Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Јас пак не ги разбирам овие нашиве тазе иселеници и нивната потреба јавно да се пишуваат нивните мотиви за напуштање на државата, правење на цели есеи од нивните "голготи" и како тоа сега се препородиле од кога стапнале во нивната нова "татковина". И трендот тоа да се објавува по електронскиве медиуми и мрежи, да се праќа по портали, по објави на фејсбук и што ти јас знам. Океј, знаеме сите оти овде е срање и не ја бива работата бе луѓе, јасно ни е и без тоа, не мора некој од швицарска, австралија да ни кажува надолго нашироко како им било овде и како им е сега таму, знаеме за тука од прва рака какви се работите. Па и за странство има доволно информации за тој што сака да се информира.

Таквите клишеа обично одат по следниов редослед:
-тазе дипломец крајно разочаран од системот по сите обиди да се оствари тука како персона еден ден се му доаѓа преку глава, пакува куферите и решава да замине да си ја бара среќата по белиот свет, исто како на приказнине, толку едноставно било киднувањето во странство.
-нагласува оти тој како "капацитет" бил деградиран тука. Иако земал задоволителна плата тоа не му било доволно.
-еднаш кога ќе стигне таму прави паралели со овде, цени на прехрамбени продукти, плата, комуналии, живот...растура стереотипи за западот и докажува дека сите ние овде живееме во заблуда и поим немаме што е живот.
-за крај пишува дека ептен си ја сака државата, акцент става оти народот не го бива и оти е овца. Му недостига дружбата со пријателите и семејството и дека никогаш повторно не би се вратил назад.

Тоа е во кратки црти е стандарното клише, денешниот идеал и успешната приказна кон која се стреми секој млад човек кај нас. Под објавата има илјадници допаѓања, пофалби и по некој обид за демант од некој залутан неуспешен печалбар.

Ништо спорно во потрагата за подобар живот, секој кој е во можност (па и јас кога би бил) би се обидел да формира живот некаде надвор ако смета дека ќе му биде подобро, јас не осудувам, секој во оваа држава се снаоѓа како знае и умее и секој различно го дефинира она што за нив претставува успех. НО од тоа да се создава епска приказна за срадање и пронаоѓање на светиот грал, да се игра на сентимент измешан со контрадикторни елементи на сакање и омраза кон државата, народот...небаре избегале преку граница од С. Кореја, за мене лично е патетично, уште повеќе што тоа се прави јавно, по портали. Ко божем ние овде сме мутави па не знаеме оти не ја бива па бегањето надвор е спасот.
 
Последно уредено:

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.773
Поени од реакции
17.691
ДК

Денот ми започна пак депресивно од истите стари причини ко последните 3-4 месеци, кривици, рачки, самообвунување....Си врви денот така полеак си течи си течи и ете вечерта го барам другар ми да излезиме. Излегваме наоѓаме место во едно реномирано ресторанче, си седнуваме и си пиеме си мезиме во меѓувреме пеј едно чупче шо искрено ми се бендисва а и се познаваме...По неколку пијачки забележавме дека накарши во бистрото има Ди Џеј и слават нешто, шведска маса, пијачки колку сакаш и јас фала богу брзо на другарми му велам ај да одиме ќе видиме шо како. Стигаме на врата и гледаме слават, влегвам натре и му велам честито име.Фала, Фала а вие сте не правшват. И јас - Колеги на Јован од работа...не гледаат чудно, збунето ние се чудиме шо е работата. Кога видовме Јован дете 5 годишно....Шта да ти причам даље.... Ова депресијава ме тера на глупости праење денојве..Ајде кај да е ќе заспијам и пак ќе ја сонвам и коќе станам Јово на ново али тоее...

ДН
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
К.


Со среден прст ќе плачам ако тоа е став :kuracc: :icon_mrgr:
#ТБ пред 10 години кога бевме клинци со спуштени панталони,пиевме трилитарки по основните школи,плукавме по пари и мислевме дека сме андерграунд..Ја слушам песнава деновиве,тек сеа мислам дека почнувам да ја сфаќам(а пред тоа од 1-ва средно ја немав слушнато,па не си ни мозгал да ја сфатиш)..
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.831
po nekoi fakti aleksadar makedonski e roden od olimpja zena na filip
olimpija -ilirika pleme
filip - makedonec
filip napravil nekoe si primije so grcite i se izmesale
ace nas otisol do indija posle znaci za ace civ e treba da se raspravaat od makedonija do indija site civ e

toa ti e kako norveska svedska danska da vojuvaat sega zosto ne se znae od kade poteknuvaat originalnite prvite vikinzi ajt
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Драга, изгледа не ти се рачуна роденденот ако немаш златни/сребрени балони со бројчињата колку полниш. o_O Многу глупа работа ми се, сериозно. :D

Ја остај овака што лумпувам, почнав и во сон да кршам чаши. Од толку претање стаклена чаша со вода што сум ја оставила до мене ја бутнав. :vrtioci: Срчи се разлетаа на сите страни, ко морска сол сум ја напраила. :ROFLMAO: Кога се разбудив едно пет минути ми требаа да сфатам кај се наоѓам и што направив сега. Блеев ко теле у шарена врата и на крај се префрлив во друга соба да спијам, ми дојде премногу за размислување. :ROFLMAO: Да пуштам усисивач во 5 сабајле не иде, со рака не беше баш возможно да ги соберам сите, бааашка што уште во глава ми се моташе сонот како ме брка нилски коњ... Ако продолжев да спијам на исто место, сабајлето гарант ќе забораев што сум направила и ќе згазнев на стакло. А така убаво ми се спиеше... :icon_mrgr:

Иначе ја арна. :D На моиве им е смачено од благо, мене ми се праат торти, ама нема кој да ги јаде, другаркиве све на диета нешо (или не им се свиѓаат? xD). Сакам да праам торти, а уште стојат замрзнати колачи од Божиќ. Па не иде така бе другари. :place: Најдов идеја за ручек, мајка ми ми вика па има уште од гравчето од петокот, чекај да се изеде прво тоа. ТугооООоо моја. Па не е интересно вака. :sleep: Имам 460 слики у телефон со идеи за јадења, па кога ќе ги испробам сите? А? А? А? Башка у букмаркс колку рецпети имам... :unsure: Вака морам да учам бе, нема смисла. :ROFLMAO:

Иии така. Ај чао. :D
 
Член од
24 ноември 2017
Мислења
29
Поени од реакции
29
Никогаш не успеав да разберам македонци што се задоволни со тоа што живеат во мк, успех им е две три деца пред 25, и немаат видено ни море ни сл. Никогаш не ми е јасно како истите тие ја бранат и сакаат мк, кога ниту имаат услови за живот, ниту ги интересира да учат, да работат добра работа и да патуваат и прават кариера.
Никогаш не би можела да се замислам така, дали дека сум (нај)преразгалена и имам различни сфаќања, но за мене животот во мк е фрлено време.
И истиве тие мајки пушат к.. за да влезат на работа, а на фб ставено слики еден куп со децата.
Нели ги јаде совест и нели им е криво што ќе умрат без да живееле?
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
некој пуши кур за во странство да остане или пак за да се „мажи за белгија“ па никому ништо.
сите имаат различни приоритети во животот и различно гледаат на истиот.
ете баш неодамна бев до кај едни пријатели, сиромашен живот живеат, децата кој средно кое на студии, едвај крај со крај врзан. тепаат некој филм дека им е океј што ќе одат да поработаат на запаТ некој месец и тие пари после ги користат тука, а тука не работаат пошто не сакале некој мочко таму (шеф) да им кажува што да прават.

сè e до главата и како ти се споени жиците внатре.

од друга страна, ретко што и која професија во мкд има реална веза со она што се работи надвор. ниту еден правник, економист и незз кој друг профил на оние кои завршиле некоја општествена наука имаат реална основа кога ќе излезат од овие граници. работата се сведува на тоа колку си спремен да жртвуваш од својата лагодност, да излезиш од комфорт зоната и да си тераш онака како што имаш замислено во животот.

а тоа дали и колку другите имаат, дали и колку се задоволни од својот живот, што претставува за нив успех и ред други ствари го имаме само во македонија бидејќи национален спорт е берењето на туѓото гајле! по цели денови, 24/7.

п.с.

Драгана,

оти бе чупе луѓето веќе не ме изненадуваат?
Изгледа апсолутно точна е онаа: People can only meet you as deeply as they've met them self.

живели.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
998
Поени од реакции
1.434
Реално никаде не се живее подобар живот.... во Запад имаш пари немаш време да уживаш . Ке чекаш каде и секаде да ти дадат одмор па да дојдеш прво во Македонија да се фалиш една недела колку убаво "живееш" и после 10 дена да фатиш магла некаде обично Турција, Грција па и ние што живееме во Македонија таму си одиме.... ако 10 од 365 дена годишно се живот???? богами не знам
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
Мислам дека треба да се промени правото на реплицирање во темава.
Некои членови толку глупости трескаат овде што не знам дали да се смеам или да плачам...
Ама ајде, нели секогаш треба да се почитува туѓо мислење.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Драга,

Веќе им имав објаснето на членовите, ама изгледа не ме разбрале дека за скоро секој пост што е пишан овде, има негде на форумов соодветна тема и можат слободно да цитираат некој од оваа тема во таа и да му реплицираат, па да се разберат таму. Дури и да не постои таква тема, можат да отворат нова, доколку сметаат дека вреди за дискусија.

Лесно е :toe:
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Душата ме боли за оваа моја земја Македонија. Се сеќавам на моите прошетки низ Матка како дете, која и до ден денес ја посетувам во лето. Таа преубава природа, тоа гледање како се фрлаат нашите, а и Чкљ од мостот и како се бањаат во Треска, тоа влегување во Треска до кај што можеш од што е преладна водата, тој излет со твоите покрај Треска, тоа буткање во автобусот 60-ка и слушање секакви муабети, тоа гледање како ужива младината на Матка, тоа посетување на црквата Пресвета Богородица и вистинското доживување на молитвата таму:love: Тие прошетки на Водно, тој чист воздух на Водно, таа прекрасна шума, тој преубав крст, тој преубав снег на врвот на Водно кој додека сум го газел сум уживал и сум бил среќен, тоа седење на чаршав под некое дрво на врвот на Водно за втори авуст:love: Тие прекрасни посети на Маркова река, таа препријатна вода, тие интересни мали розеви жаби од кои ти е језиво некоја да не ти рипне, тој спокој кој го осеќаш додека седиш под дрвата кај Маркова река:love: Тие чаршии, таа храна, тој дух, тој осет за како живеел, бил измачуван Македонскиот народ и како се борел за својата слобода и територија:love: Тоа прекрасно патување низ Македонија со комбе или автобус и јадејќи додека си во него, тоа гледање на убавините на Македонија преку прозор, тие планини, брда, карпи, заплашувања од одрони, тие мистериозни и непознати места на Македонија за тебе:love: Тоа ноќно патување со кола низ Македонија, тоа уживање во погледот кон оддалечен град или село, тоа гледање како светат од далеку куќите и улиците:love: Тоа патување и застанување на Стража, за да направиш пауза, за да мочаш и за да си купиш мекица, како и тоа уживање додека гледаш што сите други прават на стража и тоа планирање уште за колку ќе стигнеш таму кај што си планирал:love: Посетата на тие наши села низ Македонија, каде ја осеќаш староста на Македонија и нејзината историја, каде осеќаш одредена мистерија кога гледаш во старите куќи во тоа село, тоа кога уживаш гледајќи го или потпирајќи се за каменот кој е дел од оградата или ѕидот на куќата, тоа уживање во историјата на селото и слушањето како Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и сите останати Мaкедонски борци се бореле за слободата на Македонија:love: Тоа одење на Скопска Црна Гора, уживање со фамилијата, уживање во погледот кон Скопје и Водно, тоа уживање додека гледаш во убавите куќи во Радишани и Бутел, тоа уживање во тоа кога те грее сонцето додека газиш на оваа земја, а и тоа гледање во ѕвезденото небо каде мислиш дека си преблиску до ѕвездите кога си на Скопска Црна Гора:love: Да не ти зборам за тоа кога ќе згазнеш на калдрмата во Кратово, веднаш ќе ја осетиш Македонската историја, а ќе копнееш за што побрзо да го видиш/посетиш Радин мост и Куклиците:love: Тоа уживање кога те грее сонцето додега ја газиш оваа Македонска земја и го гледаш Македонското знаме како се веe. Таа среќа додека си на излет со твоите и видиш маче или куче и го погалиш, иако твоите ти бранат, затоа што може имало болви и крлежи или може ќе си фател алергија или шуга:love:Тоа уживање кога ќе падне ноќта и кога ќе излезеш да прошеташ, кога ги гледаш високите дрвја кои од секогаш кога си бил дете биле некоја мистерија за тебе. Тоа кога си играл жмурка, граница, брканица, расипан телефон, фудбал, шуто дупе... на оваа земја со другарите и другарките и си чекал да дојде 11 саатот навечер за те викнат твоите дома од прозор. Тоа осеќање како студениот и слаб ветер во летните ноќи те гали додека си одиш кон дома:love: Тоа сонување за денот кога ќе пораснеш, ќе ја најдеш жената на твојот живот, ќе создадеш свои деца и ќе изградиш куќа, некаде подалеку, во некои поселско место богато со природа:love: А сега, сега што? Сите спомени, сите мечтаења, целата домашна топлина и се она што е Македонско треба да се избрише? Сега треба да свртиме грб на нашите предци и борци кои се бореле денес ние да живееме како Македонци во слободна Македонија и да дозволиме да се превртуваат во гроб? Сега треба да дозволиме повеќе се што е Македонско и Македонија да не постои? Да дозволиме да се збори јазикот на непријателот мислејќи дека нешто ќе биде на подобро, додека си правиме поголемо лошо? Тропаш на вратата на братот Македонец за да побараш помош да се бориме за Македонија и за слободата на нашите деца, додека тој ти ја затвара вратата, затоа што е предавник. Ми се плаче за оваа моја земја Македонија:place:
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.406
Поени од реакции
25.269
Настинав нешто викендов, со кашлица, температури, отечено грло, се повив во ќебе и за прв пат во животов не излегов во недела (но сепак пуштив тикет преку моите прекрасни другари). Многу ми беше лошо, не да се жалам ама не сум навикнат на настинки и вируси. Јас или одам директно на операција за да ми извадат орган или сум супер, нема средина. Се смеев на оние шеги дека кога мажи се болни нешто се кемкави и како пичиња, ама додека халуцинирав од температура викендов си преиспитав неколку прашања.

Утрово околу 5 сабајле конечно ми се спушти од 38 на некоја постабилна температура и си реков ај баш ќе поспијам сега како човек, но ете го брат ми кој по некоја генетска модификација во нашата фамилија, околу 9 часот сабајле му текнало да слуша музика и тоа не на било кое место, туку во ходник (???) прво помислив дека ова е уште една од низата бладања, мислев ми нарасна тумор на мозокот пошо наслушувам дека од ходникот доаѓа не којзнае што туку Ред хот чили пеперс, бендот што не можам да го поднесам органски, гледам да се стабилизирам да не се нервирам, затворам очи мислам на убави работи, ама пак таа одвратна музика од ходникот. По околу една минута, го слушам брат ми како вели „порано сите од сдсм беа за вмро, сега сите вмровци се сдсм“ е си реков толку сега ќе станам ќе го отепам начисто тука, ама се воздржав пак, демек да мислам на убави работи и да не се секирам, му ѕвонав на телефон и будалата со сиот ум ми крена и ми рече „ало?“ демек ко да му ѕвонам од на марс па сиротиот не знае зошто и како, а јас сум умирал во другата соба, и плус сончево беше утрото, а мразам да сум неарен во сончев ден. Ниту една година не ми има саглам тргнато.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Сеуште не можам да поверувам дека оваа состојба ми е дифолт, цело време ми е убаво, и вика како се чувствуваш викам прекрасно. Не да не ми се верува дека го реков тоа туку и искрено го мислам, а трезен сум цело време, и кога во дел од денот ми беше досадно сега не ми е цело време ми е убаво. Не да е лудо се чувствувам просветлено, не знам целосно да опишам како се случи промена, ама не би ја вратил старата состојба нема шанси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom