Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
ДК,

Фустан си купив, не знам кај ќе го носам ама ептен ме бендиса, и праќам слика на @Agda Beata уште нема да напрај апрувал..

Почнав денес нова работна позиција, и нормално ориентејшн... оток, едвај чекам да влезам во операциона да се остаам.
 
T

Torchyrus

Гостин
Деновиве некако ми се вртат спомени од ноќниот живот во Скопје.
Сфаќам дека уствари без музиката, забавите и меѓусебната интеракција на луѓето, градот за жал не нуди многу...
Мислев и тема да отворам во ноќен живот да се продискутираат интересни искуства моменти и дешавки од проводот додека го имаше... кога го нема, барем да се сподели позитивна енергија од спомените.
Лично за тоа можам да пишувам премногу, а можеби еден ден и книга, две ...три :ROFLMAO::toe:
За оваа Нова Година прв пат планирам да останам дома и да ја поминам со моите.
Требаше и ова да се случи за да ни текне дека некогаш треба и така...
НО, ми текна и тргнав ова да го пишувам за една од многуте интересни забави кои ќе ми останат во сеќавање.
31 декември, станувам во одлично расположение, веројатно како и секогаш :ROFLMAO:
Си правам кафе и неколку труби :smirce: нели Нова Година е... Го продолжувам денот со некој пелниковац и си викам сега шо како.
Друштвото бевме договорени да одиме вечерта Епицентар, денски ништо.
Кога ете ти го ми се јавува Ајзберг ДЈ-от спомнат на темава, кој сега веројатно знаете каде, што, како, со што. Ја само ќе напишам величина од човек!
Ми вика ајде помини од 12 пуштаме во Љубов со Лефанк. Живеев кај соборна на 3 мин. од таму и брзо се нацртав, веќе беше преполно и имаше топ загреана атмосфера, убави и разиграни луѓе.
Ме споија на маса со ликовите што го држеа кафичот, не ги познавав ама ми изгледаа прилично сериозни и повозрасни, воедно отракани и откачени...иста крв во секој случај.
Продолжив со пелин па свртев на џејмисон и веќе за брзо бев лом. Имаше едно ѕвоно, го искинавме од удирање :ROFLMAO:
Кога овие на маса вадат џокац, ееј си викам видии ѝ палат тука директно и се цепе...ама мало тоа кец, кец и пол...
Го снема за секунда, на никој доста.....Така ли... Вадење јас труба нашибана и повеќе од максимално :pos: Кога видоа овие радости се стишува музика па се тропа на тоа ѕвоното, фрлаат пари...страшна работа :pos: Продолжи џокацот низ гостите секаде не се знае кај заврши...:ROFLMAO:
А цело време од шанк две типки, онака лабави, милф, и си загледуваат. Си викам ќе им се ставам, отварање одма муабети заебанции, прво одбиваа пијачка после се опуштија и до толку да излезе на крај дека се УЈП, дошле работно, ама им се засвиѓала атмосферата и си останале.
Не сакам да продолжам да пишувам поеќе затоа што мислам дека ова е доволно :ROFLMAO:АМА поентата ми е и сакам да кажам дека сите сакаат да се забавуваат и на сите им фали забава.
Во секој случај, како и да е, во Скопје не само на ден Нова Година, имало добра забава и ќе има добра забава!
Се е до пристапот, енергијата, луѓето со кои си и нормално музиката.
Доволно е да се надеваме!
 
Последно уредено од модератор:
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
35.141
Драга Кајгана,

Најдов начин како да се заштитам од чипирање. Ова сигурно е успешно и вистинито, го видов на Фејсбук, а таму освен вистина ништо друго не се постира.

 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Кајганке :love:

До сите банки

Крвопијци, бездушници, идиоти и сите пропратни синоними. Како не ви е срам. Да ви се плукнам и во профит и во вашето постоење.
За донација на физичко лице од 500 денари, ти наплаќаат провизија 90 денари (во случајов Уни банка, а ништо поарни не се и останатите).
Да заработат 90 денари од поединец за уплатена донација.
Човек моли бара помош, граѓаните се солидаризираат и кој колку може ќе оддели за да помогне, ама овие мршојадци треба уште и да заработат на маката на некого.
Само во првите 9 месеци од 2020 година, 3 домашни банки инкасираат 67,58 МИЛИОНИ ЕВРА добивка заедно, ама и тоа им е малку и тоа не им е доволно. Не им дава раката да се откажат од провизијата за донации. Ајде да се наплаќа на правни лица, организации, здруженија, ама да наплаќаш провизија за физичко лице кое што бара пари за лекување на дете, лице кое нема кров над глава, не е човечки, идиотски е. Граѓанинот ќе се откаже од 1 кафе и од кутија цигари на пример, за да помогне некому, ама идиотскиве банки никако и никогаш.
Овие луѓе кои молат за помош, имаат документација, се знае наменски за што е отворена таа сметка, зошто и со која цел се наплаќа таа провизија.
Провизијата е надомест за некакво посредување. Какво е тоа посредување штом јас уплаќам пари на наменски отворена сметка за лекување на дете.
Истото се случува и со мобилните оператори:tapp:.

Не ми е мака за 90 денари. Ми е мака, зошто да се профитира на нечија мака, зошто банките и покрај толкав профит не направат една отстапка и да се откажат од 0,001% од својот годишен профит.

И покрај се, донирај те, кој колку може, некому навистина му е потребна таа помош
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.130
Драга

Седам пред продавничка и чекам да се смали гужвата и доаѓа една госпожа во озбилни години, ме погледна само и си влезе, нити да прашам дали и зошто чекам. И се прашувам како да бидам пристоен покрај овакви копита? Па пичка му материна, девет месеци се труби да не одиме во гужви, за девет месеци мечка ке научи како да игра, а луѓево во Севердонија не научија да не прават мешаница и да држат дистанца, еба ти глуп балкански менталитет.

Ке се надоврзам инаку на муабетот на @Darklady, друга категорија на гомна после банките се мобилните оператери, како и државата. Првите од секоја порака профитираат, што и не е страшно како другиве. Имено на секоја порака земаат ДДВ, а ке се прашаме каде оди тоа ДДВ?

Па секако тоа ДДВ оди како и она од плаќање на секојдневни потреби, наместо да направат посебен фонд каде тие пари ке се слеваат за лечење на деца, за жал тие пари одат за плаќање на неспособнава администрација и разноразни "проекти" и финансирања.

И по стоти пат ке кажам, денот кога ке ја напуштам оваа држава засекогаш, ке го славам како втор роденден.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Пред 10 секунди ја видов сликата која е олицетворение на нашето општество. Велосипедист се качува на точак, застанува за секунда да се прекрсти (црква ни на километар нема), и се вклучува во сообраќајот. Со среќа друже, ќе ти треба тука.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Драга,

Прееска на бербер:
Берберот: Кивнува у лакт, ни маска ни бутур на него нормално, Тетово е ова.
Ја: На здравје.. (со пола уста)
Берберот: Хехе фала... Ковид.. хехехех :P се зезам бе хехехе.
Ја:


И така...
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
ДК

Ако донираш во кеш или во биткоин банките не земаат ниту денар провизија. Food for thought
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Драга, ако сакам да пишам туторијал за тоа како најефективно да си ја истолчиш својата празна глава со сопствениот чекан, тоа би биле две јасни слики кои имаат поголема објаснувачка моќ од било кој текст. :)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Не му верувајте на професоров. Ве смета за бели глувци и со кликањето - дислајк несвесно станувате дел од неговиот социјален експеримент финансиран од шел компании на Билт Гејцо.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Замисли, драга брат, сум бил у депресија оти не сум славел Нова Година. :pos: Па добро ма ако ти имаш потреба да славиш вртење на Земјата еден круг околу сонцето јас немам потреба од тоа. Јас само ги сакам журките, без разлика кој ден се дешаваат. :roker::pijani:

Една од најглупите причини за да те казнат твоите е ако купиш од оние малите макарони, а нив не им се допаѓа изборот. :pos:Ова му се деси на другар од средно :tapp::facepalm:
Не разбирам што има за казнување, па тие се најубавите. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom