Драга,
Ми недостига времето кога дедо ме возеше на балет, а после балет во апче на индијанери и лимунада. Ми недостига времето кога тато ме носеше кај него на работа и јас се занимавав со едно гемче минијатурно. Имаме се, можеме се, правиме се а пак ни е здодевно. Дремам во спална, кутрето сонува нешто и прета со ноџињата, пеперутката се прибра дома, господин сопруг има некој олајн состанок во неговото сопче, низ приземјето се шета лепотица Леница (правосмукалчето), на спратот Мерсиха менува завеси и поминува бањи, надвор чичко Страшко го средува дворот, сите се нешто активни, јас лењарам и во мислите се враќам во детството. Ех да беше жив мој Тино, да можеше да биде сега тука, да ми рече Стани мрзлива, не ти е срам сите работат нешто а ти легачиш?! Кога ќе ме фатеше мрзица дебелица стално ми викаше дека од лежење ќе почнам да смрткам на старо. Душава ми сака да одам на гробишта, ама телото не ме носи. За инат, за инат денес ќе го пуштам Балашевиќ, ќе извадам од подрум винце, ќе скувам нешто убаво и ќе вечераме во трпезарија комплет. Решено е!
Мрзица дебелица, иш иш!