Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.424
Драга Среќна Нова Револуција на Земјата околу Сонцето

Вака ко ќе го кажиш нема смисла а? Е па нема, ама ко тие во ум географија за 6 одделение од онлајн настава.

СРЕЌНА НОВА 2021 :)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.288
Поени од реакции
6.998
К.

Нова година прославена на клупи у парк. Цел град мртов, нигде ни човек, ни кола ни ништо. Па да му ебам мајката, ако е забрането собирање по дома, тогаш логично не е забрането собирање на отворено/паркови/плоштади итн?

Нвм, среќна нова на сите, само здравје и позитивни вајбови у 2021, другото ќе дојде самото :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Среќна Нова 2021-ва година кајганџии!
Нека ви донесе среќа и радост на вас и вашите блиски.
Бидете здрави 100% од времето а среќни и радосни 90%.
И во оние 10% кога нема да бидете, колку и да изгледа чудно, сетете се дека тој еден Анон од Влае ве сака

Трудете се да ширите љубов и грижа кон луѓето со кои имате контакти, бидете добри и позитивни.
Давајте го својот максимум дури и во моментите кога мислите дека не треба тоа да го правите.
 
T

Torchyrus

Гостин
Не памтам кога последен пат на вечер Нова Година сум легнал уште во 12:40, мислам 7мо одделение бев кога се изопив како магаре и заспав уште рано рано :ROFLMAO:
Секогаш Нова Година сум ја славел со друштво и на журки и забави.
Годинава многу по различно, дома со фамилијата т.с мајка ми, татко ми му се погоди трета смена, а брат ми со друштво.
Не посети братучед ми лик со кој израснав, мој вечен хејтер, а со тоа и мотиватор, лик кој многу ми има помогнато и навистина го ценам.
Посна софра и некоја чашка црвено вино.
IMG-20201231-214859
Многу поразлично од предходните години со други "оружја" за славје :ROFLMAO:
Ќејф ми се прави многу кога ќе спремам добра храна, едноставно право уживање.
Минатата година 2020 и нема да ја памтам по лошо, всушност за мене беше супер година.
Се пронајдов во многу работи и креирав прекрасни спомени.
2021 знам дека ќе биде многу подобра исполнета со здравје и големи успеси.
Тоа им го посакувам на сите искрено добри луѓе.
Денот денеска, едноставно измислен.
Одам со дедо ми да скројам некоја лозница во дворот и потоа на прошетка или малку трчање.
Само добра мисла и позитивна енергија.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Среќна нова 2021 дами и господа.

Си реков во новава година да почнам промени да правам. Прва работа што требаше да направам е да го сменам ников, ама и тоа успеав да го заборавам. Можам да претпоставам колку промени ќе направам ако вака почнав. :pos:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
И покрај наративот во медиумите, на социјалните мрежи и во секој друг муабет за тоа колку 2020 била лоша, ужасна и да не се повтори, мене лично ми беше супер година на приватен и професионален план, така да воопшто немам против и оваа 2021 да ми биде како претходната.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.268
Поени од реакции
2.016
Се пресмеав,Кајги.Постот што го имав пишано вчера во темава ми го избришале,а не се однесуваше на постови на форумски ликови,туку на зборови на луѓе надвор.Ама,тешко било да се праша прво за кого е наменет постот... :pos:
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
74
Поени од реакции
210
ДК,

Среќна нека ни е 2021. Долгоочекувана.
Сепак, мислам дека не треба да и' поставуваме толкави барања, за да не се разочараме.

Не ми се верува дека го кажувам ова, ама годинава ми фалеа гужвите.
Нека биде се' во ред, за следната има да надокнадиме, двојно, тројно...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom