Драга Кајгана (виртуелен дневник)

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.231
Поени од реакции
3.830
Драга ми идат да заминам некаде впланина никој кј шо немат и око да не ми видите појќе. Неможам бе вака со овај македонски забеган менталитет да се расправам млад сум пичкаим матер... Денес бев на кафе со една другарка шо не ја имав видено па можда 2 години и си одам дома собрани све чашитки од посело ме видела некоја оп буте женска имат :tapp: Па морав да се ваѓам со то дека е трудна 4ти месец и дека ќе ја барам за жена денојве. Цркнете бре.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Dear K,

Деновиве не можам од глава да извадам една песна. Обично кога ќе ти се насади некоја песна во мозокот по некое време почнува да иритира, се бориш со целиот организам да ја исфрлиш ама песната се враќа како мува на гомно и нема спас. На сите ни е познато чувството. Но овој пат е поинаку, не се обидувам да ја исфрлам од системот и нека се врти на repeat колку што може, затоа што во целокупната музичка историја не е испеан таков генијален стих со така неочекуван plot twist. Во само 5-10 секунди песната ти буди љубопитност, открива важна мистерија, те фрла во тага поради загуба на сакана личност, ти буди загриженост за сопствената иднина и неочекувано те враќа на твоите најсреќни места. Обемот на емоции во така мало парче текст е ненадминат.

А песната оди вака:

"Now your mom and your dad said she moved to Peru,
But the truth is she died, and someday you will too,
La la-la-la la la la la la-la-la la la laaaa...
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.479
Кога дојде да биде претпоставен, сите му се смееа зад грб зошто не изгледал на шеф, немал фаца за тоа. Мало црно човече, нон стоп со цигарчето во уста. Слабичок, мал, кога го гледав некогаш и жал ми паѓаше, не знам зошто. Строг беше, ама правичен, бар јас така мислам, имаше некои што кажуваа дека откако дошол многу зло им направил и не му правеа муабет, а богами и многу такви имаше. Со мене беше ок и секогаш ме фалеше, некогаш и ќе ме избркаше што се вика да одам ко што ми велеше цигарче едно запали, оди седи со некоја колешка.

Имаше ќерка на моја возраст и мислам дека во мене неа ја гледаше. .

Не бевме нешто посебно поврзани како што би требало да сме колегијално и како што сум сега со сегашниот во тим, ама односот беше коректен секогаш. Строго професионално и од негова и од моја страна. А мислам дека беше ептен добар и чуствителен човек. Еден ден беше нервозен, напнат и нестрплив, може и ми привика тогаш и се лутев, ама дознав дека кучето му го згазнала кола.Толку многу ги сакам животните што дури и добро се осетив што некој така реагира на нивна смрт.

Сакам да направам нешто, да му напишам поема, да кренам споменик, да се знае дека некогаш тука имало некој, се мачам а другите не ни спомнуваат веќе. А вчера беше. Се смеат, планираат одмори, спокој им се гледа во очите, а јас се лутам на нив не знам зошто. На сите се лутам, бесчуствителни се.Најмногу на колешката и пријателка негова. Продолжи ко ништо да не било и никој да немало. Таков е животот ми вели една друга и одма ми покажа слики од одморот на синот, а јас си мислам и што, толку? Таков е животот, тоа е. И на животот се лутам. Кај краток, па болен и неправеден. И вечерта мислев, не спиев како што треба, не може да биде толку, да седне друг таму и се да се заборави. Мора да му напишам поема, споменик да му кренам...
 
Ф

Флеш

Гостин
- Ало Домино Пица !?
Сакам Моцарела Стапчиња и Џамбо Пица ....
-Ќе дојдете до нас или достава?!
-Достава ќе ве молам ....
-Ама ќе мора да имате нарачка од 1000 евра ....
- Пу бе да ви се пљукнам у услугата ....Па не е доволно 800 денари ?!
-Не,мора од 60.000 денари нарачка ....Скап е мазутот за гориво ...
-Добро,добро ајде гитла и чао за никад ебаве Домино .....

:popce::popce::popce:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не се криви фирмиве со производство и продажба на облека што ставаат XS и XXS (прв пат дознав дека постои олку мал број) во делот за возрасни, криви сте вие што на 10+ години мислите дека треба да влезете во таа бројка и си голтате фрустрации
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.787
Поени од реакции
17.308
Срамота е да крадеш, срамота е да лажеш, срамота е да убиваш, а дали е срамота да и признаеш на личноста во кој си вљубен, дека си вљубен во неа?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
И Менада си иба мајката....
За некого јазбина, за некого култно место....
Имаше свои моменти...па и лоши...
Скопје е „град“ шо се глорифицирал за некаков ноќен живот, традиции, **чке материне....Скопје има традиција да затвара кафани и кафичи и ништо да не трае долго. Дури и оние „култнине“ шо ги зборат, не знам Кермес, Маргер...све тоа кратко траело...
Штета упм
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
Ако пратите мемиња или општо интернет култура најверојатно сте налетале на човеков:


Стример кој е познат по своите over the top реакции на рандом работи (и тоа се мемињата горе нели, вистински реакции едитирани со други видеа)

Човеков не го ни пратам. Не знам ни дали е twitch стример или YouTuber...

Ама, по некоја случајност, во последниве неколку месеци редовно му ја пратев неговата фан база.

Тие беа загрижени за неговата психичка состојба, делуваше депресивно, неколку пати завршил во болница, прекинувал контакт со луѓе, го снемувало неколку дена без да знае било кој каде е, се однесувал агресивно со луѓе што пробувале да му помогнат и така натаму...
Имаше шпекулации и дека влегол во култ.

Ма заинтересира оваа ситуација од човечки аспект, пошто стварно ме интересираше кон што води сево ова и дали ќе успее да се крене над психичката болест и да се врати на старите негови позитивни патеки (мислам, гледајте ги мемињава горе, дали човеков изгледа како да е суицидален или депресивен?)

И така....


Пред пар дена постирал видео (ај да не ве замарам и со тоа) во кое вели дека се смета себе си како burden of society, не гледа некоја поента да продолжи и така натаму и така наваму. У кратки црти делуваше како нешто што го кажува човек пред самоубиство.
А сето тоа го кажуваше најкежуал, дури и како на зафрканција, човек да помисли не е озбилен (сигурен сум многу луѓе мислеле тоа го прави за 'маркетинг' или што ти знам)

Откако го аплоудираше тоа видео го снема и никој не знаеше каде е.
Многу фанови се плашеа од најлошото.

Дури во ситуација кога се соочени со такво решение, голем дел од луѓето и се надеваа дека ова е само лоша фора, и дека глуми, и дека го прави ова за внимание или што ти знам....
Ќе прифатеа се освен тоа дека стварно си го одзел сопствениот живот.

Денеска, полицијата на Њу Јорк го соопшти ова:



Која е поентата на постов?

Не знам.

Пробајте да бидете добри човечки суштества со други човечки суштества I guess.

Иако ниту едно видео му немам гледано на човеков мислам дека заслужи еден од моите постови на форумов да му биде посветен на него.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
Месец и пол помина од дипломска, убав период, се изнашетав, се изнаспав, 2 цели серии од по 4-5 сезони изглеав. Ама на сите убави работи им доаѓа крај. Време е да се бара сериозна работа, доста беше фриленсинг.
Уште 2058 денари до тотален банкрот :pos:
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
35
Поени од реакции
17
Последен испит

Човечкиот мозок самозаштитувајќи се од депресија се труди постојано да ги идеализира и романтизира сеќавањата.
Па ајде да запишеме некој ред пред сето тоа да се случи.
Последниот испит беше далку од романтичен и епски настан, впрочем повекето испити беа далеку од идеалот, кој постепено мојот мозок сака да си го создаде. Неколку неуспешни сесии, килограм изрешени а4 формати, килограми кафиња и цигари и накрај те удира психа. Истовремено додека го решаваш, мозокот прави опсежна ревизија. Те прегази судбината начисто. Наместо да решаваш, вртиш тажни епизоди од својот живот. Времето истекува, бирократскиот лавиринт и не емпатичните професори немаат разбирање, избувнуваш иако се спремаше да бидеш смирен. Времето завршува, гледаш дека имаш едвај доволно материјал за да поминеш. И тое е, сепак не сум среќен, а зошто и да бидам, одамна знам дека тоа се само епизодни Пирови победи.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Screenshot_20190627-042403.png
Screenshot_20190627-042343.png

Коментариве се од ова видео.
И после кога ќе слушнам некој да каже Македонците се мирен народ и не се злобни.
Не ми е јасно од каде таа омраза и зло за оваква небитна работа.Ќе разберев да беа некој сељаци од естрадата кои се курчат но што кур имаш ти што ќе навредиш тотално небитен лик во случајов просечен кошаркаш кој игра во ебан МЗТ а никаде до сега не изреагирал сељачки или па да изглумил некоја фаца некаде.Ама ете мора да се плука секогаш онаму каде што е најмалку непотребно и по оној кој не го заслужил тоа.
 
Последно уредено:
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
Само ако ти поддојди од некоја страна Јурона Грејџоја :gjavol:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кајџаноо сум на крстопат раскрниште да донесам одлука, одлуката ми е донесена или ќе ми биде најпаметното или најглупото нешто шо сум го направил. Иднината ќе покажи а јас директно ќе чувствувам последици.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom