Драга Кајгана (виртуелен дневник)

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Драга,

10.000 пост на форумов! Ти го посветувам тебе. Член од 2007 година, колку брзо проаѓа времево... пораснав, да не речам остарев со тебе. :)

Cheers, за старите добри времиња.

 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
854
Кај си мори Ороспијо стара:P
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
He is real O.G. (оригинален гангстер), 86 проценти од курсевите и семинарите во компанијата тој ги и држи. А до пред шест месеци немал ни ни една снимка на јутуб. Вистински гангстер со насилна младост, дури и има лежено за некој си степен тамошен нивни за убиство во обид. Му ја најдов дигиталната програма беспари, што да правам ко сум пират во душава :icon_lol:.


Друго што има ново, ме поебаа со биткоинот измама, се најде некој пари да ми земи не се многу 500 долари, повеќе егото ми е повредено отколку финансиската загуба, ме седнаа на магаре тоа е :icon_lol:.

 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Кајчо,
прееска се враќав од работа и во улицата ме пресретна мирис на свежо сечени дрва. Покрај мирисот на печено лебче на оган со путер, ајварот, и вкусните неделни ручеци што ги прави мајче, мирисот на свежо сечено дрво е еден од моите асоцијации за дома. Ми недостасуваат сите.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
Ова со амазон ми е дно.
Океј, секако е страшна работа што толку многу гори и што толку многу се уништува зеленило, шуми и тн.
Ама кампањиве, како такви, се тешко лицемерие и перење на личното его. Или барем обид за перење на истото.
Кога видов како Луис Хамилтон пишува heartbreaking порака за престанок на палењето на шумите, си викам кое лицемерие еј, самиот не е свесен колку C02 се испушта во атмосферата да се направи тој болид кој што го вози, и верувам неговата (15 милиони евра вредна!) авто-колекција на супер луксузни автомобили што ја има. Колку самиот он како професионален возач, милионер испушта гасови во атмосферата, не сакам ни да помислам. И да се дрзне да коментира така ноншалантно е у најмала рака лицемерно. Шо не искочи да дудла за електрични коли и тн, ќе му скинат спонзорства инстантно.

Во меѓувреме у македоња, луѓе во рандом пластични чаши пијуцкаат кафе ми дрнкаат како гори шумата у бразил, да се глуми совесен нели, да се биде авангарда. Шлајм невиден.

Рејзање awareness е последната работа која што треба да се прави во овакви "алармантни" ситуации. Животниот стил, менталниот склоп и секојдневните навики се тие кои треба да се сменат и тоа од корен. Ама никој не сака да го жртвува својот комфорт.
Лицемерно е некој ултра богаташ или квази "совесен за средината" да пимпла како светот иде у курац, кога и самиот не дава максимум за да се доведе до состојба на одржлив живот.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.478
Поени од реакции
16.097
Се спремам да идам на свадба (трета откако знам за себе.), и нормално родители како родители ке ти најдат илјада замерки на изгледот. Највеќе ме изнервираа кога ми рекоа дека во мода било да се носи кравата. Ја кравата не би носел и кога би добил Нобелова награда, а не на настан на кој не сакам да одам. (Искрено, не знам зошто).

Инаку се потешко ги поднесувам секундите, минутите, часовите, деновите, месеците на работата. Едвај чекам да го сменам работното место, бидејќи ми дојде преку таквото од секојдневни нервози, стресови и расправии. Посебно поради грешки на другите.

Кога сум кај работата, со еден млад колега денес зедовме да правиме муабет и ми кажува како целата ноќ го болел забот и му било скапо да даде 500-600 денари за да го прави. Ок, разбирам дека не е во добра материјална ситуација, ама би ги испросел тие пари, бидејќи нешто што највеќе мразам е да имам покварени заби. И не беше врв на муабетот тоа, како кога ми објаснуваше што се правел за да ја смири болката. Мислам дека помалку ке ми беше језиво да ми збореше за најкомплицираната операција која постои. Затоа деца не зимајте се здраво за готово од интернетов. Колку е корисен толку е и штетен.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.358
Кајгич,
Малку ќе изгледа ко клише и ко оној вицот "многу било убаво бурек да се јаде, бате ми кажуваше, гледал кај што јадат", но морам да пишувам во трето лице:

Еден познаник, во сега веќе далечната 2007 се најде на еден крстопат не знаејќи во која насока да продолжи. На едната страна беше комфорна зона, она на кое се беше навикнал, колку и да изгледаше мизерно, очајно, и колку и да знаеше дека ќе го направи несреќен и него, и неговите блиски. Но беше лесно, не требаше напор, и некако се наметнуваше како очигледен избор. На другата страна беше сосема нов пат, но со многу препреки, трнлив пат по кој тогаш ретко кој се нафаќаше да тргне (денес, за жал, ретки се патниците на него). Ако продолжеше таму, знаеше дека ќе биде тешко, дека мора да оди сам, дека на тој пат нема пријатели и роднини кои ќе му помогнат и ќе му дадат вода ако сонцето премногу пече или утеха ако се насобере многу горчина во душата. Тежок беше патот, но водеше некаде. Оној првиот беше ќор сокак. Пријателчево се одлучи да продолжи сам, на потешкиот начин. И беше дупло потешко од што очекуваше дека ќе биде. Успеваше да живурка некако, да врзе крај со крај без никој, никогаш, за ништо да му помогне. И тој сам никому, никогаш и за ништо не побара помош. Но стискаше заби, се пробиваше низ трње и капини, крвареше, паѓаше, стануваше, и веруваше. Веруваше во едно подобро утре, и никогаш не се покаја што го избрал потешкиот пат, без колебање грабеше напред. На патот научи многу животни лекции, и со нивна помош, го изоде до крај.

Го среќавам, понекогаш, онака, склопчен во креветот, со изгаснато светло, присетувајќи се на изборите што ги направил. И во темнината тешко дека некој може да распознае дали се смее или плаче. Но јас знам дека широка насмевка се шири на неговото лице. Зашто сега веќе не е сам. Има прекрасно семејство што го сака (тој нив ги обожува), има нови пријатели од кои не очекува многу зашто сите стари пријатели го разочарале, но сепак ги сака, има создадено доволно за една спокојна живеачка (и се уште создава, и горд е на тоа), и најважно од се, побогат е за цел еден живот кој го оставил зад себе. И горд е на се што поминал.

Инаку, денес патот што го одеше е подрасчистен. Многу полесно се изодува. Но пешаци има се помалце и помалце, зашто повеќето го одбираат или првиот пат, оној лесниот, или скршнуваат по некои полски патчиња и се губат некаде во шумата. И жално е. Зашто во иднина ќе има се помалку луѓе што со гордост ќе кажуваат каков пат изоделе... како него.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Лек за моментално неубаво расположение е да се разгледа подфорумот фудбал и да се разлиста. Какви легенди има, браво! Хаха, стварно ме орасположуваат.

Најдоброто нешто што ми се случи во Варшава е што прочитав една книга, репортажа за почетокот и развојот на полските корпорации. Одличен преглед, не дека на други места е многу поразлично, ама стилот и постапката се генијални. На ниво на полските мајстори на репортажата. Се надевам, еден ден ќе ја преведам.
 
J

joli1

Гостин
Уште пред да се запишам средно, мајка ми увек ми збореше како у средно се наоѓаат доживотните пријатели, не дека не е така, но од четири години средно само со една личност од клас разговарам и само за таа личност сум сигурен дека ќе ми остане верен и долгогодишен пријател.

Вчера баш случајно сретнав некои мои соученици од средно кои ги немам видено од матурата. Искрено, на почеток не ни сакав да се поздравам, али за да не испаднам нафуран или пак умислен, им пријдов и се поздравив со нив. Причина за тоа што не сакав да се поздравам е што четири цели ебани години само се толериравме со одредени личности од класот само за да не настануваат вербални или пак недај боже физички инциденти, како и поради некои ситуации кои што се случија пред матурата. Во втора година научив или пак можда сфатив што значи уствари пријател. Пријател, другар е оној кој што ти ќе го одбереш според неговите карактерни особини кои најчесто би требало да се слични на твоите, оној што ќе биде заедно со тебе у бурен период, што ќе те подржува итн, а не оној со кој што ќе те стрпаат во иста соба четири години и ќе те форсираат да се дружиш со него. Тој/таа/тие во тој случај може да ти биде само колега, соученик, познаник, али не и другар. Морам да се пофалам дека сум испаднал у право, пошто после матурата и со одредени личности со кои што сум бил добар и за кои што сум сметал дека ќе ми останат доживотни пријатели сум изгубил контакт.

 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Отварам кока кола и кога почна да прска врз мачката, цела потоп. Ене ја седи во ќош лута, целата ко шеќерна волна стана. А ја се газам од смеење, стомак ме заболе, а длабоко во себе си плачам оти знам дека кога ја мијам се случува мала хорор прикаска.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Мизерни денови, месеци, години. Мизерен живот. Како зомби имам станато, ни на мртво плачам, ни на живо се смеам.
Се' околу мене ме нервира. И родители што само замараат за небитни работи. И другари што се јавуваат само кога им треба нешто.
Пушташ телевизија, наши програми, само за политика се збори. Грујо, Зајко, Катица, Орце, Боки 13ка. -КАТАСТРОФА
Пушташ Фокс Лајф, Крајм и остали. Едно те исто, Биг Бенг тиори, Хавај 5-0, НЦИС. Истите 2-3 сезони ги вртат бог знае колку време. - КАТАСТРОФА
Отвараш Инстаграм, некои фуфици сликале јадењето, истите фуфици и уште неколку загрижени за околината фаци ставиле стори како гореле шуми во Амазонија. Истите тие на мапа незнаат да покажат кај е Бразил. - КАТАСТРОФА
Не заслужуваме да постоиме, мизерни суштества сме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom