Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.429
Поени од реакции
17.759
Ако 2019. година ме кутна на колена, 2020. ме легна на земја, ме изгази, ме исшутира убаво и ми еба матер. Карантинот не затвори дома, ни го зема животот, не спои со погрешни луѓе, и нормално, кога сакаш да живееш во мир и спокој, тогаш го прозиваш Ѓаволот лично. Од тогашен аспект, колку беше убаво, од денес гледано делува толку страшно, и среќен сум што добар и со здрав разум излегов од тоа, иако дел од мене остана изгубен засекогаш, и променет. Сплет на околности, и моја силна среќа, се измешаа повторно картите, и ми се укажа нова, убава шанса. Конечно, успеав да сменам и да почнам нов почеток во убаво и нормално место за живеење, можам да кажам и дека љубовниот аспект пројавува сигнали и знаци на живот, и после долго време, прв пат се осеќам оптимист.

Не барам многу, здравје за сите што ми значат, и за сите останати, за другото е лесно. Друго све имам.

Извинување на сите кои мислат дека сум ги навредил и слично, се дешава, лоши денови, и слично, а форумов треба да служи за заебанција и кулирање. Среќна и убава на сите. Се читаме уште долго, се надевам.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
ДК, нема да дозволам крисмас без Стар Ворс

New Dawn Fades: A Star Wars Saga
Episode зошто ја напуштам империјата

Пред да бидам рекрутиран оn the Death Star, јас бев уште еден Sith apprentice во тренинг, манипулирајќи ја силата со едвај неколку илјадници мидиклоријанс во мене доволни за мавање неверојатни хедшатс на Кајгана ЦС 1.6 серверот, Кајгана, која тогаш не беше уште империја туку движење чие главно начело беше: секој има свој глас под капата на демократија. Од кога бев унапреден да го водам сам серверот, делегирав и одлично водев флета од администратори-стормтрупери да го пазат серверот додека јас влегов во поголемата политика, логиран тука како модератор, дел од сенатот, со одврзани раце да force choke-нувам секој еден кој прети на развојот на ѕвездава не знаејќи дека некогаш ќе биде разорен ласер кој подоцна многу џедаи ќе го осетат, како стотици гласови плачејќи од теророт на спамерите пред наеднаш да бидат замолкнати во тишина.

Нешто повеќе од декада одржував мир и послушност за империјата додека силата во мене се зголемуваше, имаше многу шверцери на егзотични минерали познати како уторенти кои беа славно пресретнати од мене, не дозволував офтопик-филибастеринг во теми кои беа со стриктно дефинирани точки дозволени за дискусија, уништував цели обиди за напад од бунтовниците срби кои сакаа да шират тајни планови и кодови преку андроиди за да можат на сите други земји луѓето да гледат без пари филмови и фудбал преку сателити, а понекогаш не мораше ни да ги давам бунтовниците со силата, во комфортот на мојот дом преку злобни постови им зборев во глава и многу или се бришеа или се одлогираа од постоење за навек. The menacing Darth Wot. Dealing only in absolutes, like a Sith.

Но, империјата стана преголема за да може сама да се одржува. Многу од философијата која беше движечка сила беше занемарена, многу членови кои и сами имаа работено на создавањето на Death Star, тогашна само ѕвезда, беа игнорирани по цена на финиширање на истата. Премногу шорткатс, за да добиеш повисок ранк твојата верба во силата требаше да е огромна, пример за да достигнеш ранк мод...улатор или пак супер, мораше низ твојот лајтсејбр да имаш поминато илијадници спамери, мораше да имаш авторитет и решителност. За подоцна ова да се замени со лесно качување ранг само со имање конкретен клима модел на својот спејсшип дестројер или купување мултинаменско швајцарско ножче од гифтшопот на самата ѕвезда уште од влезна врата, додека ние на почеток не знаевме ни телепатски со помош на силата да префрлиме една тема од подфорум во друг.

Attack of the clo(w)nes, сите топли поздрави & остало. Enter order 66. Јавно убивање клучен карактер. My lack of faith was already disturbing. Moeто место во сенатот беше пренесено како неотповикливо, апсолутнo, како Sith. Повеќе не ми причинуваше задоволство едитирање наслови во услови каде моралот беше исто низок како кога ни го убијаа Darth Maul. We no longer had the high ground над сите тие стормтрупери кои промашуваат шоља кога мочат по дома ама тука требаше да бидат третирани како Sith лордови само оти дома имат хостинг од вистинското место. Галаксијата засега е уште сплотена празнувајќи го поклопувањето на двете месечини над Алдераан, но теророт кој ќе го посеат кло(в)новите уште не е пресметан. 2020 завршува вака, со мрачен клифхенгер над галаксијата. Се надевам сиквелот ќе ги оправи работите освен ако студиото реши дека веќе серијалот не е доволно профитабилен. Но, секогаш е тука Jar Jar како safe bet, поздрав @Нuкола :D

New Dawn Fades
THE END
 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.721
Поени од реакции
2.237
Најглупо е к'д ќе почнет да се жалив како овој била лоша и несреќна година за њима. Па свите беа у исто срање, уствари не беа свите баш у исто срање некои беа у поголемо и бореа се за живот и за ваздух. Несреќна беше само за оние кои га изгубиле живот и за оние кои изгубиле некога. За останати главу горе и радујте се што ќе поживеете јоште малко. Ако сакате радујте се, односно ако ви е мил живот. Кој сам па ја да ви кажу да се радуете, може на некога не му е до радување. И за крај у овуј годину помалко едете гомна, ќе заштедите паре на пасту за зуби. ;)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.161
Поени од реакции
10.123
Драга,

Утрово ѕвонев на такси и ми вика диспечерката број 69 за некоја минута, што мислиш дали тоа е знак дека ќе биде ебено добра годинава или дека пак ќе ме "ебе" и на финансиски и на личен план?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Разбирам дека мозокот е наштелуван да трза на допаминот предизвикан од „лајкови“. На повеќето им се дешава тоа. Имаат илузија за некаков социјален статус на социјалните мрежи, па затоа палат Инстаграм и лајкаат све, со надеж дека некој ќе им „врати“ со лајк на сликата за да се осетат добро 5 сек. Заследуваат луѓе со надеж дека и тие ќе ги заследат нив, па ги отследуваат. И сите тие патетични срања... Тоа е далеку од остварување квалитетни врски со квалитетни луѓе кои те почитуваат и те сакаат таков каков што си, знаејќи те лично. Ама јебига, социјалните медиуми многу добро знаат да ги експлоатираат психолошките слабости на луѓето и светот не е сејф баблот на Елен Деџенерис. Повеќето знаеме дека тоа е глупо, ама ипак ни е пријатно кога ќе видиме дека сме добиле „лајкови“. Честопати пишуваме само за да добиеме лајкови, па гледаме нашите постови да бидат во склад со тоа што го сакаат повеќемината. И во ред е сето тоа.

Но кога некој експлицитно, без да му биде глупо, ќе му пише на некој член дека неговото ratio на постови:лајкови е 2:1 окарактеризирајќи го како некој „небитен“, гордо кажувајќи дека членовите на форумов ги вреднуе според нивното ratio на постови/лајкови... Замишљајќи си дека ова е некоја виртуелна писта за инфлуенсери...
Тоа ми е језиво ретардирано. Личи на некој надреален кошмар, режиран од Буњел во некоја „Црно огледало“ верзија. :)
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.787
Поени од реакции
17.307
Драга,

Нова година, нови очекувања, нов ник па да почнеме.

sasa ilic.gif

Веројатно многу ке се прашаат зошто го сменив никот, а некои и фалусот ке ги боли. За овие кои ве интересира, Саша Илиќ беше идол од мојата рана младост, фудбалер како кој сакав и јас да станам, долгогодишен капитен на мојата прва љубов. За жал касно ја сознаваме пораката дека не треба да идолизираме никого, така и јас потполно се разочарав во него. Сакав уште од пред минатата година да го сменам, ама арно не сум знаел за правилото, па едвај чекав да заврши годинава. :D Инаку многумина мислеа дека вака ми е името и презимето, а некои знам дека вака ме бараа по социјалните мрежи

Kaко и да е на сите што учествувавте во дискусиите со Саша, му пишувавте во ПП, го сакавте, го лајкавте, го вреѓавте, го пцуевте сакам да ви се заблагодарам. Исто запознав прекрасни луѓе и во живо и преку социјалните мрежи и упаднав во едно прекрасно друштво (ах бе корона), па го чекам денот да се запознеме.

На сите членови и на нивните семејства им посакувам здравје, среќа и радости и секогаш да бидете среќни и весели.

Среќна нова година и Божиќни празници.

Ве сака бившиот Саша Илиќ.
 

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
731
Поени од реакции
1.669
После долги есенско/зимски денови поминати во апатија вчера добро се издував. :D Кој знае колку долго немав вака убаво поминато.Рано пред пладне чашка две виски пијам(демек новогодишно) на тераса, го гледам езерото , сино , убаво долго.. Млад си, си викам на себе си, здрав и прав. :) Некоја убава енергија се осеќаше во мене, то и беше причината веќе после 12 да се упатам накај град.

Идам во кафана со другаров, и како да беше испланирано, по некоја случајност се наоѓам со од средно другарите. Пијаме, се веселиме... налив на спомени од средно првите дешавки, првите луди пијанства,првите глупости итн итн... Некој 6 сати (ШЕСТ СААТИ ?!) ми поминаа како да беше половина час.
Нека помине чудово, да олабават со мерки и рестрикции па како му се спремам на летово што доаѓа.:duel:
Наредниве неколку години пред да стигнам до триесетката планирам максимално да се издувам и да живеам до гас(не дека сум неизживеан), па после што биде нека биде. Потајно јас се надевам дека до лето све ке се среди со коронава, пошо многу луѓе познавам што зависат од туризмот. Јас еве не зависам толку директно, ама би сакал да се пуштат граници да се дружам повторно со млади Пољаќини и Англичанки.:D
Охрид е вистински пример каде во лето пред да дојде чумава, имаше се и сешто. Си дадов збор самиот на себе си дека ова лето ке изгазам до максимум и назад. На радар ке ми е секое женско битие што има наполнето 18+ и доаѓа од друга држава.:D:D:D(шала)...
Здравје во иднина се надевам ке ме читате наредни години во некој по сериозни теми, а до тогаш бидете ми поздравени и чувајте се . И не заборавајте ... форумот е место за релаксација и дружење , не се оптеретувајте со глупости и без нервози. Све ќе си дојде на своето. Порано или подоцна.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.441
Поени од реакции
7.725
Пред некој ден се зачитав тука некоја тема, не ми текнува точно која беше, но тоа не е толку битно...

Одејќи наназад по страните забележав нешто интригантно... Мислења од еден член наречен Деадлус, под никот стоеше гостин, мислењата беа точни, концизни но во голем дел не можев ни да ги разберам бидејќи мојот речник и знаење не беа на потребното ниво... Ми падна во очи типичниот 'скопски акцент' и некои изрази како пишуеме итн... Не можев да го отворам профилот, не постоеше...

НО едно ми беше јасно, се работеше за генијалец, изделкан, поткован, начитан, образован, просветлен, проживеан, малтене го тера последниот живот пред нирваната... Во тој момент замислен си викам зарем е можно во оваа утепана земја со просечно IQ под 90 да се родат во исто време двајца вакви вонсериски генијалци?

Замислете во исто време двајца Никола Тесли да создаваат изуми, двајца Ајнштајни да ги разглабаат тајните на универзумот, двајца Моцарти да компонираат, двајца Аристотели да дебатираат... Па ние едвај како цело човештво сме имале по еден ваков ум и со векови не се појавува сличен а замислете кај нас има двајца...

Да, двајца во оваа држава, тоа да се Деадлус и Ботко и така почнав да размислувам во согласност со моите капацитети, зачуден и возбуден за иднината на нашата земја ако овие умови се спојат и почнат да работат за нашето заедничко добро...

Па денес во оваа ера само еден технолошки изум или една теорија, откритие итн.... можат да ја кренат оваа земја на прво место во светот....

И ете се случи...

Вечната енергија на универзумот ги послуша моите молитви, се случи една симбиоза, два генијални ентитети се споија во еден, Ботко и Деадлус се сега едно! Пророкот се појави, новиот светски поредок пристигна и ќе ја стави Македонија на пиедесталот. Она што го збореше Тони Стојаноски после натпреварот со Грузија се исполни, за ова ќе се пишува во учебниците на историјата општествените науки... Симболично Бред Пит и Едвард Нортон станаа едно...

Заследете го Деадлус...
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Во дуксерка од СТР2, цела вечер се пееа песни од Синан Сакич и Џеј :D
И конечно после две години не мора на први да станувам за на работа, само шо пак оваа година не си ни легнав :icon_mrgr:

После 36 саати без сон, наместо да си легнам, на другарот му текнува да играме кантер Власи вс Егејци, јбг не се пропушта такво нешто иако сум тешка нубара :pos:


А да, среќна нова година на секој член од форумот, останете живи и здрави сите до еден.
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.465
Поени од реакции
6.794
Нов ник нов јас.

Фала на Кајгана админите што го одобрија моето барање за промена на корисничкото име.

Среќна нова година на сите! Да сте живи и здрави пред се, другото само ќе си дојде!
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ок.

Сфаќам ја дека не ни треба вакцина за ковид за да добиеме чип као што сакаат да ни прикажат ретко глупите изманипулирани северно фиромјани и слични на нив балканци закржлавени плус уште неколку белосветски глуперди ширум планетава Земја.

Нели, знаеме дека гугл и фејсбук не прислушкуваат и за се што бараш, праиш муабет и слично на интернет тоа после некое време магично ти се појавува на фејсбук на почетна. На почетокот ми беше многу чудно ама сеа ми е интересно и некако знам што ќе следи за некое време. Нема врска, да не беше тоа немаше да си купам парекселанс машинка за бричење, чизми, алки, и дуксер Пики Блајндерс кој после едно перење остана само дуксер.

Пред некое време, така рандом ко и секој ден си скролам на фејсбук и почнав се почесто да ја забележувам Кајли Миног на почетна. Што мајка бара бе оваа си викам, коа ја неам заследено, лајкнато, ниту пак некогаш нешто посебно сум ја слушал, воопшто не сум ја слушал да бидам искрен. Глеам suggested for you, доообро. И така некое време јас и Кајли се дружиме константно што дури и ми се засвиѓа па ја почастив со еден лајк на фан пејџот. Ааааајде Кајличка велкам ту д клаб. Секој ден, дневна доза Кајли Миног на почетна во разно разни изданија.

Курва глупава!!! Што би рекла една шабанска песна, во моментов не ми текнува како се вика и кој ја пее, само еден стих ми текна, zavede me i nestade. Овца. А стварно добра милфица е, убава жена, плава со плави очи, профи, баш као што сакам јас. Али јеби га. Нема да го добиеш задоволството наречено гугл срч Кајли Миног. Кој те ебе, ако ми се појавиш сега откако те спомнав 60 пати тука има да добиеш еден категоричен и дрзок анлајк. Не постоиш веќе за мене.

Поминаа деновите, јас изгледав Фарго задња сезона, ја побарав Џеси Бакли на социјалните мрежи, арно ама џинџерот нема ниеден профил па така најдов еден добар фан пејџ на фб и сеа со нејзе си се дружиме секој ден. Убава девојка, уште подобра актерка. За Људмила од Чернобил зборам.

Џеси уште е тука како и Ања Тејлор Џои после Дамскиот ГаНбиД.

Од пред некој ден, ново лице. пф, ни помалку ни повеќе, Сигурни Вивер.
Аман. Од каде оваа, нит ја знам нит ја познавам нешто посебно. Сигурни факинг Вивер. Ниеден филм и немам изгледано, или барем не се сеќавам. Не сум ни имал интернет контакт со нешто близу неа.
Сигурни Вивер, од млади денови, со виткана пуцвал коса... џабе, не ми се свиѓа. A да бидам искрен, посебно ми се свиѓаат бушави девојки.
Не мораше баш Сигурни Вивер да биде таа избраната. Можеше да ти текне на Мери Мастрантонио ти проклет фејсбуку. Или на Деми Мур.
Сигурни Вивер бе. Интересно име морам да признаам. Сигурни Вивер. Сигурни Вивер. Сигурни Вивер. Сигурни Вивер. Сигурни Вивер. хехе. Сигурни Вивер.

2 јануари а веќе го имате прочитано најглупото користење на букви. Ви честитам.
Среќна нова година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom