Драга,
Толку сме минорни во светски рамки што луѓето никогаш не слушнале за нас, а и од кога ќе слушнат немаат претстава кои сме и каде се наоѓаме. Денес потрошив повеќе од 15 минути на објаснување дека не сме биле никогаш дел од Советскиот сојуз, дека не сме Естонија и се наоѓаме 2 000 км јужно.
И ако мислиш дека ова е некој плебс кој не знае ништо повеќе од пред својот нос, се лажеш. Ова и го објаснував на еминентна личност со докторат на висока позиција во фирма која има соработка со цел свет. И не, воопшто не треба да му е срам поради своето незнаење за тоа каде се наоѓа некоја небитна државичка која се занимава со референдуми за тоа дали треба да си го смени своето име или не, дали има антички и славни корени или е држава без историја.
И додека луѓето кај нас се делат на ваши, наши и туѓи, вадејќи си ги очите меѓусебе (Самоил, брате, се превртуеш ли у гробот?). Луѓето отаде светот гордо чекорат во 22 век, користејќи технологии кои ние сеуште ги сметаме за Sci-Fi.
Гериз е благ збор за оваа банана држава.