Македонија, на крајот од денот збирштина од "сечи кај што ќе стигнеш, колку што можеш повеќе". Од поголемите и посложените процеси, па се до оние поситните, какви што ќе ги наведам подолу
1.Идам накај една пекара, и гледам таму неколку крофни. Инстантно ми се пријаде и викам ајде ќе земам една да ja заблажам оваа горчлива напатена душа.
Јас: "Здраво, дали ви се тазе крофните?"
Продавачката : "Да, да пред 1 саат се направени"
Јас (колку наивно од моја страна): "Oк, дај ми две"
Епилог : Беа сигурно од сабајле остаени. Скроз ме заеба, секоја чест. Орден ќе ти дадам.
Не им идам пак.
2.Влегувам во кафич, беше касно (накај 10) па си викам ај да не пијам кафе, ќе испијам капучино
Јас: За мене капучино ако може.
Келнерката: ок.
Епилог: Ми носи нешто што уште од поглед се познава дека е макијато.
Јас: Да не е макијато ова?
Kелнерката: Не не, капучино е.
Иако по поглед и се позна дека ме излажа и тоа беше макијато, си викам ај да не испаднам сељак девојчево цел ден работи за дневница, може и ќе и одбијат од истата заради можеби нејзина грешка. А и голем к*р ако земам макијато, скоро иста ствар. Но тоа не е се.
Ми носи фискална, глеам откуцано капучино, што е 10 денари поскапо од макијатото. Ништо спектакуларно, 10 денари. Платив и си искочив.
Не дека имаше нешто гужва во кафичов па да си речеш, човечки е, се греши. Едвај 5/6 маси имаше.
А ова им е втора грешка на истиот кафич, откако пред неколку месеци изрично им кажав да не ставаат лед во несот (а беше екот на зима), ми носат со 3 коцки лед. Два пати сум влегол во тој кафич и два пати ми се случува таква "грешка".
Од тогаш не им отидов се до вчера и
веќе не им идам пак.
3. Ни се расипа дома машината за перење и ајде моите ќе ја поправат. Го избраа најефтиниот, откако претходно он се јави на еден познаник на комшиите (мајстор) на кои за истата работа им наплатил помалку од она што го нудеше на татко ми, и затоа не сакаше да има работа со тој човек.
Anyways, се договара татко ми за во Сабота, дечкото го НЕМА во сабота - не дојде, дојде у недела (од кај така им текнало појма неам), ама океј. И ја поправа фино машината (треба некој дел да се смени), кафенце, сокче вака-така. Се договориле за цена, и пази го моронот, му вика на татко ми да плати 300-400 денари повеќе од договореното (не знам која беше причината, но скроз банална и непотребна). Абе у здрав памет будала ќе те напраи и ќе ти каже дека сте договориле повисока цена. И нормално, не им плати, после долго убедување и расправија, пошто веќе однапред била договорена цената. А овој као демек во недела дошол, вака така, одма го средиле делот (истиот ден) ти реков-ми рече, сакаше да му извади повеќе пари и да се извади со глуп муабет, мислејќи дека татко ми ќе си рече "ај што се 300 денари, можеше повеќе да кошта се ова". ама
Never again.
4. Последна работа онака у моментот што ми текна, колку пати само лажни попусти по трговските ќе начека човек, страшно нешто. Какви само смејурии имаше за "црн петок" и слични "Тотална распродажба", "Тотална Ликвидација" гомнарии. Све тоа би затворил.
Техно Маркет со пречкртана цена од 55.999 денари на попуст баам ИСТАТА ЦЕНА! (може тоа да беше фотошоп, којзнае, не се сеќавам - одамна беше, ама дека има такви работи е ноторен факт)
5. Колку пати во ноќен клуб среде не толку голема гужва навечер ќе се случи "еееееееееееј брат неам ситно 20 денари", а веќе си преплатил џин-тоник пример накрцан full со лед за 160+ денари.
Сега може овие муабети звучат на "first world problems", ама не сакам во таа насока да бидам сфатен, као еј види го овој за 10/20 денари и за промашена пијачка се прави фраер. Не, трите случки се од последниве неколку дена, и да, можеби не се криви луѓето директно, можеби стварно се случила грешка од несмасност, недоразбирање, може стварно немале ситно у моментот или што и да е, но вакви работи во Македонија се случуваат во
претерана мера за да бидат случајни.
Нашиве "претприемачи/трговци" што и да е се стриктно насочени кон краткорочна цел или онаа погоре наведената - "сечи кај што ќе стигнеш", наместо однос заснован на верба и чесност, со што ќе се изгради долгорочен однос со муштерија и во иднина.
Не сакам ни да претпоставам колку скемови се случуваат при препродажба на пример коли, станови или други да речам поскапи работи, страшна работа.