Грета
Замислата и целта и е супер, меѓутоа оди во погрешна насока и нема да постигне ништо.
Грета е гневна затоа што сака да остане на школо а не да зборува пред конгрес. Да, точно. Грета треба да биде на училиште, да научи дека со просечните примања на еден човек, е невозможно да си дозволат повеќето да патуваат до Америка со крузери и јахти од 4 милиони евра, бидејќи нема секој просечен човек позната и богата мајка која е оперска пејачка, која има врски со агенција која може да и снабди јахта од 4 милиони евра.
Сите сакаме да дишиме чист воздух. Освен Кина. Која е најголем загадувач во светот, меѓутоа, ајде па ќе им лупнеме тужба на Франција, Германија и други западни земји, иако се најпрогресивни во носење одлуки за намалување на загадувањето.
Грета е гневна затоа што 'богатите' и го земале детството. Не, тоа е мајка и, со помош на нво.
Ова што Грета го прави секојдневно е тешка работа. Секој ден дава интервју, зборува со ОН, зборува со конгрес на САД, нон стоп дава говори. Се надевам барем работава е платена и нешто ќе остане за неа.
А што сменија нејзините говори?
Неколку деца не одеа на училиште неколку дена, неколку лајкови на фејсбук од хејтери и подржувачи и... вајда тоа е. Скептик сум. Не верувам дека луѓето ќе се откажат од комфорниот живот за планетата.
Би сакала да видам Грета да ја начне дебатата за најголемиот загадувач на земјата, неконтролираниот наталитет на Азиските земји, меѓутоа, тоа е забрането за у јавност, не собира доволно медиуми.
Грета е дете кое што допрва треба да учи работи за светот. Не ја мразам. Се согласувам со неа за некои работи. Не ми смета. Ми смета што ја злоупотребуваат, поготово кога е девоче со ментално нарушување.