Драга,
Една недела бан.
Една недела треба да го читаш форумот без да си логиран.
Тоа значи дека при скролање низ очи ќе мора да ти поминат постовите на игнорирани членови.
Ова не го посакувам ни на најголемиот душман.
Друг помал проблем е што кога не си логиран не можеш да ги отвориш прикачените документи (пример
@Acid што ставил за Анчо скриншот, не можев да го отворам).
Трет помал проблем е што не можеш да се одјавиш кога си баниран, па мора да бришеш cookies или да отвораш друг browser.
И сите овие проблеми би се решиле со едноставна опција да можеш да го листаш форумот дур си баниран и секако да не можеш да пишуваш.
Ама, кој да ти кааааажееее
Иииванаааа Xeeenforoooo...
На крај би сакал да те поздравам со една од причините која соодветниот и објективен модератор
@Донев ја навел во казнените поени кои ми направиjа fatality и добив автоматски бан: „дава лажни информации“.
Знаеш која е лажната информација?
На еден што прашуваше „дееечкии дали е изгласано во кафана да не смее повеќе од четворицааа pls odgovorete???“ му пишав „да, изгласано е“ иако не беше.
Е тоа било лажна информација. Со таа моја лажна информација човекот ќе го лишев од социјална дружба со повеќе луѓе со можност за закачување корона.
Многу штетни лажни информации давам, драга.
Се надевам ти ќе ми простиш кога веќе твојот модератор не може...