Имам комшии наспроти мене кои не ни се онака само комшии туку и пријатели, семејството се состои од татко и ќерка, ќерката има 17 години ама за жал е од оние деца кои поради некаков фактор (дали семејно, дали здравствено - слушнав доживеала висока температура како мала) е малку бавна, не сакам ни да го употребам зборот бавна затоа што не е фер, едноставно девојчето не е толку созреано како децата на нејзина возраст би рекол... Не и оди добро нашколо, безброј пати сум пробал да и помогнам, да и напишам домашна или да ја поднаучам нешто но кога не може не може и тоа е. Од друга страна, бајаги е домаќинка, средува низ дома, во дворот, секогаш кога не е нашколо татко и ја тера да работи нешто и си работи таа.
Него, друго ми беше муабетот. При еден разговор девојка ми ми рече дека нашла некои чизми од којзнае кога, дека биле убаво сочувани, но дека биле за помало девојче некое, и и реков супер ќе ги земам, имам една комшивка ќе и ги дадам неа. Татко и на девојчево не работи ништо, понекогаш ја викаме дома на ручек или за гледање серии со мајка ми, гледам колку што можам додека порасне да и помогнам, затоа сме луѓе, тие додуша имаат некои роднини од Австралија и чат пат им пуштаат нешто, и сега со чизмиве ај си реков ќе помогнам некако, знам како е да се нема, пред скоро брачед ми, постар од мене, ми рече дека имал некои рибок патики што ги облекол два пати во животот и ми ги даде речиси нови, па не пребирам ги зедов поминав еден краток филм со нив топ беа за на терен, и тоа ме поттикна и јас да помогнам некому, pay it forward.
Нејсе, и ги однесов чизмите на комшивчево, беше пресреќна, и беа точни и супер и стоеја, и ај фала фала, нема што фала камо носи ги ти... кога гледам после неколку дена, не ги носи чизмите, ја прашав зошто не ги носи, да не не и се убави и слично, и ми рече „не бе, ама тато ми забрани да ги носам затоа што било понижување да носам чизми од друг“ како бе така и велам, ја разубедувам дека не мислев ништо лошо со тоа, не сакав да навредам никој, и таа не бе не, тоа е, не допираше ништо до девојчето, додуша не е ни таа крива што не може да размислува со сопствен ум. И и реков ок, дај ми ги чизмите ако не јас ќе ги однесам во црвен крст, и ми вели „ама ги фрлив во контејнер, тато ми рече“ како бе така, се пренервирав, да одам да разговарам со татко и не вреди, не сум родител, тој така сака да ја воспитува ќерката и тоа е, негов избор.
Си мислам, нашиов менталитет е до таму отиден што е срамота да немаш, ај што сме материјално сиромашни ама духовно уште повеќе, затоа луѓе земаат кредит од банка за банална причина како на пример одење на одмор во Грција или купување нова гардероба, нов телефон, фрчат реклами за инстант кредити на сите страни, форца морца, еден куп задолжени луѓе кои богзнае кога ќе вратат кредит ама битно нема да седат дома пошо е срамота, недај боже да дознаат комшиите. Жал ми е за девојчево, сигурно има еден куп примери како овој.