Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.504
Наслов:
Скандал ја тресе Австрија: Жени пријавиле дека војниците ги злоставувале при тестирање за Ковид-19
Тело:
Наводно еден од војниците и рекол на една жена: "Сега ќе ти ставиме стапчиња во двете дупки".
Битолски кабадаја, скопски аеродромец, прилепски курназ:

1611288727047.png
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
ДК,

Сите зборуваат за вакцината и/или за она што се случува во нашето образование!

Сѐ ројалисти управуваат со нашето образование, од Кралев до Царовска. Панче (Кралев) го паметам по мутавата фаца, претпоставувам дека по тоа ќе ја паметам и Мила за некоја година.

Во друштво ми викаат "како не ти е убава, има убави очиња, медена уста... !". Попрво би дозволил опасната мафија која се вози по автобуси да ме топи во киселина, него ли да бидам на неколку метри од Мила. До душа кога имав нешто вишок време сакав да одам на неколку јавни трибини, колку да и контрам, ама се премислив. :(

Груевски беше махер за замајување на јавноста со одрена банална глупост, со цел во позадина да си донесе некој закон или да помине некој тендер без притоа да се крене многу прашина. Тој досега ќе донесеше една (1) вакцина, ќе се сликаше со неа, ќе и направеше музеј, ќе отидеше на отворање на тој музеј, веројатно ќе и дигнеше и споменик, а во позадина ќе се везеа бугарските народни симболи во нашите учебници по историја и ќе поминеше и Законот за попис. Овие новиве се смотани. А уште посмотана е опозицијата која не знае како да ја истера мечката од пештерата.

На секое интервју Заев ги ококорува очите како за прв пат да видел гола женска. Психа или фактор страв, нервоза, изненадно прашање што и да е. Тоа се вежба уште при првите чекори во политичките води. Можеби видел "нешта" додека бил во притвор (PTSD) и таа теза држи вода па сега е претпазлив. Знам дека не можеш старото куче да го научиш некој нов трик, ама мора да поработи на говорот на телото.

Како и да е, јас сум лично многу разочаран од сработеното во нивниот мандат. Точно е тоа дека имам комуњарско педигре, ама никогаш не би ги гласал. Дури и носталгија ме мава по телефонските именици на поранешната власт, барем во нив имаше колку-толку конкретни проекти, иако ни го сјебаа градов.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Драга,
Само што слушнав некаде 50% од новата нумера на Ива Орландо наречена СИНГЛ.
Ми изумираат и последните мозочни клетки.

Девојко, ако сакаш да глумиш Карди Би -
НЕМОЈ.

Тибам тикток генерацијата бе. Кој кур почнавте и "рап" "траки" и СЕ САМО НЕ "ДИСОВИ" да снимате ви ебам тоа бака прасе џипи куртонаријата бе...
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Драга,

Ми недостига времето кога дедо ме возеше на балет, а после балет во апче на индијанери и лимунада. Ми недостига времето кога тато ме носеше кај него на работа и јас се занимавав со едно гемче минијатурно. Имаме се, можеме се, правиме се а пак ни е здодевно. Дремам во спална, кутрето сонува нешто и прета со ноџињата, пеперутката се прибра дома, господин сопруг има некој олајн состанок во неговото сопче, низ приземјето се шета лепотица Леница (правосмукалчето), на спратот Мерсиха менува завеси и поминува бањи, надвор чичко Страшко го средува дворот, сите се нешто активни, јас лењарам и во мислите се враќам во детството. Ех да беше жив мој Тино, да можеше да биде сега тука, да ми рече Стани мрзлива, не ти е срам сите работат нешто а ти легачиш?! Кога ќе ме фатеше мрзица дебелица стално ми викаше дека од лежење ќе почнам да смрткам на старо. Душава ми сака да одам на гробишта, ама телото не ме носи. За инат, за инат денес ќе го пуштам Балашевиќ, ќе извадам од подрум винце, ќе скувам нешто убаво и ќе вечераме во трпезарија комплет. Решено е!

Мрзица дебелица, иш иш!
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.161

Да се подзасмири малку ситуацијата, здравје за неколку месеца, ако треба пешки ќе тргнам надвор до граница и готово веќе. Неколку месеца сум овде, толку многу ја сакам земјава што многу малку би требало за да останам овде, дури и по цена на друго место да имам многу повеќе. Ова веќе не е мојата земја, може не била ни кога бев мал но ова сега е зомби во кое само луд човек може да остане, немо да гледа што се случува и да не реагира, како живи мртовци. Оваа власт ако некогаш во некој паралерен универзум се случи пак да се формира држава, ќе се изучува во полоша конотација од турското ропство. На сите оние партиски ботови, оние кои го премолчуваа, и сеуште го прават тоа, само за ситен интерес, кој нивните деца скапо ќе го платат ќе им посакам со лесно нека им е и ич не ги жалам. Жал ми е за сите оние кои ќе останат во ова опшество, за немоќните да сменат нешто, за оние кои веќе ги трпат благодетите на оваа група мирољубиви граѓани и во градов а и во целата Македонија.

Ќе напишев уште нешто, ќе спомнев еден лик од Норвешка и неговото дело ама ајде нека остане на ова, за да не го избришат и да може да го прочитаат барем оние кои имаат овде семејства, оние кои остануваат овде, ова е реалноста и иднината на Македонија, дејствувајте не за вас туку за вашите деца, должни сте да го направите тоа.
 

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.629
Поени од реакции
2.071
ДК како поминуе време све повише се пронаоѓам у овој:

Ovaj grad i zemlju
ja nikad nisam voleo
ovde sam ziveo samo
zato sto sam morao.
 
Последно уредено:
Член од
1 април 2020
Мислења
142
Поени од реакции
836
Dear K,

Не сум лигла, и затоа деновите како овој не знам како да ги процесирам. Кажав во неколку наврати, дрво сум за некои моменти.
Верувам дека емоционалната интелигенција се накалемува од мала возраст а моите тука направиле голема грешка јбг.
Со други зборови, мислам оти сум среќна.

Од важните ствари, конечно имам доволно чорапи за да... ма за се'. Бев во сериозен минус.
Уште поважно, заклучувам дека јас дефинитивно не смеам да излегувам без ранец. Нон стоп нешто ми фали во спротивно, а џебовите колку и да се полни, немаат се што ми треба. Овој пат, земав лабело ама оставив телефон. Глупо, многу глупо.
Да не заборавам да одбележам иии- обожавав чоколади со бисквити, ама мислам оти последното нешто во такво пакување беше праз. Таков вкус имам во уста и не е уопште пријатно. Или вкусно.
Таман сега да одам да измијам заби и да се спремам за во кревет.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.679
Поени од реакции
19.592
ДК,

Како да искочам од овој dumb shit mind state..
Ти кажав како спонтано си го прашав докторот дали ќе ми се намали секс дравј со спиралата? Е така фино да мисли дека цел памет у вагина ми е отиден. :cautious:
На работа ми е одлично секој атом од телово ми го кажува тоа колку си ја сакам работата.

Се трудам Кајги да си одржувам ниво на мајнд стејт ама ташко, уста ми се смее а душата тешка, црнила.
 

Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.144
Ја листам темата најубава жена во светот и у меѓувреме ми текна дека Џонтра и Стекот и другиве го оставија Рик.Утд на - 700 поени иако веќе дислајк копчето е тргнато од страна на Господин Музафер такозвани Ацид.

Овој па отиде у минус и доживеа мозочен удар и зема све да дислајкува. Некој член на форумов искоментира ''фотографија од венчавката на неговите да ја видеше на форумов и таа ќе ја дислајкуваше''

:pos:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom