Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Без лажи и преваре...среќа е најбитна работа у живот, деца...џабе талент, џабе природа каков те создала, среќа ако немаш.

Воедно, да ви честитам на сите Нова година и да ве потсетам дека една цифра у календарот, па макар и промена на година ништо не мењава у цивилизациска затупеност и неинтелигенција.

 
D

Deleted member 12196

Гостин
ДРага КАЈгана

Гледам: Во мода станаа некои црвени антипалци. Позаразни дури и од ковид вирусот. Но тоа ми ги отвори очите.
Гледам: 10, 15, 20 Долу.png , а само едно срамежливо Горе.png . На друго место пак истото. Она срамежливото (најчесто единствено) е од мојот Гентус. Мора да се вљубил кутриот, нема друг логичен одговор.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.389
Поени од реакции
5.743
Отсекогаш сум мислел дека луѓето му предаваат огромно значење на 31 декември, за мене е ден како и секој друг, затоа решив славната 2021 да не ја ни дочекам туку да се разбудам во неа :icon_lol: .
За 2020 имав големи цел и големи очекувања за на крај да останам со курот в раце, така што одлучив веќе воопшто да не се ни замарам со поставување на цели и слично, да видам до каде ќе ме одведи животот.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.787
Поени од реакции
17.307
Така е пријателе паркирај се и сопри ја другата трака, не дај Боже да погледнеш десетина метри подолу и да најдеш слободно место. Кур те боли, ако треба нека погине некој, затоа што те мрзи да изодиш десетина чекори. Ах бе биволи ниедни, не уште 500, уште 500 000 полицајци да вработат нема да се среди сообраќајот во оваа скапана држава.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Пооо еј...ја нема неколку месеци и реално ме заболе што правиш со животот и зошто изгубивме контакт.
И од никаде ми пишував глуп муабет "кај си", "те нема", бла бла. И ајде јас глупав, да не бидам кретен ти враќам нормално, не од типот "ништо еве", "хаха да", "ти?", туку пробувам да почнам нормален разговор и после 10 мин почнуваш да ме ладиш. Пу, се да ти ебам. За што ми пиша? За да ме оладиш? Ме заболе ако ме олади, исто ко што ме заболе за тебе, само не ми е јасно кој ви дал на таквите пристап до социјални мрежи.

Него ДК друго дојдов да ти кажам, во меѓувреме ова ми испадна. Во 2021, уствари не само во 2021 туку во животот, на сите им посакувам по еден колега дизајнер, што на колега маркетер ќе му ги чита идеите од уста и ќе ги претопува во буквално визуелни приказни.
Таков вчера ми се падна мене на хакатон и не ми се верува дека со разбран човек, толку смут и лесно може да се одвива работата. Браво царе!
 
C

CoolIris

Гостин
Драга Кајгана,

Годинава испишавме вистински роман, а 365-те страници како да беа премалку за да се собере сето тоа што ни се случуваше. Беше толку полна со сè и сешто, а скроз празна и неизживеана. Се оттуѓивме едни од други во реалноста, а се зближивме во виртуелноста. Можеби конечно, дел од нас ќе научат да ги ценат вистинските вредности во животот.

2020 - Вистински ролеркостер кој од корен ми го промени животот. И додека крајот на 2019-та ми влеваше надеж за подобро утре, почетокот на 2020 и светската пауза дадоа длабочина на мрачниот амбис наречен живот. И тогаш сфаќаш, сè е менливо и минливо!

На крајот на ова поглавје, ко гром од ведро небо ми дојде бронхопневмонијата на мајка ми. Ја пратив да се тестира, а сега чекаме резултати. Можеби новогодишната ноќ ќе ја поминам карантинизирана, но тоа воопшто не ме вознемирува. Само да ми е здрава, права, читава!
Најважна лекција од ова корона-чудо - здравјето пред сè!

Би сакала 2021 да биде поспокојна за сите. Желбите и плановите, од година во година ми се зголемуваат, па се надевам дека ќе имам храброст и сила за реализација на истите.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.829
Поени од реакции
20.257
ДК,

За изминатава само ова..
38137EFC-DD53-4DB8-A4B2-C669FA3472F3.jpeg
Колку само сироти души оставив подзинати, меѓу кои и луѓе од кои треба да очекувам дека не ни треба да имаат сомнеж, ама јбга коа имам душа таква лесно еблива тоа е.
Автоматски споено мислење:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Мразам да релативизирам или да правам "шта би био кад би био" сценарија ама да немаше толку народ што чека пред банкиве немаше да бидам сам на плоштад па да ме прашуваат новинари "вашите желби за 2021 година".
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
ДК,
сакам да се заблагодарам на фамилијата, роднините, девојката, пријателите, но најмногу на Nicolas Pépé за знакчето за верификуван профил на Кајгана форум.

Не знам од каде ми е, ама убаво е да си во друштво на Бијонс.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Епа ете, дојде и тој момент да се збогуваме Драга. Не дека не си ОК, но така решив, дека е доста.

Имаше смеење, интересно беше, но мислам е време да ставам точка. Да намалам со "дружење" во виртуелниот простор. Сепак не сакам поголем дел од животот да ми помине во виртуелниот свет.

Иако не се замарам многу со Нова Година. Нека ви е на сите среќна новава 2021. И не чекајте годината или некој друг да ви донесе здравје, успех, среќа, направете си ги самите.

П.С. @Anon , чувај се, да не те мислам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom