Животот е прекраток за да мислиме каде сме им згрешиле на личности кои едвај самите се почитуват а ние се обидуваме да ги качиме на некаков пиедестал за да приметат дека некој ги почитува. Затоа секој момент, секоја секунда од физичкиот престој од човековата ера наречена живот е максимално драгоцена зошто никогаш нема да се врати и никогаш нема да се повтори.
Запознавањето на канцер карактерите е идеален пример во животот каде треба да се застане и да се размисли во кој правец оди животот. Кој пат си го фатил. Од што треба да се изолираш за да можеш безгрижно да продолжиш понатаму.
И најубавите денови стануваат само бледа-матна магла после изгубените драгоцени моменти со канцерите од карактери на кои секогаш нешто што не им е по мерак мораат да го канализират врз околината. Самата нивна појава како се влечка (чиниш лебди низ просторот ) е доволен доказ на какви се суштества трошиш време и енегија за да те трујат со нивните излитени муабети и констатаци и да ти ја убиваат и така слабата среќа и воља за живот.
Викендов предпоставував дека ќе ми помине прилично мизерно како и секој ден откако тројца од четворицата блиски пријатели се надвор од државава во период подолг од 1 месец а останатиот нема ни минута слободна од пренатрупаноста со работа.
Во недостаток на случувања и вишок на енергија, после долг период на комуницирање конечно дојде судниот момент да се запознаеме и во реалниот живот со
@Rosemberg .
После поминати 250 км во еден правец и патување од околу 5 часа се оствари долгоочекуваниот момент : го запознав братот, побратимот што благодарение на овој форум дознав дека постои.
Од првиот момент муабетот и нивото на комуникација се сведе на ниво на некој со кого небаре си поминал 50 години заедно. 2 дена во кои буквално го превртивме градот изгледаа како да траат бесконечно. 48 часа во кои ни еднаш немаш потреба да да видиш дали некој нешто ти пишал на социјалните мрежи или те барал на мобилен.Реалниот живот ти ги покажал и убавите страни од запознавањето нови пријатели.
По долгите муабети посветени на приватниот живот, форумот, жените, форумот, фудбалот, форумот, државата, форумот, економската ситуација, форумот, политичката ситуација, форумот, мојот-твојот град, форумот и секако форумот, констатиравме дека штотоку почнавме со муабетот.
Заклучокот на ова што ги изнапишав е дека социјалните мрежи не го убиваат реалниот живот туку антисоцијалнте ликови на кои им даваме шанса во реалниот живот не изолираат од него и не оставаат заглавени на социјалните мрежи додека животот ни поминува во броење лајкови.
п.с. Заборавив да спомнам дека една од споредно - главните теми на муабетот беше и откривањето на идентитетот и личните карактеристики на омилената наша
@Agda Beata