Една од поголемите грешки што ги направив е што не почнав да работам на 16 години.
200 евра се малце, пред неколку години беа 150 евра, но какво школо може да ти даде работата и животот ниту еден факултет неможе.
И грешка е да се размислува дека ако имаш факултет автоматски заслужуваш повеќе од то што нема.
Имам пишано и на оваа тема, 90 посто од кадрите што излегуваат од факултет се телиња.
Жално е но тоа е вистината, додека не се изборите сами во животот ништо нема да добиете, никој нема да ви даде.
И ако изгледа малку сега за некоја година ќе ви е мило што сте работеле и за тие пари, како иначе ќе се научите да се снаоѓате.
Не сум материјалист не трошам многу, немам многу, све што имам сам сум го сработил, имам уште многу за сработвење а тешко е со 200 евра, незнам кога ќе стигнам да завршам све што треба и дали ќе завршам.
Но ако не пробам да си го средам животот сигурен сум дека ќе пропаднам, затоа што никој нема да ми подаде рака.
И неможам да се жалам, срамота е, затоа што сум видел мизерија, а фала му на бога далеку сум од тоа.
Sent from my ALE-L21 using Tapatalk