Драга Кајгана (виртуелен дневник)

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.667
Поени од реакции
14.545
ДК, вчера ме оперираа од слепо црево.
На 33 факинг години.

Не знам што дрога се новиве анестетици, ме успаа буквално за 2 секунди.
И за да биде иронијата поголема - било поставено НАГОРЕ, позади црн дроб.

Јер не е доволно во животов да имаш четири прсти на рака, мора и слепото црево да е обратно.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
ДК
ти најдобро знаеш дека сум многу толерантна за најразличен профил на луѓе..Ама...Има една категорија тaканаречени тупаџии кои директно ми влијаат на нормално расудување. Поголемиот број од нив од не знам кои причини сметаат дека се посебно паметни, во позадина имаат „длабоки причини и аргументи“ кои за нас смртниците не се очигледни и важни.
Тие истите тупаџии со спамирање со тотално непотребни информации се обидуваат да наметнат некакво мислење за себе дека се темелни и не капираат дека нивното постоење го троши драгоценото време на тие околу нив.
По еден тупаџија имаш во просек во секоја фирма и една од придобивките на искуството и стажот е што стануваш мастер во нивното одбегнување.
Никад не успеал толку многу да ме изнервира некој што е едноставно глуп, онака исконски глуп... Во мачните моменти кога морам да комуницирам со тупаџија, ми затајува и логигата и здравиот разум... Како да реплицираш на „факти“ за кои не знаеш дали да се смееш или да плачеш?
Одам сега да си прочистам плуќа со тутун....
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.127
Поени од реакции
25.600
Иначе Боби Спасенцовски од скриншотот неколку поста погоре е не толку познат македонски пејач на народњаци. Познат меѓу оние што сепак го познаваат како "Македонскиот Аца Лукас" на времето пред деценија и кусур пееше во кафана Мома. Мома беше undergrоund кафана во буквалната смисла на зборот затоа што беше под земја, денес тој објект е познат како ноќен клуб Vox. Доследен на прекарот, Спасенцовски покрај долгата коса и брадата на мое големо задоволство вклучуваше многу песни од Аца Лукас меѓу кои и песни кои не му се најголеми хитови како на пример "Да поднесем бол" која е една од најтешките негови песни, а една од моите омилени. Во други биртии не ги пееја тие B side Лукасови песни. Им пееше на сите гости во Мома музички желби му дале-не му дале пари. Секогаш расположен и позитивен пренесуваше прекрасна енергија.
Лани така пролет време чекам јас прв на семафор и до мене во другата лента паралелно застанува да чека мојот омилен автомобил. Додуша не во боја на каросерија што ја сакам, ама небитно кога и да помине го загледувам и му се насладувам на дизајнот. Сончево време, пријатно, прозорот беше отворен, а внатре на возачкото седиште Боби Спасенцовски. Радиото му беше пуштено погласно и си ја пееше песната што течеше и си мавташе така со главата во ритамот на песната. Сам во кола. Е такви некои ситници ми прават да го засакам човек уште повеќе. Го гледам чат-пат како гостин во емисијата "Мерак Меана".

Му посакувам здравје и долг живот и него и татко му како и многу мед. Ќе остане вечна мистерија што бара тоа Ц во презимето. Сведоштва за ликот и делото на Спасенцовски можат да се најдат тука:

иако на жалост веб страните на кои своевремено биле постирани тие слики како доказ за сведоштвата не постојат.

Негде 4 и нешто сабајле, во Мома, Боби за фајронт:


Бонус видео. Повеќето од фотките се од Мома

 
Последно уредено:
D

dobramuzika

Гостин
кајгич, по втор пат го зезнувам екранот на телефонот, викам ај да постнам една трака во "денов звучи како" па ќе вратам на порака и оп, испаѓање од џеб и право на екран, може и подобро вака, ќе го користам обичниот нокиа кој го земав пред година и нешто, малку криво ми падна затоа што ќе нема на што да слушам музика на работа but it is what it is.

кајгич, пак јас, од фудбалските клубови кои се натпреварувале во поранешна југославија, најпопуларни се ѕвезда, хајдук, партизан и динамо, кај мене сите дома навиваат за партизан, само јас за жељо.
 
Последно уредено:

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.881
Поени од реакции
17.691
Драга

Посебен круг од пеколот за сељачиштата што возат брзо на дожд и ги прскаат луѓето и за идиотите што не даваат жмигавец или дадат пред да свртат во кривина.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
2 непишани стереотипи во македонскиот сообраќај кои скоро во 95% од случаевите се испоставиле како точни и вистинити...

- просечно, најлуди возачи во секој поглед се оние бациња што возат караван.
- ликови со мерцедес, бмв, ауди и VW пасати и џипови (особено оние) произведени после 2010та никогаш не даваат жмигавец на булевар, ваљда пошто мислат дека сите очи се вперени кон нив како знак на некаква импресионираност.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги среќо...

Пијам чајче во дневна, грицкам бадемчиња и и се восхитувам на свекрва ми како има таква моќ да направи драма од обично влакно. Човече, не ми се верува! Еве ја 3 дена во болница за влакно во окото, за воља на вистината навистина имаше влакно, ама го извадија и толку, и рекоа ок сте, ставајте капки... Ама нееее, ама заман докторе да не ослепам! Луѓе мењаат рожница па не дремат у болница 3 дена, аман! Коа рекла таму Не, јас не си одам! И еве ја 3 дена седеше, денес ја убедиле, барала и брз тест да и прават да не ја заразиле, си платил супруг поштено и ја однел дома. У право е, што да и прави. Страшно! Едвај ме погледна во очи човеков, срам му беше да каже. Ја научив додуша веќе, што да правам. И еве седам во клацкалка, кренати нозете нормално, чекам да стане чоеков да го расположам малку. Пеперутка денес доби награда, победила на некој конкурс. Кога дојде прееска беше пресреќна. Добила таблет, комплет енциклопедии и сет некој со моливчиња, пенкалца, стварно убаво спакувано со големо чоколадо и цвеќенце. Ми го прочита есејот, стварно заслужила. Нарачав да ми донесат тортуле, вечерата нажалост ќе биде едноставна ама ќе имаме тортуле. Доста беше, да ги разбудам доста спиеа, вечер што ќе праат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова е најголемиот доказ што прикажува каков вид на човеколики микроби живеат во земјава. Ќе пишев австралопитекуси ама дискутабилно е кај нив дали се наоѓал по некој знак на интелигенција.

Кажете ми, што менталитет, кое ниво на писменост, каква когнитивна способност треба да имаш за да искуцаш вакво нешто? Симптоми на афазија ли се ова? Па и откако ќе го искуцаш, да го провериш и со целиот еден неврон што го имаш да заклучиш дека ова е достојно за да стиснеш - post?

И тоа ова не е само во групи за огласи. На било која статија од медиум ако отвориш коментари има ваков склоп. Не правиме муабет дали се ставови со кои се согласува човек или не. Елементарна писменост се нема, се нема сенс за слеана мисла, тек на опис, правопис па да не зборам. Ќе отвориш коментари од некој странски медиум, не дека нема дебили ама барем со зборови комуницираат.

Овде вака изгледаат 70% од коментарите

Zddss vdddd stapaccc cena kokoe odma :facepalm:

Добро на интернет што се пишува денес, да пишуваа било каде на друго место, ќе си ја чукаа главата археолозите што ќе копаа за 500 години од сега.

 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Пред три месеца:
-Ќе ја напуштам работата од маркетот, ми е страв веќе од короната, ај ако дојдат вакцините до јануар па да се вакцинирам.

Денес(во меѓувреме сменето работно место, преку најголемата агенција за вработување, СДС)
-Абе нема вакцини ама па и народот не оти и сака да се вакцинира, се плашат сите, може и подобро што уште нема, хехехе(смеење со пола уста)


...
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.963
Поени од реакции
8.173
Дк, нисам манијак, ал желим да погледам хехе

1612825547694.png

некои ќе ме осудат, некои ќе направат меме, како и да е да се на6алиме малце.

пс. колку подолги нокти толку пократ... (со извинение кон корисниците на долги нокти)
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Драга,

Гледам постарите генерации тагуват зошто помладите генерации нивните деца бегат од државата. Епа, господа и госпоѓи пред 30/40 години на вашите златни времиња кога сте требале да имате колективен свест што правите со државата и државните пари не ве заболел, како туѓо да е сте го доживееле. Во смеење викавте "Клати врата, земај плата!" убаво ви беше и нешто да украдете од државните институции ушто поубаво, епа клати врата сега што да ви правам
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
иц оунли лајф уај ју хеф ту би мед

 
Член од
29 септември 2013
Мислења
878
Поени од реакции
1.897

Kajgana Shop

На врв Bottom