К.
Вечерва имаше настан у парк. Кино на отворено. Филмот(Исцелител) ми беше гледан пред тоа,но ајде си викам да испоштувам. Секоја чест за организаторите. Одлична бина,беше прегледно,озвучувањето беше феноменално и така натаму. Е сеа доаѓаме до еден друг дел. Доаѓаме до народот. Добро бе луѓе,дајте осет малку..Филмот требаше да почне у 10,јас и другарка у 9:30 отидени,веќе беше полно народ,за да не се туркаме само си седнавме малце поназад. До 10 саат веќе беше преполно,а замисли народ уште толку почна да доаѓа во 10:15-10:30. Цело време некој поминува,не можеш да се сконцентрираш на филмот..после од нигде никаде почна на народов да му текнува,зошто да стои по страна,кога може да се истурка. Другарка ми треба да прави операција на менискус,ногата задолжително да и е исправена кога седи,доаѓа у 10:30 жена од нигде никаде ШТО СТЕ СЕ РАШИРИЛЕ,ГЛЕДАТЕ ДЕКА НЕМА МЕСТО..ПРИБЕРЕТЕ СЕ МАЛЦЕ. Ало жено,филмот е од 10,да си дошла 1 саат порано ќе имало место сигурно. Да не ги споменувам оние шо на сред филм по 2 пати одеа до штандот за пиво,да купат кикирики или сончоглед..Башка и после 90% од ѓубрето направено при активноста(дали лупење кикирики,или грицкање сончоглед) беше на земја фрлено,тоа чашите од пива така размавани...Со ваков менталитет никаде другариии..
Ama tie provincijalcite od provincija so dosle ni go rasipaa Skopje..