Кога би се надоврзал на постот од вчера... факинг 10 години модератор. Ме фати некоја носталгија па си го навраќам времето денес цел ден, какви се ликови запознав.
Уште не зачленет меѓу први постови добивам опомена од
@Syn за користење на зборот ши*тар место Албанец. Наредни 2-3 години со никој лично не се знам, можеби со
@Ilumious (илумус бус) од фан клуб Јунајтед и со
@Saber Rider од утакмици на Вардар, иако никогаш лично не се запознавме ама често дискутиравме дешавки од трибина.
По сплет на околности илумус бус ме има предложено за модератор, и за чудо немало приговори па си ја прифатив задачата. Тоа време Вардар требаше да испадне од лига, тензично беше у фудбал па имаше доста за средување. Се договараат модераторски кафани демек таква била традицијата, иако тоа не се деси дур не се убаци и
@Peja989 како модератор. Ликов не го знам иако ѓорчефска фаца, да не речам у комшии ми е.
Има добри 7-8 години од кафанава ама мислам дека беше у дебар маало у Дада. Влагам внатре само 1-2 фаци познати другите се анонимуси. Глеам еден лик ала Страхиња Милиќ (најдебелиот голман на РК Вардар евер) и седнувам до него, а тоа да ти бил Пеџа. Не беше он дебел ама плукнати у фаца. За момент помислив дека Страхиња е модератор.
Кафаната мераци. Сите кул луѓе иако тогаш највеќе со Пеџа и Бидик теравме муабети пошо Пеџа има комплекс од Вардар и Јунајтед.
Бидна што бидна официјално се запознав тука со сите што беа у тоа време модератори. Меѓувремено упознав и други фаци. Имав една бивша и нешто кенкав тука на форумов и ми се избацува една фаца совети да ми дава, си викам види го сеоски Ромео, овој некој мајкоебач пола Скопје го има ебено.
Рибар, советник, љубовџија, шмекер, ебач, чентовец. Сфе. А, после и другар. Со Клипче комуницираме неколку месеци на фејсбук али првпат на ракомет го среќавам заедно со Фросе беа на друга трибина.
Нонстоп праиме кафана и дружби со Пеџа, Клипче и Илумус бус.
Доаѓа време за друга модераторска кафана. Се збираме истите луѓе, плус минус уште некои ликови у Ла Тана. Музиче, ракија, староградско на увце... меѓувремено со Пеџа праиме еден муабет што на крај испадна многу смешен али не е за на форум. Али сериозно мега јак.
@Red John улетува у причава од Прилеп. Се собравме неколку пати у Ајриш пошо беше заљубен у помфрит со сирење. Нонстоп праиме муабети за да идеме сите (Пеџа, Клипче, Илумус бус и јас) на пивофест у Прилеп. Ред Џон домаќин. Пеџа не стига нешто со работа мислам беше (на времето коа работеше на рекорд у канцеларија и урлаше секој ден (го кикнаа хххххх)).
У Прилеп многу добар провод. Со Клипче уште првиот ден вечерта за 1 саат камења се напраивме 5 литра пиво испивме, 10 џоинти издувавме. Лежиме кулираме бог знае каде, Ред Џон и Бус не напуштија веќе и се убаци некој прилепчанец што е наводно на форумов или лошо иам разбрано али едвај се отарасивме од него. No hard feelings
Сабајлето со Клипче први стануваме сфе да му ебам 0 од другар си легна на најголемиот кревет без да праша. Од досада се убивме од тепање со кабли од полнач. Идеме Џон да го провериме, мислевме рација имало легнал на стомак спие у еден кауч со 2те раце зад грб ко уапсен спиеше.
Втората вечер не е за кажување, се деси еден блам Клипче падна у кал али нема везе.
Врска неам дали се ова се дешава пред една фамозна собиранка у Мистик и кај Пеџа дома или ова беше претходно... али собиранката прича за себе. Договорот кај Пеџа у стан ќе пиеме и продужуваме. Стигаме таму, по пат собравме некој форумџии што не ги знаев до тогаш, идеме у станот според планови некои требаше максимум 10-12 души да има. Стигаш таму, цела населба, општина, пола форум собран. Ред Џон испи 2 пива се претставуваше ко Брус Вејн, го носеа на испумпавање. Беше послаб од Интер.
Џонтра имаше легендарен сусрет со блу лејдибаг, искри летаа пошо 10 пати го имаше банирано. Се пиеше некое вино од 30 денари 20 литри, произведено пред собиранката. И ракија таква имаше. За малце и полиција ќе се вмешаше ради една комшика на Пеџа пошо мислеше хулигани ќе ја киднапираат.
У Мистик уште 100 нови фаци, сите кул сите насмеани. Се рапуваше на бонус трака, се јавувавме у Германија кај леандра на ду хаст. Прилепчани скроз откачени, овој Божино сок од морков нарачуваше.
Праиме нова модераторска кафана, у Два Елена. Се збори дека сме играле на 100% те љубам и сите сме ја пееле. Ова дојде само од една бивша модераторка, друг никој не може да збори пошто никој не памти после 1виот саат што се дешаваше. Коп, Пеџа, Клипче, јас и уште 1-2ца ликови заборавив кои беа испивме 10 бокали ракија у 1 саат. Лом, цицки летаа на сите страни девојачко имаше, се тресеа на сите страни. Тука го упознавме Донев, кул дечко ама од тогаш не сум имал храброст да го погледнам у очи пошо стоката Клипче на идење му се исповрати у кола од што беше умртвен.
Да живеат двата елена ама собиранка хаос.
Херој на вечерта беше Пеџа, пошо однел 130кг чоек до дома мртов пијан. Дно човек Клипче. Се исповратил у туѓа кола кај човек што не го знае. Земал микрофон у кафана му го дале отштекан од струја ко на копиљ коа ќе му даеш џоистик на сони ама не е поврзан демек и он игра. Пеел, урлал, затворил кафана.
У овие 10 години испуштени се многу ликови да се спомнат, многу се. Со некои од нив на дневна база комуницираме секој ден. До ден денес другари, и на утакмици, и на фајнл фор у Келн, и по кафани. Имало тук таму и некој лош лик, ама овие луѓе оставиле посебен впечаток вреден за спомнување.
Било што било, другарството пред се ќе продужиме и понатака. Криво ми е што се немам запознаено со некои ликови као на пример
@Zlatikevichius колегата што исто толку го поштува Алонсо и е бог во Филм и ТВ.
Ме фати носталгија искрено за квалитетна дискусија, за квалитетни членови. За денови коа си скапан од работа и ти доаѓа да седнеш малку да избистриш глава, да ставиш кафе и да изгубиш некој саат читајќи на форумов.
Нејсе, се на се супер 10 години, фала за убавите спомени и се читаме во поопуштено издание без обврски.