Кајги,
го гледав цел ТВ пренос, како пловеа полека 3,4 мини јахти од нашата страна кон другата страна, езерото мирно, птици не приметив, време сончево ама со тешки облаци, ги гледав сите европски гости ем домаќини сместени под голем бел шатор седнати небаре ја чекаат невестата од нашата страна...
јахтите од нашата страна полека ја сечеа површината на Преспанското Езеро и само малите бранови укажуваја дека истите се движат и се доближуваат кон белиот шатор....
шепотот меѓу присутните под белиот шатор сакаше да ја прекине незгодната тишина, таква тишина и смиреност исто кога невреме се спрема и наеднаш цела тишина ја прекинува звук на камбани, бааам, баааам, баааам, но не тие радосни камбани кои со веселост звонат и дава надалеку радосен звук за убава свадбена случка, напротив звукот на камбаните беа спори, тажни исто како да некој умрел и го огласуваат тоа, можеби и тоа беше навистина оти има населено место, но не толку симболично, но не толку склопено...
слушнете колку морничаво звучеше сето тоа,го има на ју тјуб, дали е тоа е некој знак, дали е тоа „закоп“ на Македонија- не знам!
се надевам дека не е така, оти тоа беше на другата страна, а не од нашата страна, ама навистина морничава тишина со споро камбано биење бааааам ...бааааам.....баааамммм бррр брр брррррр морничаво
![Шок! :shook: :shook:](/styles/default/xenforo/emot/ija.gif)
....се прашувам, за кого бијат камбаните?
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)