Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611

 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
На девојка ми и пуштив песна од Иглесиас.

Не ја знаеше песната.

Прв пат слушна за Иглесиас.

Мислеше дека е Италијанец.
200w_d (1).gif


Како и да е, ја ќе си ја слушам. :D

 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.429
Поени од реакции
39.036
Море матер му ебам на тој шо го смислил тоа ''wave" на фејсбук, и јас онака со 5 пива испиени да кликнам на чатот да ти влезам на профилот ти мавнав wave. :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm: И нормално, мора да напишаш 2-3 куриозитетни реченици колку да се оправдам, сепак мажена си.:pos: И од тука муабети и скриени емоции спомени ми се вратија еден куп. :boksix::tapp:

И се сеќавам у 2009 март месец трета година средно сабајлешна смена, јас нормално после непреспиена ноќ поради играње комар на НБА, фино лепо си дојдов на првите 2 блок часови математика и си викам ај дел бој преспиј ги тука оти и без тоа кец имаш, а ако останеш дома тешко дека ќе дојдеше на 3 час, па ќе ми пишеа неоправдани а веќе исполнет лимитот за тоа неоправданите и сваќаш, незгодно може да ми стане пред класната.

И таман си легнувам јас, си ставам ранецот на клупата, прекрстувам раката да не лежам директно на него оти ми се прават линии по фацата, и еве ти ја професорката по македонски влегува како неарна у класот, некој нураше изгледа и не го најде, и ме гледа мене спијам и ми вика ... Па добро бе дел бој на секој час спиеш, КОЈ НАПРАВИЛ СПОМЕНИ Од СПИЕЊЕ ПА МАКАР И ТАЖНИ? :facepalm::facepalm::facepalm::kuracc::kuracc::kuracc:

И јас тогаш копиљ сваќаш, не ја ни регистрирав камоли па да размислам сериозно за нејната констатација, али сега кога ми текна сакам да ја питам ... За кои спомени бе бештијо Олго?

Кој жив организам би сакал да има сеќавања на нешто што му става невидливи катанци околу нозете и не го пушта барем да проба, камоли да реализира нешто ново во животот на емотивно поле?

Кој сака да памти некоја клупа на која се лижел со некоја и потоа го сјебала за сва времена?

Кој сака да памти ситуација на бетонските скали пред интернет кафе Куба на 16 години, со украдено скопско пиво претурено во кока кола шише , и вртено во кругот со сега веќе двајца покојни другари?

Кој сака да памти ситуации шо дури ми е страв да ги напишам, камоли да ги доживеам пак, и за кои мислам дека инстантно би умрел од срцев удар на самото место.

Јас искрено би ги преспијал сите, би си ги избришал од меморијата онака лабаво како тогаш на блокот часови кога си спиев без кур да ме боли оти имам кец. Безгрижно, спокојно, како да нема утре.

И каков пост напишав заради едно "wave'' на фб, а влегов да пишувам тотално друго нешто.:facepalm: 34 неработни денови за прв пат во последните 5ипол години, дефинитивно ми влијаат полошо отколку шо очекував. Ајде уште 2 недели.(y)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.520
Поени од реакции
18.368
21 часот, 0 степени, потег улица "Македонија" - влез на Стара Чаршија. 9 питачи, од кои 6 малолетни деца, еден бездомник кој спие на отворено пред поранешна стоковна куќа "Мост", 2 девојчиња кои заедно немаат повеќе од 18 години продаваат влажни марамчиња и паломи. На сите по еден ѓеврек да им купиш, гладен ќе останеш на крајот. А невидливи се за општеството.

На улиците, од друга страна, џандари на секои 500 метри.

Ова е нашата држава. Што да се прави сега?
 
Ф

Флеш

Гостин
Штип ти е официјално село-вилиџ со 50,илјади жители за светските медиуми .....Еее провинцијо,затоа Скопје е град:LOL::ROFLMAO:

 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Понекогаш не посакувам ни пари, ни здравје, ни време да се врати, едноставно да ги заборавам некои моменти, да се избришат тотално од главава .. спомени кои болат секој ден, кои те влечат надолу, кои те уништуваат одвнатре...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.924
Поени од реакции
41.896
Нарушување на туѓа приватност е нешто што највеќе ме нервира.
Не давам нечив број, мејл, скајп, а не сакам ни мои информации да даваат без дозвола.

Татко ми е починат веќе долги години и ми се јавува жена на еден негов другар да и пратам пари. Како ли ме најде?

Ја прашувам зошто и требаат пари. Викам може нешто операција такви работи.
- Па син ми заглави, должен ваму таму. Купивме кола па му се расипа и се сетив на тебе. Ааа сега се сети на мене.

Работи некаде?
- Моментално не. Поработи еден месец и знаеш тој не работи за малку пари.

Епа ај сите ние да работиме за него, а тој да седи дома и да чека министерска плата, а мајка му да бара пари за него да му ги исплатиме долговите и да му ја поправиме колата. Ако нема пари за поправка еве има јавен превоз, има точак.

Разгалено 35 годишно магаре кое со кола оди до продавница.


Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
39.860
Поени од реакции
116.104
Станувам сабајле околу 9 и нешто и требаше да фатам 15ка у 10 саат што проаѓа кај Симпо. Се ок, си одам на автобуска, доаѓа 15ка, влегувам, плаќам со мобилен пошо неам картичка и се возам до Бисер. Седнувам таму на кафе, си врви денот, доаѓа 13 часот и отидов да чекам 23ка за да си одам накај дома. Доаѓа 23ка, фино лепо пак го вадам мобилниот да платам и возачот ми вика абе дечко не треба да плаќаш, бесплатно е денес.
upload_2018-1-31_1-24-20.png

И ај викам да не се правам паметен не прашувам од кај кур сега искочи бесплатно а сабајле си платив 40 денари или колку и да е. Арно ама во меѓувреме влезе една жена која веројатно исто го изела како мене и одговорот кон неа беше дека до 11 се плаќало, а после тоа било бесплатно. :pos::pos:

Абе Шилегов копиле и сите останати кои ги смислувате мерките, мајките ментални да ви ги ебам на сите до еден! Не ми е за 40 денари (стоп заебанции Џонтра, Клипче и Пеја) воопшто, ме нервираат глупоштиниве што ги нарекуваат “мерки“ против загадување на воздухот. И кого ебат бе во здрав памет? Што до 11 часот не е загаден воздухот а после тоа е? :facepalm::facepalm: Или стајте цело време бесплатно да е, иако ретардирана ми е меркава али ајде, или не го прајте ич.

Инаку вчера бев на фудбал и од памет се извадив, почна да ме стега нешто на левата страна од напред и од назад, кај срцето негде, и ај викам не сум загреан ќе ме пушти, али нит пушти нит бутур, ме држеше и откако завршивме и откако се истуширав. На крај после саат време констатирав дека плешката ме боли ужасно, веројатно лошо сум спиел или промаја ме убила, а јас кутриот мислев срце ме стегна. :facepalm: Си викам на 25 години срце ли да ме фаќа бе у пичку материну, цел живот спортиста, нит пијам нит пушам, мада ко што е неправеден универзумот баш ваквите ко мене умираат а наркоманите по 90 години живеат.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.441
Конечно готово и апликација и Брисел и Хан и Јункер и се! :mad::mad::aplauz::aplauz:

Добра ноќ!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom