Драга, никогаш го немам изгледано филмот Saw и тешко некогаш да го гледам пошто фуфкензи.
Ама овие неколку места низ Скопјево, каде што има escape rooms, биле стварно интересни.
Да бидам искрена умрев од страв и покрај тоа што знаев дека нема стварно да умрам ако не се ослободам од собана за 60 минути, ама кога сум коркачка шо да праам.
Приметив дека Финки ми го пореметил мозокон, шо не знам една обична загатка да решам, па пробувам со скриени хексадецимални цифри, да пронајдам скриено значење во сѐ, да си го искомплицирам животов... А у суштина сум толку глупа.
На крај кога не успеавме, си се тешевме дека нашите мозоци не се навикнати на прости работи. Аха, мижи Асан, да ти баам. Тапшај се по рамо.
Иначе ја арна.
Океј, грло ме гребе уште пред Нова година, ама ќе пројде белки... жолчки, шо знам.
А чао.