Драга, мора негде да си ги испишам маките, скролај си, сори.
Знаеш како изгледа просечно полагање на ФИНКИ? Е па овака, неколку часа пред почеток на испитот ти стигнува распоред дека полагаш во 11, океј.
Во 11 се црташ пред лабораторија, се изнасобрале студенти. Нормално и покрај тоа што те има на список дека треба таму да полагаш, асистентот ти вика барај друга лабораторија, што да ви правам јас, нема место. Влегуваш во таа до неа, гледаш дека нема место ни таму. Од таму те препраќаат во трета лабораторија. Среќа шо барем лабораториите се само на ТМФ, да беа и на Машински и у бараки, е тогаш ќе беше поголемата преселба на народите, како што е за време на предавањата. Оваа е мала преселба, само на еден факултет те префрлаат ко пинг понг топче. Ај нема везе, батали. Идеш и во третава, аарно ама и таму нема место, плус во меѓувреме доаѓаат студенти од четврта лабораторија, да прашаат дали има место во третава, затоа што во четвртава немало место. Океј, не ни пробуваш да бараш компјутер во четвртана. Влегуваш во петта лаборатија, гледаш чудо, 4 празни компјутери, си викаш зарем е можно, да не сум во некој паралелен универзум? Го уклучуваш едниов, колешката до тебе ти вика не ни пробувај, мониторот е пореметен, фаличен е. Океј, го уклуваш вториот комјутер, ти вади некои хиероглифи, ааајде го уклучуваш и третиов компјутер, 15 минути ти вика Windows preparing, те најавува, те одјавува си игра мајтап со тебе. Во меѓувреме се уклучува вториов, нели нормално треба да пратиш сегде кој прв ќе упали. Се префрлаш пак таму, пробуваш да ја уклучиш програмата на којашто треба да полагаш, ама не била воопшто симната, окккк, пиши пропало за вториов. Се префрлаш на четврти компјутер и до него читаш некоја лепенка во стил: шо к*р ја барам на ФИНКИ? Океј, барем си се насмеав. Ама нормално не се пушта ниту тој компјутер, глеаш чудо, те логирал третиов компјутер, уклучен е, ама не реагира на маусот. И кооонечно, во 12 и 10, стана колешка што полагаше во ист термин со мене и на ПЕТИОТ компјутер и ЧЕТВРТАТА просторија, официјално, после 10 минути вртење на Preparing Windows, успешно те логира и почнуваш да полагаш. Притоа ти укочува така одвреме навреме, ама да не прибирам сеа, сум нашла асален компјутер на факултет за информатика, бравооооо.
За чудо овојпат не ме пратија да вадам/ставам мрежни кабли затоа што интернетот не се укчучува. Глеаш? Среќа во несреќа. Плус не ми се обрати со: Колешке, како сакате да бидете инженер, а еден компјутер не можете да уклучите? Да, ја баш затоа се упишав, да зеам да размонтирам на полагање и рутери и компјутери и све.
Да побараш дополнителен лист за решавање, професорот ќе те погледне како келнер кога ќе го прашаш за вода и во меѓувреме заборава да ти даде.
Среќа е што барем овој пат, за разлика од минатиот од кога го полагав на колоквиум предметов, не го опцув на глас компјутерот затоа што ми прекипе. Ма да така страшно ми се споија жички во глава со пмс и болен заб што не сум ни спиена. Секако нема да ме чуди да пристигне меил дека испитот не го положил ниту еден студент.
Затоа фино лепо одиш на консултации, да прашаш за некоја испитна задача, затоа што формулата ја нема ниту во една презентација и ти вика: Колешке, ај не ме задржувајте, гледате уште колку студенти чекаат? Океј, ја дојдов само да ве поздравам вас и вашите по дома. Идеш на предавање, професорот си признава дека не го ни памти материјалот, ама нема зошто да го објаснува кодот и задачата, одамна докторирал, неговото најтешко време завршило, други нека му ја мислат.
Е па чао. И ќе потепам некој пошто ме боли ненормално забот, ти кажав?
Ај чао.