Кајги, ме памтиш? Не, уште не сум породена, досега 3 пати имав лажен аларм и по трет пат денес ме вратија дома и по трет пат лежам у соба со кутрињата околу мене, телефон и нозе у вис. Ама вистински носе у вис кајги. Успеавме да ги предомислиме овие тројца бандити да искачаат толку рано, со оглед на тоа што се сеуште премали. На почетокот син на мајка убав беше најмирен, девојкиве му скокаа на глава, ама сега некако си покажа рогчиња, до толку што тој прв тргна а најмал, најситно, али брзоплето. Кум доктор вика бар до 25ти април да издржат, после подруго е. Кајги, планета од 70 кила сум, огромна, едвај се движам... Љубениот ме вика Буци, не се лутам, баш сум Буци. Само они да се живи и здрави, се друго ќе помине.
Туку немаше да биде интетесно да беше само до моите 3 јојо топчиња, госпоѓа мајка кралица се удружи со госпоѓа мајка кралица на бивша супруга и сега имаме циркус беспари али сакаш, секој ден. Ние сме само за у некоја опасна турска серија, не прашувајте како знам, изгледав 3 во легачкава ми кариера. Еееее Тео Тео, дојде на дереџе со турска серија да се споредуваш. Не е за плачење, за смеење е, бар ние така го третираме за да може да издржиме. Па така имаме повици доцна во ноќта од непознати броеви, улетувања со социјалната работничка сред бел ден со изговор дека детето барало помош, измислени модринки и рани, трауми... Језивко малку е, признавам. Жал ми е ептен за детето и за мм, мајкана уво не ја боли.
Си се искажав, ко да го интересира некој, ама искренко малку ми е срам на другарки да им кажам, да се пожалам, ќе излезе од свекрва се жалам а реално она нема проблем со мене, со себе си има. Туго моја! Па и да можев бар да се движам или да ми дојде некој на гости, ова ковидов не поремети.