Вчера на дечко ми му падна новчаникот од џеб, со триста документи и 6 000 денари во него. Последни пари до први нареден месец...
Таков стрес не сум доживеала додека го баравме. Кавги, нервози, обвинувања, напнатост, тензија. 3 саати безуспешно баравме, прашувавме по луѓе и ништо заминавме дома со ќутенка, со главоболки..
Само што влеговме дома заѕвони домашниот. Ало вие ли сте. Ние сме. Најдовме новчаник, дојдете на таа и таа адреса. За 2 секунди се нацртавме таму, маж и жена околу 50 години, сами невработени, во една трошна куќичка не викнаа, не почастија кафе, сокче, благо, ни го вратија новчаникот комплет со се во него и не сакаа никаква награда. Се јавувале на информации со податоците од личната карта да најдат број. Време барале вртеле додека не најдат.
Доброто со добро се враќа ни рекоа и не изнагушкаа на одење.
Покрај тоа што ми олесна за новчаникот, направија и убаво да се осеќам пошто сега знам дека сеуште постојат луѓе низ народот. Браво, господ нека ги благослови!