Драга, уште не можам да се изначудам каква стока од народ сме...
Сум била сведок на секакви расправии при чекање во редица, почнувајќи од супермаркет, па се' до врвот на расправиите денес при чекање редица во црква. Резили.
Толку беа гласни расправиите што цела црква ечеше - кој прв дошол, на чие лепче прво треба да се крене пресвета, кој бил постар па имал привилегии за преку ред. И тоа траеше, и траеше... што попот го прекина пеењето и објаснуваше како џабе и лепче и пченица кога не почитуваат каде дошле. Ама на кого да објаснува... не се ни доискажа една го прекина: Па нели јас имам предност, како може оваа пред мене да оди? Јас 20 минути чекам, до кога ќе чекам?
Попот продолжува со пеење, друга пак го прекинува: Само да те прашам нешто (сите само прашуваат нешто нели), само да те прашам, јас дојдов пред нејзе, како може она пред мене да заврши, нели треба јас да сум прва?
Расправии како мали деца да се, па и бетер. Не знам што толку ќе им сменеа тие 2 минути во животот. Утре истите тие ќе ги слушам по автобуси, како омладината не била во ред, немала никаква почит кон постари лица. Истите тие што се жалеа како се многу стари и треба пред сите да одат, ќе се потепаат во автобус да седнат на празно место. Срамотилоци живи.