- Член од
- 13 февруари 2007
- Мислења
- 5.163
- Поени од реакции
- 6.040
Драга,
Долго време се немаме видено. Откако дојдов тука, ретко имам време, а и желба да те посетам. Животов никогаш не ми бил толку исполнет со активности. Работа, хобија, тренинг, излегување... Сам сум, а од друга страна одамна не сум имал толку контакт со луѓе како сега. Во последниве 6 месеци запознав повеќе луѓе отколку во претходните 6 години. Германциве не се толку лоши колку што сите ми збореа дека се. Отворени се за дружење, особено за викенди. Од понеделник до петок работат турбо, ама штом дојде петок 17:00, како да им се активира некој switch во главата и се претвараат во party animals. Од afterworks до пијани ноќи и останувања до сабајле. Ваков ноќен живот одамна не сум имал.
Кога сме кај пиењето, конечно се откажав од секојдневното пиење сам по дома. Го заменив со здрава исхрана и тренинг минимум 4 пати во неделата. Резултатите се присутни: никогаш претходно не сум изгледал толку добро и не сум се чувствувал толку добро и силно како сега.
Живеењето сам ми годи. Да, плаќам поскапо отколку да живеев со цимери, ама парите не се битни. Тоа што ми е битно е дека нема кој да замара, нема кој да јаде од јадењето што ќе го купам и направам за мене, не треба да делам ништо со никого, нема кој да остава смрдливи чорапи по земја. А ако јас сакам да оставам смрдливи чорапи по земја, нема кој да ми каже да ги соберам. Ќе ги соберам јас кога ќе сакам. Ако нешто научив од претходните неколку години, тоа е дека мразам кога некој ми кажува што да правам и како да го живеам животот.
Толку, го испив утринското кафе и викендот е пред мене. Се читаме во некоја наредна прилика. Поздрав