Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Многу работи станаа статични и непроменливи, делува деке се е монотоно во општеството, што би кажал Бора Џорџевич: Купим новине, свеже издање када оно опет исто срање.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
рандом фуфа пред 5 години - Hhh sto si kupila takov sat Garmin maski sat e hhhh
истата таа фуфа денес но со Инстаграм кариера - po6to Garminov cena????
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Само кај нас може на свадба да се пуштаат песни како: "Збогум збогум" "Бојана збор дава за момче што не го сака" "Сам сам" "Да раскинем са нјом".

Стварно ми нема смисла,уште па сите скокаат и играат.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.600
Кеј некни ми соопштија многу лоша вест. Знаеш онаа ситуација кога слушаш како разни лоши работи се дешаваат кај луѓето, и некако сочуствуваш со нив но во ниеден момент не помислуваш дека истото тоа може да ти се деси тебе? Епа ми се деси.

Си седам дома онака релаксиран, последни денови од одморот, иде Ливерпул - Арсенал на тв, јас вадам од кутијата огромна капричиоза и феноменален кечап, кога мајка ми задишана цела од жешкото влегува внатре треска по врати ме бара и кога ме најде само изусти .. "Знаеш шо? Наредното лето ќе бидеш кум, сега ми јавија".
ЈАС шо најмногу на светот мразам свадби и целиот кич шо го носат со себе, и размислувам и на мојата дали да одам, сега треба да бидам цел ден на една и тоа не како обичен гостин туку како нешто полошо, како кум. :( И сето тоа оти баба ми и дедо ми пред некои 40 години таму направиле "пакт'' со некои незнам кои не ги ни познавам, и еве некоја глупа ебена традиција на мене почнува да ми создава анксиозност уште сега. Па и уште во јули ќе била свадбата, феноменална комбинација од двете работи кои најмногу ги мразам. Свадба и 40+ степени.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Оној статусот што деновиве се шири по фејсбукот, каде граѓанството со копи-пејст текст забранува (пази они забранувале а не ги ни прочитале условите кога се регистрирале на мрежата) фејсбук да им ги користи личните податоци.

Е па изгледа целата вест е некаква голема лага, а т.н Римски статус на кој се повикува текстот воопшто не се однесува на лични податоци или интелектуална сопственост.

Уште потрагично е што овој текст го споделуваа и објавуваа т.н интелектуалци, политичари, судии и слична багра која барем теоретски треба да е малце попретпазлива и попаметна од просечниот фејсбук корисник.
 
Последно уредено:
Член од
27 јануари 2018
Мислења
375
Поени од реакции
1.231
Многу е убав животот без социјални мрежи, се чувствувам исполнето и смирено, спокојно.
Уштте поубаво е кога на работа колегите те сакаат и ценат, те засмеваат секогаш и ти го прават секојдневието поубаво.. тој посебно, мило човече со интересна смисла за хумор. Добро е да има човек такви личности во својот живот.
Направив и многу промени кај себе, свртив нова страница, убаво ми е.

Толку за сега.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Приказнава ја опишува состојбата во Македонија последниве неколку години

 
J

joli1

Гостин
Искрено се канев да го напишем постов уште многу поодамна мада увек полунапишан ќе го избришев бидејќи анонимноста на форумов ми ја носеше у прашање.

Прошлата година, ноември, градот во кој што живеам беше како и секогаш енормно загаден. Секое утро кога ќе ја затворев влезната врата од дома и ќе го извадев клучот за да ја заклучам ќе ме пресечеше во грло еден гнасен мириз кој се провлекуваше од надвор преку прозорите во зградата. Исфрустриран од тоа што некој си игра мајтап со здравјето мое и колективното здравје, еден ден во училиште разговарав со поголем дел од професорите и со скоро сите ученици од македонските и албанските паралелки и дојдов до конклузија дека сите сме лути, но и дека треба да се превземе нешто во врска со тоа. Решив да организирам протест самостојно, без да инволвирам други ученици за во случај да има притисок и реперкусии јас да бидам тој што ќе ги сноси. Така и се случи, почнав да ги организирам средношколците, протестот пополека почнав да го спремам, разговарав со голем број сограѓани од кои добар дел од нив ми рекоја дека не можат да присуствуваат поради обврски итн.

Почнаа и првите притисоци, закани по мене дека ќе бидам исфрлен од училиштето (тогаш бев 4та година), добив 5 писмени опомени и една пред исклучување од училиштето, одредени професори кои ми рекоја дека ќе ме подржат го правеа спротивното, намерно ме саботираа на предвремено свиканите родителски состаноци (ден пред протестот) и лажеа како ,,некој со српско презиме пробува да манипулира со децата'', ,,протестот е политички'', итн. Полиција ми дојде дома у 12 саат навечер, пола комшии од спратот гледаа и се чудеа.

Во три дена имав спиено сигурно само неколку саати додека ги финализирав подготовките и покрај сите притисоци врз мене протестот се случи. Нашата градоначалничка која патем не живее во нашиот град и има мултимилионски (во евра) недвижнини во градот не не ни ислуша, па не се ни појави дури на работа тој ден. Протестот резултираше во уште повеќе протести низ цела Македонија, Меџаши се огласи, медиумите секојдневно говореа за аерозагадувањето итн.

Сега, постов го пишувам пошто за три месеци и два дена е ,,роденден'' на првиот текст кој што го постирав на фејсбук во кој што повикувам на излезеност и ги објаснувам мотивите и барањата на средношколците. Сега, за точно три, четири месеци ќе биде пак иста песна, градот ќе смрди, а управата на градот и надлежните ќе ги боли пени*от за тоа дали вие дишите чист воздух или дали ќе умрете 20 години помлади како резултат на аерозагадувањето.

Едно големо фала до ОДРЕДЕНИ професори кои што у тајност ми потврдија дека ќе летаат од работа у случај ако се појават на протестот и за тоа што не ни го саботираја протестот, едно големо фала на другарите и другарките од генерација и помали што и покрај сиот притисок и реперкусии кои што ги сносевме излегоја и кажаја на цел глас што мислат и ја исполнија својата граѓанска должност.

Среден прст за сите квази професори влезени преку партија што лажеа по родителски, по мобилни телефони инструктирани од нивните матични партии, среден прст за управата на градот, среден прст за Владата и за сите оние кои што ,,имале обврски" па не излегле на протест, а ќе се жалат пак зимава.


 
Последно уредено:
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Драга,
ја живеам последнава недела во градов.

И позбунета не сум била многу одамна.
Какви се мисли не ми се вртат низ глава, апсолутно нема нешто што ме смирува освен сонот.
Само кога спијам не мислам.
Чим отворам очи, there it is - 300 на саат.

А за тоа што мислам, ех некако да имаше некоја направа да ми ги слуша мислите и одма да ги куца, да не морам јас тоа затоа што такво хаос тешко дека ќе можам да го преточам во зборови.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Среќа што постои YouTube па да може да се потсети човек колку истрипана деценија беа 90-тите. Каде во друг период ваква песна и спот би се сметале за нешто нормално па и би биле хит?

 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Драга,
Сцена во пасошко во МВР. Пред кабината до мене стојат мајка и син, синов некаде 18-19 години.
Почнува синот со едно плачливо гласче: Мамо мааааа, си земала погрешен формулар, види овде што пишува дополнителни документи се бараат...
Јас се чудам можно ли е полнолетен човек таква изјава да даде, го видов кога влегував, личеше на возрасен човек. Се свртев - тој е, можно било.
Мајката загрижено скокна и го проверува формуларот во паника додека синов беше на раб на солзи.
Синот продолжува нервозно ама уште плачливо: Мамоооо, зашто вака ми праиш стално, види, овде треба да има потпис на подносителот.
Мајката го теши: Добро, добро, ти си подносителот, еве, потпиши се, еве ти пенкало.
Тој нервозно го зема пенкалото и се потпишува како да е крај на светот.
Стојат, стојат, тој одеднаш почна: Има ли овде веце, каде е вецето?
Мајка му целата загрижена: Нема, што е, што ти е?
Пичлемето отиде во ходникот да плаче зашто мислеше дека пополнила мајка му погрешен формулар и и' рече: Стално така јадеш гомна, ајде излези, тргни се.
Мајкава со цел памет место да му врзе два шамара и да го остави сам да си го брише газот, целата загрижена излезе и го чекаше надвор на топлото.
Не разбирам како може некој родител да создаде и поддржува таков морон кој на 18+ години не знае сам да си пополни формулар, не знае сам да се снајде на сите 3 шалтери што ги има во МВР и што така се обраќа на сопствената мајка.
Ако некој од форумов се пронајде во описот - пријавете се сами во војска, ќе им направите услуга на сите, и сами на себе, и на вашите, а и на општеството.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.757
Многу е тажно ова што го прочитав погоре иако на прва би требало да не насмее.Детево е некаде моја генерација најверојатно и јас можам да кажам дека има голем број на деца кои сеуште така не се навикнати сами да се справуваат во животот но тоа не е ништо за разлика какви се новите генрации.Овоа не го кажувам само како клише туку јас мислам дека е навистина така.Сето ова доаѓа од дома и она "тресење" врз детето како да е тоа дете растение.Детето навикнато цел детство да си тера на тој начин доаѓа до одреден период каде веќе нема шанси да се промени и никакви војски не го спасуваат.Едноставно тоа дете(кое веќе и не е дете) останува паразит зависен од некого иако е здраво и нормално дете.За ова се криви домашните и никој друг.Детето не успеала на одредена возраст да избега од "канџите" на своите и останува заглавено додека пак неговите несвесни дека по малку грубото однесување на одреден период и повисокиот тон во одредена ситуација може да го израсне детето во вистински човек.Мене на пример никогаш дома никој не ме удрил ама како дете до кај 10 години сум се однесувал вака лигаво како овој во случкува но благодарение на стариот денеска не сум таков.За некаде од кај 13,14 години да се променам тотално и скорo од тогаш па до сега да не барам никаква помош за секојдневните проблеми до ден денес.Затоа пак ќе кажам многу ми е жал кога некогаш ќе приметам таква ситуација(а најчесто се приметува на такви места како во случкава) зошто тоа дете нема никаква иднина и ќе остане заробено во комфорот на денешниот дебилизам за кои се виновни неговите,сакајќи да му помогнат го унаказиле за цел живот.

А многу деца ќе го имаат овој проблем во иднина далеку повеќе него ли што го имаат сега.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom