Драга,
Работам со Амери последниве две-три години и пошто муабетиме по телефон, често добивам прашање Вер ар ју фром? И сите ми имаат таков впечаток оставено дека ги нервирам со акцентов. Обично мислат дека сум од Русија, а еден еднаш ми рече сум бил од Молдавија. Еј, за Молдавија слушнал.
Нејсе, си имам една стална клиентка што бар еднаш неделно ќе се јави и секогаш е фина. Еднаш ми вика, ако некој те изнервира денес, знај дека мене ми го разубави денот. Скроз е срцка и денес ми вика, може да те прашам нешто? Од кај си? - ми вика. Многу ми се свиѓа твојов акцент. И викам Балкан, Европа. Ми вика кај е тоа, близу Туркменистан?
Ај што ми ја стопли душава со убави зборови, па и ме насмеа.
Ех да се сите клиенти така фини и културни.