Драга Кајгана (виртуелен дневник)

R

Redhead

Гостин
Добро бе, стварно не разбирам зошто луѓе даваат пари за во кино кога за време на цел филм се лапаат, драпаат. Не ми е јасно зашто не си отидат во парк/на Водно/некое х место, ако веќе не можат дома, таму барем нема до толку да им сметаат на други луѓе, зашто сите одат за да гледаат филм, а не да слушаат шлапање и кикотење. :sick:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
"Don't use the husband's condom that's just rude." :pos::pos::pos:
 
Член од
30 август 2017
Мислења
997
Поени од реакции
1.433
Сите сакаме искрено пријателство а кога ја имаме никој не ја вреднува.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Драга,

Има секакви глупости што ќе ги видиш дур си во автобус, сепак да издвоиме две од вчерашното искуство.

1. Не ја разбирам глупоќата кога некој ќе ве праша за местото до вас вие да одговарате со прашање дали стварно немало некое друго слободно место. Молам? Па да ви требаат пет минути да ги тргнете тоа торбите од седиштето, па да се туфкате мислиш ваш е автобуот и еве го ропаков сега, дојде да ми го руши раатот, кога јас и за торбицата моја си купив карта. Така едно чиче вчера се осети збунето, една госпоџа две минути ја тупеше зашто да седел до неа, а во бусот више скоро и да немаше место. Купи си две карти, седи на двете. Инаку, затни се.
2. До мене пак седеше една госпоџа, постара, али пицната, оф леле мајко. Коса, нокти, нашминкана, дотерана, скапа чанта, абе жената мерак да ти е да ја гледаш. И си јадеше нешто грицки, ова она, така повеќе работи смачка за тие три саати, и ги пикаше во седиштето напред. Ај си викам, нема каде да ги стави сега, после ќе си ги земе и ќе си ги фрли кајшто треба. НЕ! Типката фино лепо цело ѓубре си го остави во автобус, ја мрзеше да си го прибере. Мене за вакви луѓе одма ми се расипува целокупниот впечаток, колку сака нека изгледаат добро, дотерани, налицкани, кога уствари се неуредни мрзи. Основна култура е темел на се што треба да имате, инаку нема да ве оправат ноктите и фризурките. Криво ми беше после што и ја сопрев климата над седиште, не знаеше кутрата, требаше да ја оставам укочена да биде денес. :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ај да не кажувам официјални бројки ама карти од Визер по еден долар :icon_lol: купиле бројка на народ колку што брои населението на Ѓорче, ќе си прогуглате :icon_lol: Абе не Фиром, не Северна, не не знам што, треба да сме Загреота Македонија и тоа без превод, најдобро.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.605
Поени од реакции
34.798
Кајги, види го ова сега,
ЈАС- некако многу муви во ресторанов, не можам да јадам!
ТОЈ- пааа, друг пат кога ќе дојдете купете една тепалка за муви, не бидите циција за само 20 денари, а овде ми ручате во ниедно време, ова она, наместо дома :несвест:



е ајде де, ако не носам тепалка за муви во чантата друг пат наааа и то кога ќе удрам така силно пљаааас да се слушне надалеку добриот глас на ресторанов, жими шутраков :D
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
319
Зошто луѓево се затупуваат толку многууууу незнам како е можно на толку инстинктивно глупаво ниво да се спуштат, абе кучето ми е поинтелигентно од таксистот вчера кој возеше позади еден дечко на мотор и девојката позади него и ми коментираше како воздух и ја лади другарката и како тоа и вибрира и колку и е убаво, зошто мора да ми го каже тоа зошто е толку идиот?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.605
Поени од реакции
34.798
... министеркава Шугар по потекло albanian православна цуца? :facepalm:
а бе луѓе што ви е? :несвест:
Кајги?? ова не удри ураниумо пак :Кезец:
 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.599
Поени од реакции
7.194
Драга Кеј

Еднаш ти имав пишано дека имам две другарки, едната пример за како да се однесува а другата сосема обратно.
Оваа недела се видов и со двете, најпрвин со "примерната" се верила, баш ме израдува и ми е мило за неа, свадба не ми бега. И така неможам да кренам глава од свадби.
Вчера другата "непримерна" ме викна да идеме у кино, филм да гледаме. И, ај чекаме да чукне саатот за да влеземе, ми се врти и ми вика: брат, сум станала магнет за мажи, ми го отвара фб-то еден куп покани за пријателство. Ја гледам и викам од новата работа што ја работиш незнам што очекуваше ружи ли да ти цветаат. Океј се тоа помина, влеговме седнавме, почна филмот и на секој две, три минути зјапа у мобилниот. И викам дојдовме филм да гледаме или на фб да седиш.
Пуштам еден поглед гледам со кој пишува, веќе јасно ми стана, и нејќев да.навлагам у муабет, што прави и како прави.
Епа драга после веќе ме фаќа некој срам, ќе гледам да ја одалечам малце од мене.
Прашањето што ме мачи, како може човек за краток период толкава голема промена да направи на себе. Стварно не ми е јасна, а после ќе дојде да плаче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom