Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Гледам бесплатен телефонски број за тој шо сакал да пријави кој слави НГ. Не мора бесплатен да е, по 500 ден./минута да се наплаќа, пак ќе звони да кодоши ова племе гнасно.
 
Член од
27 декември 2020
Мислења
74
Поени од реакции
210
ДК,

Нова сум на форумов и некако симболично првиот пост тука сакам да ми биде за крајот на годинава.
Да обележам почеток на нешто поубаво.
Барем се надевам дека ќе биде така.

Толку изгубив годинава и имав толку разочарувања, многу од нештата што ги планирав неповратно ми пропаднаа, изгубив контакти со многу блиски луѓе, имаше период кога бев сосема сама и исплашена од денот што доаѓа, а некои денови ми беше сеедно и ништо ми немаше смисла. Тотална апатија.

Сепак се исправив, станав, продолжив.

Од друга страна, научив лекции и се уверив дека можам и сама.
Не зависам од никого, и на крајот е најважно човек да се има себе, другото е минливо. Колку и сурово да звучи.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.103
Поени од реакции
10.138
Д,К.

Ситно брои годинава страдна, неславно ќе си оди оставајќи вечни трагови, нова историја, катастрофални последици..:(

Но..и дочекот на новата 2021 ќе биде мирен, тивок, без огномети, без гушкања, славење смеење и радување...колку и да се обидуваме да направиме некоја весела атмосфера, богата трпеза, џабе.....душа е празна, уморна, уплашена и тажна.

Сакам на сите форумџии, на сите луѓе на овој свет, да им се вратат насмевките на лицата, радоста и соништата, љубовта, да дојде слогата и соживот....да имаат здравје и среќа..

ДОБАР ВИ ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА

IMG_20201225_145520.jpg IMG_20201225_145520.jpg
 
Член од
20 август 2018
Мислења
170
Поени од реакции
299
Драга.
Која глупа фраза ми е "Ситно брои...". Поглупа фраза не постои на планетава. Жими се.
Ве поздравувам сите кајганџии. Вака се пишува? Малце сум запијан.
Среќна Нова година. Бидете заљубени, насмеани и слушајте добра музика. Кисс.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.511
ДК,

традиционално ај троа ретроспектива што направивме во старата и што треба да направиме во новата.

Првите 7-8 месеци буквално масакр на секое поле, здравје тапа, сите животни планови во корпа и мизерување до бескрај. Втората половина од оваа година далеку подобра, се исплатеше трудот и трепението од минатите години и успешно ги затворивме проектите од кои ни зависи целата иднина.
Инаку дефинитивно оваа е година во која физичката активност ми е на ниво на таа кога се имам родено :D

Желби и цели за следната година: пред се здрави и живи и се надевам до крај на пролетта враќање во нормала на животот кој го знаевме пред вирусот.
На професионален план ако го завршам тоа што ми е зацртано по месеци не барам ништо повеќе, веројатно ќе треба да научам да спијам уште побрзо бидејќи ме чека мнооогу работа.
Следната Нова се надевам дека ќе ја славам на +40 и неколку илјади километри од тука :)

Среќна да ви е новата година, здрави и живи и со повеќе бериќет од оваа!!!
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Нова Година-гола вода од ден,од основно школо па наваму.Истите мизерии не очекуваат.Само се надевам дека не постои друг живот после смртта,не верувам дека би го издржал
:kafence:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.440
Поени од реакции
87.139
100 пати поубаво беше кога на аватарите им стававме новогодишни капчиња, а не како сега пола аватар со снег е покриен :facepalm:.
Шики ви посакува Среќна Нова Година, само здравјето нека ве служи, другото се со време ќе си дојде...

Polish_20201229_211243264.jpg
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.032
ДК
За да разбереш колку е се отидено јабана доволно е да ти кажам дека на ЕДО ТВ во моментов има единствена интересна програма организирана од МКЦ. Секоја им чест.. Другите канали пуштени на најјако со турски серии.
Го чекам Александар Велики... Поздрав мајсторе!
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Ми стана некако традиција на 31.12 да пишам некоја кратка лична ретроспектива за годината што измина, во оваа тема. Пред две години како што памтам го направив во форма на топ 5 настани. Лани пишав онака нешто на кратко колку да се пофалам дека таа година ми беше една од најдобрите.

Е сега за 2020, годината што ќе умре за нешто повеќе од три часа, не важи дури ни она „за покојникот се најдобро“. Колку и да се трудам да релативизирам и да се правам дека не беше се така лошо, не можам. Во иднина кога ќе се сеќавам на 2020 нема да ми текне на ништо пријатно. И тоа не само ради ковидот. Да, проклетата пандемија ја диктираше цела година, ама тоа беше само пропратна работа на сите ср*ња што ми се случија годинава. Ова беше година на разочарувања, тага, депресија, анксиозност, моменти на себеизмачување... Тешко е да се најде silver linings во сето тоа...

Единствените позитивни работи на кои во моментов можам да се сетам повеќе доаѓаат како надеж за подобра 2021 година. Се надевам прво дека сите добри и блиски луѓе ќе ја протуркаат годината живи и здрави. Дека професионално работите ќе продолжат да бидат стабилни а приватно ќе бидат многу подобри. Дека повеќе време ќе посветувам на новото хоби што ме прави среќен. И дека конечно ќе може да патувам каде што сакам.

Среќна нова, друштво! Држете се. Се читаме во 2021.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom