Кликам по новите спам теми за да ги забришам и намерно или не кликнав на некоја тема Група E и неколку држави фудбал таму и ќе ја збришав и ме фати некој ирационален страв од драмата што ќе настанеше и како ќе мораше да се бранам и објаснувам со неколку мегабајти вредни профили на форум на интернет за фиктивно место на said интернет наменето за фудбал наменето за правење муабети што ги прават надвор ама сега се дома и сами.
Пред сите да ми се нафрлите мислам дека е доста самообјаснливо дека освен што сметам дека да одиш у некое селско езеро или брана без опрема само со гранка од бреза и да се преправаш дека ловиш водени змееви е повеќе продуктивно за психофизичката состојба на телото и духот одошто да ја гледаш таа културно-гладијаторска борба на народите демек одмарам мозок 2 саата бе брад од работа од факс од летово, да повторам доста самообјаснливо дека ете имам ирационален страв да навлегувам во непотребни драми и конфронтации. Поготово за теми во кои немам свој коњ. Па одтаму, реално, и во колку имам? Па од таму мисли у стилом зашо немам? Зашо да ме мрзи, зашо ја немам потребната мотивација да ја исцрпам целата своја постоечка инспирација и креативност во толку сочно и несекојдневно пцуење на некој си рандом блекмамба423 на некој си форум што дури ќе ми стави лајк за трудот пошо сум имал толку големо себевложување во тоа дали било фаул или не на некој со име на пица, Пaјцини рецимо, претпоставувам од Милано. Некој си Миланез. Мајонез.
И напротив. Ваква пасија, вакво себеинвестирање, ваква љубов или омраза за нешто олку тривијално во еден ваков свет каде цела емоцијонална залиха ти се троши на основни ствари кои по дефулт не треба да бидат исцрпувачки и секојдневни - е впрочем реткост и за завид. Некои луѓе вакви почетоци на мисли пробуваат да ги елиминираат од старт за да не се избедираат и така го пројдуваат животот или знаат пластично да ги прифатат и супер-позадинско да ги пласираат во јавноста преформулирани како: „Петок е а мене ме мачат егзистенцијални прашања. А не е дури ни Црн Петокот“ или така нешто примамливо, шознам јас за статуси. Егзистенцијални прашања. Егзистенцијални кризи. Мене ми е поише егзистенцијално млако променување у расположение али накај подобро прибидејќи (леле зборот ме врати у прва факс со сите ретардирани мејлови) само тогаш им љубоморам на луѓенцата што еве уживаат во нешто олку примитивно ко фудбал, ама и не само тоа, само тогаш им завидувам на сите тие со материјални цели кои 2 години штедат за некое беемве на старо али задржано се гледа прв газда не го возел у странство отишол и така му стои у двор или на сите тие што комплетно го занемариле секој сенс за како треба да изгледа едно машко и онака си купиле карирано кошулче на кратки ракави, абе тие луѓе се среќни и исполнети, никој на сила не иде да дише смог и пот сред лето у некој бар кај шо рокат Антилопа од Тита, не можеш таа среќа у живот да ја фолираш толку долго време, абе со каков жар расправаат како вчера пробиле некоја а вечер е договорен со втора а праи напори кај трета... тој елан е завидлив, јас со една не можам некад да постигнам, коа еден човек ми е превише човек некад навистина треба да се размислиш дали да фатиш правец несфатен, да земеш нешо неповрзани стихчиња да пишеш, хаику нешо или инста фотографи уметник да се станува, секако, ако се имаше желбата.
И во тие моменти на завидливост, во тие моменти на егзистенцијални прашања, зашо не моеш да бидеш вака и ти бе, зашо те мрзи да се караш, да се залагаш, да се фолираш, да имаш ретардирано плитки цели, еби нешо на страна, праи пари, зашо и како може да ти е тешко да одржиш однос со човек, да земеш некад прв да пишеш да идете да џвакате лаживче у некој кафиќ и да се интересираш кој го наместиле директорче, да запамтеш три имиња у град, зашо мора све освен секс да ти е под папка узалуд замарање, зашо два пати у година се нервираш, затоа имаш 90 60 притисок, све ти е бавно, цел си бавен и незаинтересиран, земи трчај опрај се, ебено патувај побрзо да не ти е џабе стикот, испоти се еднаш ебате. Е во тие моменти, место егзистенцијална криза уствари ја сфаќам колку сум среќен и колку малку ми е потребно да бидам среќен. Доволно турбуленција ми e додека ми пише сабајле дека стигнала сигурно дома со такси. Тоа ти е коа ке прочиташ 50 книги у живот, 2 од Ниче и си сѝ зацементирал животна философија дека ништо и никого не е битно и све е залудно. Така бивало да си среќен и нихилист. Оксиморонски било ама и за тоа не ми се расправа, naturally. Али комплетна дисконектираност од реалноста и незакрепнувачка апатија некад ќе резултира некако, некаде, некогаш а до тогаш... live, laugh, love?
Та.