Го шеташ кучето на кај 23 часот, низ улиците од градот додека владее потполна штама без ниту еден човек. Го слушаш само забрзаното кучешко дишење, звукот од шепите кои потштракуваат на земја и чат пат на 5 минути по една залутана кола која го нарушува мирот. И чекориш така чекориш, со мислите фрлени некаде напреку, и во еден момент гледаш жена со бушава коса, хаотично растурена, стои во еден темен ќош, во близина на распаднато дуЈчанче. И си викаш втф, се до еден момент кога наближуваш уште повеќе и слушаш како истата гледа во една точка направо и си прави муабет сама со себе, притоа испуштајќи некој крипи звук, како од хорор филмовине, ко че го избавуваат чупето во Егзорцизмот.
Пууу реков да тибам работата, која будала скита и зборува во ова време низ темниве сокаци. И така го продолжив патот накај дома и ми притекна дека и јас скитам и зборувам само ко за утеха в ум.