Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Утре ми е последен работен ден.....од вторник сум на годишен одмор. Секогаш преферирам да користам годишен одмор во август, тој период од годината за мене е најубав за да поминам три недели на море во Грција.....едноставно полнам батерии и се враќам свеж, рестартиран и подготвен за работа.
Направен ми е редовен сервис на кола, па дури и зелен картон и извадив во март, ја обновив меѓународната возачка....некако не очекував дека сето ова ќе отиде предалеку.
Овој пат поради ситуацијата за прв пат ова лето останувам во Македонија.
Долго време се надевав дека ќе можеме да летуваме во Грција, па макар и со ПЦР тест......сеуште се надевам, оптимист сум како човек....дека можеби од септември ќе не пуштаат....но надежта некако се повеќе и повеќе ми се губи.
Ги прежалив парите платени на кампот за приколката која ја поседувам таму и покрај тоа што оваа година фактурата беше повисока од изминатите поради дезинфекции на кампот. Мојата приколка е празна и најверојатно таква и ќе остане оваа година.
Едноставно тоа е....се помирив со тој факт.
Не сум по езерата, но ги сакам планините, природата. Ке се потрудам ова лето да ги прошетам убавините на Македонија, за кои се некако не сум имал време...за жал.
Ке определам еден период прошетки низ источна, па низ западна Македонија....се надевам ќе си поминам убаво.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.953
Поени од реакции
17.715
Хахаххахахахахахахахахахахахахахахахахахахахахахаххахахааххахахахах



Кои се дадичкиве од видеото :icon_mrgr:
 
J

joli1

Гостин
Најлесен начин да ми се згадиш и да направиш да те сметам за фејк личност е да се смееш вештачки (поготово ако тоа го правиш гласно).

Како бе некој може вештачки да се смее? Како бе? Па да ти еб*м се, ај глуми емоции, глуми дека си тажен, глуми дека си нервозен, ама да глумиш дека нешто е смешно? Па единствен да сум у група луѓе што се смеат, ако не ми е смешно нема ни да ја раширам устава во насмевка, а не па хистерично и вештачки да се смеам на тоа.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.645
Поени од реакции
27.957
Денеска,на овој празник може секој да се увери дека "дел од граѓаните" кои се околу 20% создаваат околу 90% од проблемите у државава.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
гледам уште објавуваат полтрончињата вести од сменето улично светло во Припор а тие уствари живеат во Радовиш.
Партискиот кринџ продолжува...
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
Драга,
ме снема некое време, ама решив да те посетувам кога ќе имам време. Слушнав дека и Џонтра се вратил, што ми е многу мило.
Поздрав
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.431
Поени од реакции
19.612
Драа

Иду ја да купу мало тегличе песто сос у локално маркетче,зиам га тој прво од рафт,блицнуе ми инстант мисла, викам си абе да зему некое тегличе од позади.Абе што ми е, не е овој пиво па тој позади можда би било поладно или антипреспирант,прф на рафт има шансе да су га прскале за пробу.Иду дома сфе најнормално,тегличе стои у кујну,врткамо се по дома сс моју лепшу половину и дојде време за ручак,отфарам га теглличе,глеам дека веќ е отфарано,одозгоа сс прс некој пробаја, ааааа викам си женски гз стрван недочека ручак за да га проба.Дојде и она у кујну,праимо га ручак заедно,седнасмо ке едемо,наедесмо се и почнаасмо да га чистимо астал и викам јако овој песто еј,добро е и сами да си га праимо,л'сно е,ама јебига друг пут,а ти си га пробала прееска а?
Мртфа озбиљна вика не. : O
Озбиљно? Цццц некој у маркет, отфорија си га да си проба дали му се сфиѓа,да не купуе за џабе, па и малце скупичко е за туј грамажу. Не ми се веруе, како може еј,без разлику што е овај вирусна ситуација, па не е хумано еј,не е хигиенски,овој се коси сс здраф човечки разум.Без прс да останеш кој и да си! Или боље без език, да не моеш да осетиш никакаф укус више!
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.607
Поени од реакции
34.798
Кајг,
сирот архитект Грчев, скроз забегал, не може да се помири дека не му е поверена задачата на Скопје 2014, само тој архитект и никој друг, не бил консултиран, не решил тој, па тој е од светски глас бреее архитект, па наместо да гради и да проектира, се даде кон рушење, како нова архитектонска гранка, сега све ќе руши како да е Скопје негово, фрустиран до коска, а богами и да вреѓа, ваков интелктуалец на јавен медиум да каже „ретардиран народ“ затоа што има поинакво мислење од него/
...извини вака, професоре, не вредиш пет пари веќе, едно време арен си беше!
П.С.
ама знае да ја офарба косата со светло кафеава кон кака боја, па одозгора фениран онака прохујало са вихором, а мејкапот слаб не му покрива, фраер ејј!:love:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Благодарен сум што @Anon не е фан на Арсенал. Тоа ми е единственото место да седам на раат на форумов, а да не гледам со кој се закрварил. :D
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.645
Поени од реакции
27.957
Да одиш низ Порта Влае и да ти претрча од преку Партизанска верверица пред нозе :( Па нормално кога 10 згради дигнаа за година дена,све пореметија се да им ебам.Што ке им се паркови на гнасните луѓе кога може на компјутер да дремат 24/7 Да цркнете со фаца залепена пред компјутер гнасотии,у ова сивило,у ова море од бетон ви ибам матер безгрижна и безчуствителна на сите да ви ебам
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Драга,

Има ли нешто помизерно од човек кој кога нема валидни аргументи во расправија на било која тема, преминува на бојата на косата на соговорникот, запирката дека ја ставил на погрешно место или дека бил стар па не знаел што кажува?
Има ли нешто помизерно од тоа кога четврт-образувани луѓе со умови затворени во она жолтото од играчката од киндер јајце ќе почнат да мудруваат за напредок и естетика, а психофизички подалеку од нивното фигуративно село не излегле не затоа што не можеле туку затоа што не сакале? И викам фигуративно село затоа што, драга, сељак не е исто со селанец.
Колку ли се животите на ваквите персони празни, несреќни и ограничени за целото свое време да го поминуваат во такво расположение ширејќи таква смрдеа низ светот?
Треба да нагласам дека ми се реторички прашањава и дека сите сличности со реални луѓе, места и настани се случајни?
То е:toe:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.779
Поени од реакции
33.565
Драга,

Ја знаеш онаа состојба кога сонуваш нешто, а истовремено знаеш дека спиеш и сонуваш, а не можеш да се разбудиш? Како некое бунило меѓу јавето и сонот. Деновиве во Скопје, сред бел ден се чувствувам баш како да сум во таа состојба. Сега го разбирам Влада Урошевиќ кој во ,,Вкусот на праските" опишуваше едно Скопје, во едно несреќно лето, каде заради испарувањата од асфалтот воздухот го населуваат демони од други галаксии, и каде секој халуцинира!

И мораш да се движиш по малку, да не се залепиш за асфалтот и да сраснеш така како уште еден, илјада и прв споменик.

giphy (1).gif
 

Kajgana Shop

На врв Bottom