Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.488
Откако пишав таму кај фраерите, немам мир од пораки од други фраери со слики за анализа. Станав кајгана експерт за анализирање и мислам дека доволно беше промоција и бесплатни анализи, па и стекнато искуство и од денес наплатувам.

Ќе пишете прво дали имам термин, и ако сум слободна ќе се договориме за сумата која ќе варира зависно од сликата, колку повеќе е покажано на сликата, толку повеќе ќе биде сумата, пошто логично има повеќе работа. Ако во моментот имам други клиенти, ќе закажеме термин за кој ќе треба капар. Ќе ви пуштам трансакциски број, и кога ќе ги видам парите на сметка, за рок од два дена од кога ќе легнат парите, ќе добиете професионална анализа на вашите слики.

Ако веќе сте биле мој клиент, следната слика ќе биде со 50% попуст. Ако некој друг ви рекол, или други (повеќе од 5 души и мајка и баба не се прифаќа) дека сте убави тогаш и од прв пат имате можност за плаќање на пола цена, ама со услов да пратите слика каде што се гледа фацата. Јас го задржувам правото да одлучам дали сте убави или не и која сума да ја наплатам.

Засега немам можност за плаќање на рати, ама има простор за меѓусебен договор, доколку се работи за повеќе слики и поголема сума...

Ви благодарам, ваша Надеж.

Понатаму, следуваат изненадувања, попусти и награди.
Ве очекувам!

ДООЕЛ.НАДЕЖ-КАЈГАНА
Професионална анализа на слики "НАДЕЖ"
Надежда Х. 074/140-041
поштенски код 0069
Кајгана

Само денес:
*Лајкни го постот, сподели го во друга тема и утре во истото време ќе изберам еден среќник од вас што ќе добие бесплатна анализа!
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Си програмирам на компјутер и за време пауза реков да кликнам и да ги платам сметките. Но овој месец не само што ги платив моите, туку и на мој многу близок роднина. Тој за жал ја загуби работата пред речиси два месеци поради корона кризата и сега е без работа а истовремено е самохран родител. Ми се темни и многу ми е жал за сите што се во ситуација како неговата, а знам дека ги има многу.
Од друга страна се радувам што сепак сум во можност да помогнам кога некој е во таква ситуација.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.330
Поени од реакции
10.202
Откако знам за себе, секогаш живеам во тешки времиња. Никогаш во НАЈдобри:(

Таква ми е, најверојатно судбината!
И секогаш тоа беа " тешки ", "наjтешки", "последни времиња"..е веќе вака неможе..времиња....
И секогаш беше скапо, најскапо...никогаш ништо ефтино...
И секогаш нешто немало...некогаш нешто, некогаш ништо....

А потоа доаѓаа уште полоши времиња, па тие што ни беа " најтешки", после десет години ни стануваа "СТАРИ ДОБРИ ВРЕМИЊА" :)
 
Ф

Флеш

Гостин
Дечково е поголем Вмроец од вас,господине Жмицко,да си знаете ....

Мачедониш до Јамајка ....:oeoeoe:

 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500


Oд кога е задолжителнава работа од дома се фатив дека сум на лаптопов по 12 саати на ден и имам проблем да станам во 7 сабајле а од октомври натака станував во 6:30 секој ден без исклучок. Иако кај мене на работа имам опција да работам од дома и од поодамна, опцијата ја искористив еднаш за речиси 10 години баш поради ова. Сите те знаат дека си дома и само стигаат мејлови и од што имаш изградено професионалност да не оставаш незавршено, си продолжуваш да си чепкаш. Ти треба помош од колега или ти му требаш на него, ќе седнете на ПЦ, ќе средите.

Сега ѕвониш на Скајп, зборите, поминува мотор, камион, извини не те слушнав ај пак, па интернетот паднал на некој од двајцата па ај чек пак шер скрин :facepalm: :facepalm: Пред тоа завршуваш на работа, затвораш лаптопот и крај на муабетот, освен нели ако немаш деплојмент/рилис во 4 сабајле мада и тоа е интересно, се осеќаш како криминалец :icon_lol:

On the plus side барем го искористив времево да учам за еден сертификат (благодарност огромна и јавна до @Lester Freamon кој ме снабди со материјали) и секое учење за нов сертификат си се прашувам себеси зошто побогу завршив факултет ама ајде да не ја отвораме таа врата сега.

BTW @Гладиус секоја пролет армијата вежба во Ѓорче, само сега е закаснето поради коронава инаку до април имаа завршено со вежбите. Штом почнаа со истрели, чекај и хеликоптери деновиве. Ти го пишувам ова да се навикнеш :D
 
Член од
25 август 2019
Мислења
265
Поени од реакции
501
На крај испаѓа еднаквост бара само тој што губи. Тоа му доаѓа нешто како фудбал, тој што губи сака да изедначи, па одкако ќе изедначи да поведе.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Пред 7 дена успеав да го убедам најдобриот другар да не ме разубедува за една идеја која и мене ми изгледаше на почеток лоша ама решив ради некој инает да ја истерам до крај. И не само што се’ испадна подобро од што се надевав туку за седум дена ми се случија толку работи и толку твистови на кои и една солидна серија може да им замери. Сега буквално се осеќам како некој сценарист да ми го пишува животот а јас само да гледам отстрана и да чекам да видам што ќе биде следно. Мада поучен од претходните искуства ми се чини оти на крај работите пак ќе се вратат по старо и пак ќе си го тргам досадното секојдневие... Ќе остане оваа недела убава приказна што ќе ја раскажувам во наредните години... Јбг, и Крушевската република траела само 10 дена...
Продолжение од претходниот пост... Како што мислев, заврши една од моите најчудни епизоди... Ваков ролеркостер од емоции сум немал одамна... Недела дена излез од досадното секојдневие, убави моменти кои дојдоа од никаде, па и по малку живеење во фантазии... Одложував колку што можам ама сепак брзо мораше да дојде крај. И испадна по малку трапав крај, ама не и лош. И сега пак назад во реалноста. Уште само да минат овие денови на привикнување кои изгледа нема да бидат ни малку лесни...

Се работи за ептен приватна работа и повеќе нема да раскажувам само ќе кажам дека извлеков три поуки оваа недела:

- Ако имате ентузијазам за некоја работа, направете ја. Некогаш пријатно ќе се изненадите.
- Ако нешто ве прави да се чувствувате добро, уживајте во моментот. Дури и кога знаете дека скоро ќе заврши.
- Ако мора да дојде крај, потрудете се колку можете да биде по ваша мерка. Нека биде мирно слетување а не паѓање...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
неам пишано ваљда одамна у темава, не ми се дешава нишо па ваљда затоа, него братучед ми шо сме лепенка за први мај имаше бесна забава со бугарски шлајм до не знам кое време па коа мајка му ги опомена да намалат настана општ хаос, пцуење, мавање со влечки, она ли мене ќе ми се понаша така на 35 години, го фураа другарите да не и ќути, абе тотален хаос ама навикнат сум пошо си се таква фамилија и таман ја подзабораив таа дешавка, праам рефреш сеа на фб и ми искача ова

1588808696936.png

до утре може да пишувам луди дешафки за жика а.к.а живец, семенче ти ебам јас тебе, редно време беше и тебе некој да те изнервира после хаосот што ми го приреди пред 2-3 недели стопан еден, земал ликот пред 2-3 недели коа заврна малце и температурите паднаа од 25 на 18 степени у сред ден шо би се рекло, му застудело и опалил огин запалил ама нели си се преселил на приземје и тоа ќумбето не го поврзал со оџакот како шо треба него си напраил дупка у ѕид и стаил лула од таму и сеа си седам јас, си работам, врата од балкон отворена и глеам нешо почна да ми мириса на запалено, си викам отиде све ова тука шо поврзував 300 кабли за да работам од дома, да ти ебам и работа и све и ај викам чек да искочам на тераса да видам нешо околу да не гори и шо да видам, ЗАПАЛИЛ ОГАНОТ, ЛУЛАТА СВРТЕНА НАКАЈ МЕНЕ У ПРОЗОР, ДИМИ КО СНУП ДОГ И ВИЗ КАЛИФА ДА ДУВААТ ЗАЕДНО и се пренервирав, викав од тераса ама каки курац одзивање, нема тука ништо и сеа викам шо да праам, кружам у соба, нервозен вкрај и го глеам онлајн на фб, е дојди сега сфе да ти ебам јас тебе покварено, и зиам му пишувам АБЕ ЖИКА ЧОЕК ШО ПРАИШ БЕ СЕ УГУШИВ ДОМА, НЕ МОЖАМ ДА РАБОТАМ ДАЈ ИЗГАСИ ТОА ЌУМБЕТО ДА ТИ ЕБАМ ПИЧКАТА МАТЕРНА ЈАС ТЕБЕ и ми вика "абе хахаха ќути магла е, еве и јас луфтирам" и збеснав тука и му викам абе прај шо сакаш, јас не можам, сфе ми иде дома у соба и добив едно "JASNO MI E FILJO"..............


Супер карантин, ае зз.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.821
Драгано, Ја сум за воа поицискио чаш да продуже доживотно од 10 навечер - 6 сабајле.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.030
Поени од реакции
1.149
Немам играно лото едно 3-4 години можеби, е сега во последно време само редовно следам на интернет старницата на лотарија кои броеви се извлекуваат, колку уплата има по коло и така само следам.

Порано се уплаќаа нешто над 2 милиони денари по коло, сега за вчерашното коло накај 4 милиони се уплатени ( ваљда народот бидејќи нема кладилница сега уплаќа лото.

Оно што ми падна во очи, вчерашна комбинацја е: 2,3,4,5,6,7 и 30.

И дури 166 има тикети одиграно со оваа комбинација, така барем во резултатите пишува.

Играат луѓето луди комбинации.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Дир К. пробав да си го најдам старото сликиче со златниот Буда, ама не го најдов.....овој мава на месинг повеќе, али нема везе.....важно е насмејан.....тоа и ми фали у задње време....
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
705
Поени од реакции
2.120
Драга

Се молат модераторите да не се понашаат со своите членови како двајцата насилници со девојката од Штип... а членовите се молат два пати да го прочитаат напишаниот пост пред да кликнат "испрати"!!!

Во интерес на сите.
Благодарам однапред.

:love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom