Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.329
Поени од реакции
6.225
a man ain't a man unless he's fought the fight.
Од песнава извадено.


Еден од поомилените бендови ми се Kings of Leon.

Ја своето го направив, можам и повеќе, можам и подобро, значително подобро, ама на крај кога знаеш дека не вреди ништо, тогаш не е ни битно дали ќе биде направено сѐ.
Една изгубена битка не значи изгубена војна, идеме јако :))
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Прва вест што ја прочитав денес е дека „Тврдокорни“ добиле дозвола за протест против коронавирусот, карантинот, 5G мрежата и вакцините. Машала... И ме стави на мисла, оти па ја да не соберам некоја група и да побараме дозвола за протест за итно одржување концерт на Перо Деформеро, изградба на споменик на Курт Кобејн, забрана за продажба на бурек со урда и воведување казна општокорисна работа за секој сељак што го има испринтано логото на Brazzers на колата? Секако барањата ќе бидат и пологични и повеќе здраворазумни...
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.402
Поени од реакции
9.256
Драга Кајгана.

Се најадов денес уште од сабајле месни нарезок, не знам зошто луѓето мрчат дека се штетни работи како паштетата и виршлите кога откако знам за себе само ова јадам. Вчера за ручек направив виршли со помфрит, сега се натупанив со нарезок, а за ручек ќе каснам паштетче. И еве ме здрава, права, енергична. Џабе видеа каде што мелат се живо и диво од очи, уши, нозе и газови на животни за да направат виршла или паштета, не е вистина, еве можам комотно да се пријавам во некоја емисија каде 30 дена ќе ги јадам само овие работи и ќе докажам дека на крај не само што нема да биде влошена здравствената состојбе, него ќе ми биде и подобрена. Алфа- липоична киселина која ја поседуваат ќе ми ја стабилизира состојбата со шеќерот, што значи после редовно јадење на овие производи шансата да станам дијабетичар е 0, енергијата која ќе ја имам после 30 дена поради Б витамините застапени кај паштетата ќе биде рамно на испиени 20 ред були кои патем прават лошо за вашето срце, а месниот нарезок го ојачува срето, па сега видете си со што информации ве трујат, намерно за да имате слаб имунитет и да бидете подложни на болести. По една паштета на ден и короната бега како лепрозен.

Штета што само јас во ова верувам, а џабе го кажувам кога немам истомисленици. :(
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.329
Поени од реакции
6.225
Си работам на работа, слушам радио.
Додека си седев ми врти у глава "Deep blue something- breakfast at Tiffany's" завршува рекламата и ја пуштаат песнава одма....
Па на 5фм коа порачуваме повеќе време се чекаше да ти ја пуштат..... До кај се нема да стаса технологијата, првен патики ми испаѓаат на фејсбук секој ден сеа и песните ми ги погодуваат.
Инаку слушаме германско радио, 90s90s hits.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.402
Поени од реакции
9.256
Драга разочарана сум.

Долги години имам симпатија од форумов. Во овие долги и тешки години сум го поддржувала во се. Лајкови на сите постови, секогаш индиректно ја покажував мојата љубов, никогаш не бев нападна да замарам или да пишувам пораки, секој негов пост за мене беше како заповед, слепо верував во се што ќе каже, да не бројам се, да кажам најсвеж пример, ете го поддржав и за паштетите и виршлите иако мразам паштета искрено. И виршли. Јадев само за тој да ми обрне внимание, да види дека има истомисленици и да се заинтересира за мене. Му понудив превоз кога велеше дека нема кола а сака да оди да се слика за на инстаграм, пари немаше да му земам, ќе го сликав со мојот мобилен со јака камера, пишав, постот го пишував пола ден, размислував за секој збор, да не го повредам некако, да не се осети помалку вреден ако му понудам превоз, ако му побарам пари за така да не се осеќа да не помисли дека сум само за корист, кога на крај го споделив постот и се тресев од помислата дека ова сигурно после толку време ќе биде нашата прва средба тој не ми стави ни лајк. И после се ова што се случи за два дена а замислете како ме третирал сите овие години јас сега читам пост од него кој почна со "возам денес накај град"... Возиш? Имаш кола? Зар сите овие години љубов од моја страна не беа доволни барем да ме почитуваш малку за да не ме правиш будала тука пред сите?

Нема веќе поддршка и лајкови.
А пораката што ми ја пиша кога ми побара предлог филм а јас три дена составував листа и ти ја анализирав личноста подобро за да знам што сакаш и што да ти понудам, и ти пратив 20 филмови што сметав дека ќе ги гледаш или пак очекував барем фала, јас будалата не само фала што не добив, те следев на леттер, ни еден филм не си изгледал, а јас пораката ја урамив над креветот. Ќе оди во корпа сега и ќе ја избришам од пораките.

Од денес ќе видиш каков е животот без мене на кајгана. Знаеш, нештото се цени само откако ќе го изгубиш. А ти мене ме изгуби засекогаш! Игнор и блок.
 
Ф

Флеш

Гостин
Драга

Куманоец ставиле за администратор и се замишља,Талибанец е у Авганистан са тие копчиња црвени за нуклеарка .....

Вчера играме кантерајка и еден Партизанец од коа е на високу позицију,навика му стана да ги рчка тие копчиња .... Сме му биле курнази,го цитирам лично ....А самиот не е :nesumjas:

Му пречело ако сменимо мапу коју нечеме , следело бан .... Ако не сме од исто село,му пречело Горанчо шо е од Пробиштип и Барбарево ....

Абе тука имаме класичен кумановски Талибанец .... Се осеќа ко другар му Спасовски ....

Одозгора го рчка и Агдето .... Нема крај на работава .... Дуле Савичч .
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.589
Поени од реакции
38.736
Кои клошари се бициклистине, мислат кола дека возат па цел пат за нив е. Ќе те изнервираат онака беспотреба, си решил денот да ти биде убав си се возиш и некое магаре вози на сред пат уфилмано дека е на тур де франс.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Кои клошари се ова автомобилистиве,мислат кола возат па може да возат со 300,да се пентарат на тротоари,да не почитуват пешаци на пешачки и тн.Ќе те изнервираат она беспотребно,си решил денот да ти биде убав си се возиш и некое магаре уфилмано вози ко да е на Наскар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom