид први мај. Испив добри 5 литра пива се убив не можев да се спојам со реалноста, утакмицата од 6 другариве се откажаа имаше пичици со нас. Фаќање 5ка доле кај алумина не знам како стигнав до дома, и викам на мајка ми легнувам 15 минути разбуди на утакмица треба да одам. Будење за 10 минути од возбуда дека има утакмица фаќање патот у маало кај што се собиравме и гас на утакмица. Појако дерби може и да немам осетено у парк зошто се беше накрекано и алкохолизирано,урлање до даска( МА ДАЈ ИСПУШИ ГОООООООООО УШТЕ ЕДНАААААААААААШ). Знам дека на крај лепаа рачки тапани немаше компас, во делириум бевме сите од победата.
Втора случка финале МЗТ - КОЖУВ 3-0 серија. моТо само што положи за кола брзи месец два дали имаше, седиме кај него дома улетува ролЕ и вика да ја палиме за гевгелија. Спојување се кој што има по џебови, и гас за надоле. По пат рокање класиката Тоше Проески, Каролина трешти цела кола возбудени прв пат идеме сами без да вози некој од големите. Стигнуваме во Гевгелија појма немаме кај да идеме на првиот и единствен семафор прашување кај е салата и гас. Почнува утакмицата нема компас изедначена макс прва четвртина и втора. Трета четвртина почнуваат глупости, и нормално мора да има екцес.Се смирува ситуацијата не набркуваат надвор како кучиња со ќотек и не ни даваат да влеземе. 100+ луѓе глеавме утакмица на малине телевизорчиња од комбе на телевизија што ја емитува утакмицата. Нормално освојуваме титула у факинг Гевгелија и почнува хаос. Тогаш Марче Србиновски им беше тренер му ебам сестрата, изреволтиран дава гас ќе убиеше дете. И нормално тука ескалира ситуација уште еднаш хаос пичке лудило, и тогашни Фантоми и нив у уста да ги ебам напаѓаат со камења како пички некои.Имаше бркање мислиш они се у Скопје не ние у Гевгелија. Завршува фестивалот треба да си одиме дома саатот 11 не смее моТо да вози, улетува киЗо ја вади ситуацијата и стигнуваме Скопје со титула продолжува хаосот. Можно е да ја имам утнато утакмицата ама мислам беше за титула.
Гледам клипови моментално и ми се враќаат утакмици малце матно, ама доволно за да се наежам и да се присетам на тие емоции.Колку имам рикано кога изгубивме од педерите у Борис, сто посто уште имам гнев во мене за тоа.Престанав да мислам на клубот после сите репресии и глупости, ама мислам дека врвот го достигнав после Хард. Од една страна ми е мило што последната кореографија некогаш направена во Лименката беше за него. Буквално ја рушеа салата, сабајлето со сиПа идевме да ја земеме кореографијата се сушеше цела вечер.
Цел живот мој на тебе посветен,
FA'1997