Треба да одиме на плажа, ја земам колава и го собирам другаров (кој патем ми е и комшија) и фураме за накај плаживе, ама има малку гужва низ град пошо сме генијалци за кружни текови, па така ни се распоредени ко на од Гејм оф Тронс најавната шпица.
И не е битно, таман на главниот кружен кај Банкана, едно набилдано бате, асли брачка, со тетоважи со имиња или Only god can judge me, со ланец на него, ќелав нормално, сака да помине улица ама не на пешачки, туку на кружен, фак лоџик. И ај јас застанав за да помине, нормално не планирам да го удрам, на оној габарит ќе ми ја смачка колата, поголем од неа е. Обично сум мирен шофер, не сум од оние што пцујат и се нервираат, мене возењето ми е како на женски што им е јога, и ајде, не е важно, правам простор за батето да помине, кога другаров го извади лошото од него, почна да го пцуе - каде врвите така на кружен, си има пешачки, ви ебам тоа сељаците. Леле си реков батево ќе помисли дека јас му се дерам и ќе дојде да ми ја учука една, се навалив во седиштето скоро и да ме снема, ама доволно за да можам да притиснам кумплуг и брзина во случај да дојде да ме шамара. Имав среќа, се сврти накај мене батето ама се премисли, изгледа се брзаше негде, а другаров пцуе и пцуе. Да ти ебам глата, му викам, ќе ме носеше на душа ни крив ни должен, а само сакав да одам на плажа без проблеми и да решавам крстозбор на пример.