Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
30 август 2017
Мислења
997
Поени од реакции
1.433
Кога околностите ти се поволни играш мангуп а кога не стануваш п.чка. Кога веќе изиграваш мангуп терај до крај без разлика на околностите зошто во спротивно вистината е дека длабоко во карактерот си вистинска п.чка
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
почнувам да навлегувам во психата на сите дебели Амери кои се заглавени на столчето со компјутер... Пикавци, пиво, музика во позадина што ја приметуваш после 2 саати и си викаш: аууу што слушам црна јас!
И нема крај..Чекај уште ова, еј заборавив да ѕирнам и ова...
Не дека немам желба да излезам ама па зимово некако ич не го сакам... Доаѓам до двор и се премислувам. Кој ќе се облекува ко зелка па уште и чорапи треба да облечам... Чорапа е нешто што мразам од дното на душата. Сеуште сум на стартер пак, сокна... Па кога ќе ми влезе снегот над тажното чорапче е посебен доживљај.
Ќе куцкам уште малку, кај и да е ќе затопли...
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.046
Ми фалат постовите на џимеј за неговото несреќно секојдневие, монотон живот, доминантно непостоење во општеството, депресивно-смешните и трагикомичните ситуации, Коенови, баш такви, црни и смешни, рандом пред се.
Многу смешен себемразач, мој човек. Пред некое време коа ве потсетив на приказната за циганот и црвеното ренде, на профил ми пишал дека имал криза на идентитето и јас со тој пост сум го спасил. Небаре јас сум Робин Вилијамс а он е Мет Дејмон у Ловецот на добрата воља според таа од Сител што водеше Оскари.
Исто ми беше смешно кога се закануваше дека ќе тепа некое дете полно самодоверба. Кај мразел луѓе со голема самодоверба, сеа уште такво дете му фалело.

Утеха наоѓав у тие постови, вака единствен со кого се тешам е Стекот, а тоа е доста ризичен потег пошто може да доведе до самоубиство. Ама и тоа копиле се оправа полека полека, вработен е, во среќна врска неколку години, ќе се жени кај и да е. Свиња една проклета. Ама мој човек е, комрад, Буги Рекоба. Кралот на дното, експерт за све на светот, следачот на сите спортови, зналецот.
Стек дојди да си го земеш поклонот од Интер пошто одговорно ти кажувам дека ќе ти го фрлам у канта.

Вчера во ниедно време ја листав темата за Најсмешни постови. 45 страни прочитав, сум се газел од смеење. Многу глупости праевме порано на форумов, ептен јаки дешавки имаше, смешни моменти еден куп. Имаше еден цитат од Ио, ме мрзи сеа да го барам, Стекот пишал за Токио од Каса де папел дека од што му е јака дури би и дозволил да го вика Јувентус аххахахахаха и тука се надоврзува Клипче (копилето што го бојкотира форумов но сепак според него ја сум бил пичка и куртон кога се избришав, истото важи и за Пеџа ѓубрето, све да ви ебам) и наоѓа замерка дека се викала Урсула и во истата реченица се поправа, вика, ако сака и Љубинка нека се вика, едноставно све би и дозволил. Љубинка бе. Љубинка.
Вори прашува дали може да се смени ник, и добива културен одговор од истиот Клип, му вика ник моментално не може да се смени ама да избришеш јузер можеш у секое време. Го попари.

a ja, ja se kockam s prevarantom zivotom, што би рекол големиот Џорџе Балашевиќ во една своја шансона. Денеска ја исправ колата и прв пат сменив бришачи после 2 години колку што ја имам пејџарата. И колава ме потсеќа на Пеџа, матер да му ебам, ја коа не бев на форумов барем пишував на четот што го иаме со Кимо и Стек бе гомно.
Многу сум неодговорен за некои работи. Пред 3-4 месеци купив нови копачки и на првата утакмица заринкав и ги пододлепив малце напред, во истиот момент реков дека ќе ги залепам за да не се оштетат уште повеќе, во меѓувреме заврши полусезоната, ги исчистив од кал, ги намачкав со вазелин и ги стаив у плакар. Уште чекаат да бидат залепени. Секако дека нема да бидат, туку ќе чекам до пролет коа ќе почнеме со тренинзи и ќе речам ех бе требаше да ги залепам, па ќе ги залепам со некој рандом лепак кој нема да држи и ќе викам абе пропаганда е ова со лепаци, жими кур што лепат. Па спортвижн ќе ми бидат криви, немало тука квалитет вака така. Пошто до сега исклучиво пазарев од Америка. Идиот еден.
Купив едни патичиња од адидас од Германија ги нарачав, ретровачи, кошаркарски од 70тите години. Уште ги неам облечено, пошто не постојам и не идам нигде. Лошите патики според Стек кој носи кондур патики у слободно време и Мат Стар спортски патики, врвни според него, немало разлика од Најк. оК.

Аааа да, тројца другари собравме по 100 евра и купивме маса за пинг-понг. На крај испадна дека сметаме на местото кај што ја стаивме да играме, кај еден другар на спрат. Сеа ќе треба да чекаме да пукне пролет за да играме надвор како скитници, не дека за друго нешто знам и ме бива, ебате клошарот.Супер интересна инвестиција од моја страна морам да признаам.

Во следниве 2 месеца ме очекуваат 3 родендени кај многу блиски бебиња. Среќа едното живее у Германија па ваљда ќе куртулам од поклон hhhh, другото ми е внука што живее неколку куќи подоле од мене, а третото ми е кумашинче. Големиот Ел Падрино Џонтра Волта, годфадерот, иззззззгуби се.

Другарите за роденден ми купија флаша Џејмисон, и после ме викаат алкохоличар, мамето ќе им го ебам. Се гледаме веќе 2-3 недели очи у очи. Треба да се поразам некоја вечер, ја, Џејми-то, Џеј, Џани, џими дои и ти, Џони ти не, џаПе ако се појави, џганот Стек и Кимо. Штакурац. Ќе се озрачиме.
Џери Спрингер шоу.
Песна моментално да ви пуштам, неам. Идете погоре најдете го постот на Сусаро и преслушајте ги сите песни што ги има стаено. Аца Лукас со каверот на тути фрути, 3 пати слушнете ја.

Едит: Лага.

Иам песна, еве ви ја, What a Life со танц од Мадс Микелсен, дневна доза позитива.

Cheers,

Што би рекол мојот човек Рики Џервејс.

Good Day,

што би рекол мојот гуру Рон фрикин Свансон.
 
Последно уредено:
D

dobramuzika

Гостин
баба ми и комшиското кутре ми се радуваат највеќе.

еве, прикаснувам паштета со топол леб и јогурт, па после питса.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.338
Ќеј со ќ, во сабота си идам за МК. Во исто време и кафаните се враќаат да работат на старо до 9. Ќе си го оставам имунолошкиот систем низ маси. Едвај чекам.:vozbud:
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.098
Драга

Како ми цркна телефонот ретко влегувам на инстаграм и фејсбук, не дека многу ги посетував и порано. Користам само вибер и инстаграм. Единствено што ми фали кога е во прашање стариот телефон се батеријата, сликите и Страва. Оваа за еден час се празни, како Преспанско езеро, ти ебам животот...
 
Последно уредено:
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.832
Поени од реакции
7.554
Како за држава во која што моментално најголем успех е тоа што епизодите од Забрането Јаболко ќе може да ги гледаме во исто време со луѓето во Турција, па и не ни е така лошо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom