Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга,
Ретко доаѓам на форумов а уште поретко пишувам. Искрено, доаѓам само за да ја следам темата со бугарските пасоши, кој можеби и нема да ми биде потребен наскоро.
Знаеш дека на крајот на секоја година си правам ретроспектива за тоа што ми се случило на секое поле во животот и дали ми влијаело добро или не. Минатата година си заминав од мк, сама без ничија помош. Немаше кој да ме чека тука, ни да ми покаже нешто. Но како инаку човек станува посилен?:X3:
Годинава запознав еден прекрасен човек, некој кој сум го барала цел живот.:backa: Фала Богу, не е мамино синче, знае што сака и нема потреба да се молиме за основни работи што треба да ги направи. Годинава патував повеќе од обично, посетив места за кои сум сонувала цел живот. :pipi:
Едвај чекам да почне следната година, нови идеи нови предизвици! :P:love:
 
Среќата никогаш не е важна. Проблемот е што ние не знаеме што навистина сакаме. Што не` прави среќни е да не го добиеме тоа што го сакаме. Туку, да сонуваме за тоа. Среќата е за опортунистите. Па, мислам дека единствено живот на длабоко задоволство е само животот на вечна борба, особено на борба со самиот себеси. Ако сакаш да останеш среќен, остани глупав. Правите господари не се никогаш среќни; среќата е категорија на робовите. Славој Жижек
 
46817187_2088286597901101_6098417552419979264_n.jpg
 
Вчера во разговор со ќерка ми, за животот воопшто, ми дојде на ум една сцена од стар советски филм. Накратко филмот се вика Таткото на војникот( Отец солдата) и зборува за еден веќе остарен грузин, кој се приклучл на армијата за да си го најде синот.
Филмот сам за себе е ремек дело, но крајот не е за луѓе со слабо срце!
Има таму една сцена со лозјето, која зборува многу. За односот на човекот кон природата, кон луѓето, војната и татковската љубов, едноставна, силна...
Кој разбира руски повелете:
https://www.youtube.com/watch?v=s1BZ-jOW2e4
 
...враќајќи се од работа слушам тиииит тууут тууут, се вртам и еден пријател спуштајќи го прозорот довикна... ајде бијонсич, да те префрлам! ...а јас на тоа....а не не, фала, се брзам ! :D
 
За 7-8 саати треба да идам на работа а ко некој стопан дискутирам филтри за вода со Стек на фб, одличен потег, секоја чест.

Порано ќе умарав пијан у темава, ќе пишев некоја убер смешна досетка со надеж дека Драгонски ќе ме предложи кај Жаре да пишуам сценарио, ќе кажеф шо ми се дешаа, до кај сум со животов али освен слушање музика и работа не ми се дешаа буквално ништо.

Никад не сум бил вака асоцијален, ќе треа да променам нешо, еве ќе дое нова година и ќе исфорсирам - нова година, нов јас.

Дап, никад.

Купивме Сони пред 2 месеца со другариве од населба, демек да се собираме почесто и да гејмаме, еднаш немам отидено да изиграм со нив, ЕДНАШ.

Него една песна колку да има нешо у постот, сфе таква и музика слушам у задње, да ти ебам и Страјк и сфе.

 
А види ме мене, у 5 саат дискутирам за филтри за вода со Клип и во 10 и пол сум станат кукурек, избањат, го пијам утринското кафе и се мразам себеси од дното на душата.

Последниов период се фаќам самиот како сега сакам работи кои како помал сум ги мразел или ме нервирале. Порано мразев дожд сега едвај чекам да врне и да биде мрачно, да сум сам дома и да гледам филмови и серии без никој да ме замара. Се приметувам дека највеќе од се ми одговара самотијата а не сум човек што не сака луѓе или што не сака да се дружи, напротив, ама ете нешто така длабоко во себе ми вели дека најубаво ми е кога сум сам.

Размислувам да се вратам малце на кошарката, барем да пробам да се спремам повторно и да се доведам на одредено физичко ниво. Кај нас барем не е тешко, можеш и со 30 кг плус да играш прва лига без проблем. :D

Иначе да, од тоа вчера што го видов ми се згади животот. Каква вода пиеме ние драги мои..., па чуди се после зашто сме испофаќале ракови и триста други болести.
 
Затоа јас си пијам од ископаната вода од хидрофорот во двор, ми е гајле, какви сака бактерии нека има (однесена е во институт за јавно здравје, нема, да не ме цитира некој безврска) :D

Вчера пред спиење вртам кај документарците на Netflix-от и гледам актеркана Елиза Душку си направила документарец за Албанија, значи го снимила и се договорила да е достапен во библиотеката за цел свет. Кај нас она бурено од човек Тамара ми дроби за промена на име, од друга страна се нервира што го згрешиле името на неродениот и син (тука инсинуирам дека може и женско да е, фиром здравство е ова и да испадне ништо од бизнисот) па и уште видов некни некој ја имаше ставено во најсекси жени во Македонија темана ли како и да беше. Ваквиве ни со стап не се дираат, ќе те префати двоневронската генетика што ја имаат.
 
Последно уредено:
Драга, утре испраќам другар и другарка (пар) во Германија. На една година, бар така викаат. Ама сите знаат дека нема да сакаат да се вратат. Сите си одат, кој преку факултет, кој да рмба за пари, кој од што му е скурчено тука па ќе се снаоѓа таму. Да ти се плукнам у државата во која најголем успех е да си одиш од неа. :sramezliv:
 
Драга Кајгано,
Како некој може сам себеси да се нарече човек, а оно ни ч човечко кај него? И ај да е еднаш:sick:, понекогаш мислам дека фирерот има оставено потомство кај нас:(
 
Многу веројатно нема да има СП во ракомет на македонските ТВ канали.

После натпреварите од ЛШ, натпреварите од ракометната ЛШ каде што Вардар се уште бележи добри резултати, после Лигата на Нации каде што за прв пат сме на само 2 меча оддалечени од пласман за ЕП, време дојде и ракометарите да не ги гледаме на македонски ТВ канали.

Маестрално!

Браво, само така нека се продолжи.

Арена спорт ќе дава СП?

Ок, ама ја би им препорачал да наплаќаат по полувреме.

Сакаш едно полувреме да гледаш???? Ќе си платиш. "Taka e u cel svet taka i kaj nas ke bide"

Што е ова 60 минути ракомет да гледаш за една цена???

Здравје накај 2149 вака ќе изгледа програмата на македонските телевизии:

06:00 - 1001 ноќ (реприза на 5 епизоди)

11:00: Утринска емисија што не е утринска емисија туку ставен само гиф на loop од водител како клима со глава а луѓе се јавуваат и зборат мислејќи дека некој ги слуша

14:00: Платена политичка пропаганда. Нема избори? Не е битно! Пропаганда мора да има!

20:00 Тангата на комшивката - неверојатна турска серија со 69 сезони по 101 епизода!!!

21:00 Вести

22:00 Хумористична серија....што не е хумористична серија и уствари се зафрканции за одредена политичка партија заедно со пропаганда спакувана како серија

22:30 Реприза на тангата на комшивката

23:30 Пренос во живо од боја како се суши се до 6 часот сабјале ког следува се од почеток


А нормално, ако сакаш да гледаш фудбал или ракомет ќе мора да платиш 100 евра за секоја минута што сакаш да ја гледаш, да донираш крв пет пати во последните 5 години, да донесеш извод од матично не постар од 6 години, да оставиш зејтин во црква и да му понудиш на газдата на Т-Мобиле една вечер со сопругата....па мооожеби, ако и еден од среќните одбрани луѓе ќе ти дадат пристап за АренаСпорт...моожеби..

Пошто ипак, така ќе биде тогаш и во цел свет, и пошто така е во цел свет...зашто да се буниме???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom