Све почна со мачката што мрдаше напред назад со главата односно тактизираше додека дечкото со тарабуката нафрлаше зборови и звуци, притоа создавајќи сосема коректна, интересна и пред се заразна мелодија што сама ти игра и пее у главата.
И се појави Берни Сандерс и неговата поза која за ден-два стана ултимејт меме материјал. И ок, имаше смешни слики, имаше тажни слики, имаше глупи слики. Имаше и едно видео, Берни Сандерс не реагира на полката, односно не вајба. Не се понаша како мачката. Ладен е, неактивен, не мрда и не постои додека дечкото до него урла со тарабуката.
Си викам чекај да видам што е целата фама и која е оваа песна, ако воопшто е песна. Од десната страна на јутуб видеата се појавува
Loituma - Ievan Polkka, сигурно е оригиналната верзија ова. Таа е.
Секако ништо не се разбира од пеењето, мислев дека е нешто турско, ерменско, можеби азербејџанско, грузиско, тука негде, кај кур знам. На крај испаѓа фински јазик. Иначе фински јазик заедно со грчки, италијански и ирски би слушал без престан цело време некој да ми збори. И ја слушам едно 650 пати песнава и викам време е да видиме и други автори, музичари со изведба на истава нумера.
Наоѓам едни дечко и девојка со бенџо (ваљда) и хармоника. Ај да видиме што ќе понудат. Прекрасна и интересна изведба. Кул. Слушната 200 пати. Ќе ти ебам песната викам, не ми искача од мозок. Зараза.
Ајде друго видео, ууууу опасно, рок верзија, згора на тоа и во живо. Што ќе видиш, тотално вриење и класично жнеење од настап. Урланац.
Е ова ми е најјака изведба од сите слушнати. Мислев дека се некои металци или рокери кои само ја пеат ко кавер верзија песнава, конкретно на концертов. Види ги, фронтмен со суканици, облечен у кожно, бос басист со бела брада и тотално непостоење на сцена, гитарист како плав Слеш односно бубњарот на Ганс ен роузес, хармоникаш избеган од Рамштајн, виолинист ко Иан МекГрегор од Стар Ворс, и бубњар класичен возач на камион некаде во околината на Аризона кој патува до најдалечните северни делови од Канада.
Пишувам на гугл, Korpiklaani, енциклопедијата вели дека се фински фолк-метал бенд. И ова дознав дека постои како правец во музиката. Премногу ме заинтересира како звучи ова нешто.
Го пуштам концертов подоле, во живо од Wacken Open Air 2006та година.
Па ја нешто боље неам у живот слушнато. Ова комотно на свадба би ми свирело, ете има и хармоника, таман да не замараат средовечните рандом роднини гости кои ќе бидат поканети на таа веселба организирана првенствено од мојот машки родител, деклариран фан на Борко Радивојевиќ. Иако ќе бидам избркан од истата но добро, ете според мене ќе свирел фински фолк метал на свадба у Северна Македонија каде народот ти се лути и те осудува ако речеш дека нема да праиш класична свадба, со идење по невеста и со бричење со секира.
Реалноста е дека Династија бенд ќе свират на свеченоста, ќе бидат поканети 300 гости, ќе се играат ора и слични наши музики збогатени со циганчица и уште неколку српски брзи, а во вториот дел од свадбата блам ќе избијам од себе коа ќе се качам на тапан на Распукала Шар Планина и слични традиционални македонски песни.
Нема да праам свадба никад.
Поентата на постот ми е за концертов од последново видео, и сите други концерти кои немилосрдно и без престан ги слушам еве веќе 2 дена.
Ова се финскиот Гуча фест, на ова се пие, на ова се дрогира, на ова би играло и младо и старо, на ова се урла у некоја викендица со прејаки звучници и јако друштво упропастено од све.
Ова е најубавата музика во историјата на сите музики.
Мега јако.
tervehdys.