Многу разочараност,многу претерано многу толку многу што стварно не е нормално.
Понекогаш ми скока мислата дали ние сме иноватори на мизеријата,бедата,разочараноста која успеаваме да ја одржуваме во континутет низ годините,како да стана дел од нас,втора кожа,вдиушувачки и издувувачки вентил,толку многу ни се заслади што неможеме да ја отргнеме сега,како да се прилагодивме толку совршено,како да се поврзавме толку чисто,што во иднина ќе чуствуваме потреба да ја вратиме назад доколку некогаш таму некаде се одалечиме од нејзе.
Мизеријата ни стана секојдневие,јадот ни стана доброутро,маката ни стана најдобар другар.
Успеа да го деинсталират поимот живот,убавина,радост од нашите глави,како главен приоритет ја назначија разочараноста и маката.Се што можеше да ти земат,ти зема на тебе,мене сите нас.
Ти идеш да фатиш усвета,негде у три пичке си материне пошо реално неможеш да го издржиш притисокот на бурата.Заглавен си на менгеме,а целава ситуација те притисика како,ти си на средината,и си обработуван како парче метал.
Боли,стискаш заби,си викаш уште еден ден,уште еден,ама сфаќаш дека имаш уште купишта денови пред тебе,денови кој ќе те здробат,а ти и твојата младост може само да се ебете у гз.Зошто они се спремни да ти одземат се што имаш,се за што сонуваш,или се за што некогаш си сонувал.Велат дека никој неможе да ја одземе нашата желба,нашата фантазија,нашите соништа за подобро утре,но они успеа.Одземањето на подобро утре стана отскочна даска за самосебекрунисување,и полнење на дебелиот стомак во некој од ограничениот круг на безобразен апашлук.Дуењето на бедата стана дуење на успешност кај малкумина,па продолжија да ја терат истата агенда како нивните претходници,кој по веќе успешен и проверен рецепт,продолжија да ја терат истата матрица,продолжија да ја фурат истата плоча,која никако да запре,од несекојдневното лудило и шизофренија која ни се случува.Станавме вистински пример за тоа како не-треба да се биде.Им оставивме купишта примери на иднините генераци за како побрзо да го пронајдат излезот од овие 25.713 км2.
Се угостија,се угоија,до немај каде.Ниеден ресторан во Скопје,и не само тука туку и било каде неможе да ги најаде толку слатко како што може тоа да го направи алчноста,и желбата за моќ,притоа,соголувањето,раздорот и бесот нив им стана како еден од главните,водечки приоритети за функционирањето и водењето на бескичмењакот,и неговото климање и тромавост за борба.
Го исфрлија од игра,уште пред да започне целата франшиза,тој сега е алатка,и директен соучесник на се она што се нарекува негова неуспешност,а туѓа успешност,која врз плешките на глупавштилакот на ситниот мал,неразвиен мрсулив кретен успеаа да изградат моќ,моќ која никој неможе да му ја одземе,успеаа да се стекнат со нешто за које ти само можеш да мечтаеш,и да гледаш на платната ширум светот.
Не постои одбрамбен механизам со кој ти може да го оправдаш својот кретенизам,и недолично однесување кон сите оние со кој секојдневно се среќаваш,разминуваш,поздравуваш.Успеа да станеш кираџија на сопственото,на непрепознатливото,неморалното,успешно се прегази себеси со ваљак,и кажа дека тоа е најдоброто нешто што ти се случило.
Дами и господа мене само ми преостанува да ви посакам да имате убава ноќ.
Чувајте се-whatto