Слушам песна на радио, имаш тука одма апликации да ја најдат песната, имаш дома можност да ја слушаш, три четири пати и батал забораваш, утре пак ја слушаш на радио и вртиш станица досадна песната е...
Каде вака порано седам некаде слушам песна идам дома уклучувам истото радио, го гушкам транзисторот цел ден ни јадам ни пијам чекам да ја пуштат песната, па кога ќе почне срцето 200 божем којзнае што па не знаеш дали да слушаш дали да викнеш пријатели да им се дереш еве ја песнаатааааааа многу ја сакам, ептен ја сакам, па дали да паметиш зборчиња за да ја научиш, па дали да слушаш дали ќе кажат од кој е што е од кога е, па дали да се нервираш дека тоа водителот мели на сред песна, па дали да бараш касета да ја вртиш со пенкалото, да провериш која страна празна ти е, па да паднеш во очај кога си снимил на полната страна па си ги заебал и тие песни пола снимана песна од Луна па врз неа пола песна од Нели и Кели дилема. И со денови ги замараш на час за песната, ја пееш ја бумцаш ја свиркаш, јас дури и бегав од часови идев во една сендвичара да чекам песни. Викенд кај некој ќе се собереш ќе пиеш некое вино од 100 денари во пластика од 6 литри пак со тоа радио уклучено и инстант тука кога ја пуштаат дроб се правиш, не се препознаваш да се гледаш од страна ти ли си или не си, исто и после во елемент или некаде таму по парк низ дискотеки мрдаш страмежливо ама кога ќе почне песната напад епилептичен...
Не само за песна, еве само за песна можам до утре да пишувам колку замарања и љубов имало.. За песна една еј, да не зборам за пријателства, за љубов... Финтата е денес дека нема ништо вистинско само зошто се ти е на тацна сервирано. Се што сакаш добиваш. И ти се здосадува и нема во ништо предизвик, нема мака нешто да добиеш, а што добиваш лесно не знаеш да цениш и така се појавила анксиозноста, паниката, социјални проблеми, маки, се затвориле луѓето во себе не можат да се дружат, се депресираат, поминале се на 12 години, имаат се ништо не им треба, желба за ништо немаат.
Пошто седам јас така на одмор и се сожалувам себеси зошто не ми се гледа филм, не ми се иде на кафе, не ми се иде кај другарка, не ми се чепка на моб, не ми се игра со кучето, не ми се слуша музика, не ми се црта, тапа ми е животот, досаден, монотон, глуп... И оп анксиозност, блокада, депресија. Дека имам се а ништо не ми се прави...