Драга Кајгана (виртуелен дневник)

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.024
Драга Кајгана,
се чудам како не се осмелува народов да се дигне да се буни против загадувањето.
Алоооооооооооооо,луѓе,се гушиме,свесни ли сте ? :pov:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ќе одам и јас Малта кај воџите :icon_lol:, само да има кој да ја работи работава место мене, 22 степени таму. Еееееееее а овде?
Обично во очи гледам нема мрдање и се знае или секс или ќотек, па и не го трга погледот ќе ме силува еј, а и каква тело има авион викам страшна работа.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Драга,

Загадување, труења, власта и директориве краделе, вип немал мрежа ... и онака сите ќе умреме, што е толку битно пак од што. Пис.
Јас се превежбав во петокот, еве два дена се ме боли. Полупијана сум ден ипол, па не боли ни тоа толку. Паднав по скали во бус, сите ме видоа, а ниту гужва имаше, ништо, онака само си се спружив, за срамота. Битно си купив нови чизми, ватерпруфф, па може колку сака да истура, а и снег ако сака нека врне, бринг ит он. Денес битно "помагав" за торта правење, толку е добра, да не ти е жал што ќе се здебелиш две кила до Нова. Утре и елка ќе редам, полупијана секако, мајка ми е тешка за поднесување во свесна состојба. И што повеќе? Бали за Божиќ, али тоа е друга тема, Дедо Мраз ќе добие писмо. :pijani:
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
К,

Проблемот кај нас не е ни загадувањето, ниту труењето на кучињата, нити власта која го ебе народот.Проблемот е народот и неговото (не)дејствување за промена на овие работи.Изразувањето на нашето незадоволство на социјалните мрежи, додека лабаво си продолжуваме да го живееме истиот начин на живот нема да промени ништо.Додека не се освестиме и сфатиме дека сите носиме кривица што живееме во едно вакво општество полно со корупција, нееднаквост.Да не бидам само негативен, али има и убави работи во нашево огорчено Скопје кои не направиле она што сме.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Драга, си праев некои калкулации јас, излезе дека паѓам во просек на секои два месеци. Паднав во август, октомври и еве денес во декември. :toe: Коефициент дека ќе паднам у февруари, 1.11. :P У ствари чекаај, уште не е завршена годинава. :cautious:

Барем летно време кога паѓам не се валкам толку, сеа од калиштава лом од глава до петици. (n) Дури мајка ми не е тоа што беше, порано ќе ми кажеше бар лелееее, стави сѐ за перење, не внесувај по собите тоа калта и прљавштините. Сега кога ме виде само се изнасмеа. :ROFLMAO:
Како тргнало... на постари години на секои два месеци нови вештачки колкови ќе ми ставаат. :oops: Може ќе треба да смислат нешто ко за мене, третиот колк гратис? Пошто редовен муштерија, нема смисла. :D

И така. :D Ај чао. :D
 
Член од
24 септември 2016
Мислења
14
Поени од реакции
17
Сакам да им кажам благодарам на сите оние кои со своите мизерни постапки ми го олеснуваат донесувањето на одлуката да ги напуштам без тронка грижа на совест.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
Дури уште е актуелно ова со миленициве.
Јас во повеќе наврати сум разговарал со луѓе на оваа тема и еве сега нека стои и во пишана форма. Одлуката за чување на миленик е обврзувачка. Тоа ви е еден вид на непишан договор помеѓу вас и потенцијалниот миленик. Од ваша страна вие се обврзувате дека ќе обезбедите минимум услови за негов достоинствен живот, топол дом, заштита, храна, ќе посветите дел од вашето време за него а за возврат, од негова страна ќе добиете верен пријател во целото значење на зборот, што е повеќе од фер договор. Втората страна без исклучоци секогаш се држи до него, до крајот на животот. Проблем е иницијаторот на договорот - човекот, кој во случајов се коси со основните начела на разумот до степен каде што целосно се демантира себе си.
Ако животните се водат по сопствените инстинкти а човекот ги потиснува преку разумот тогаш: Дали би нарекле некого разумен, супериорен на еволутивната скала во однос на останатите животински видови, флора фауна и што ти јас знам...дали оставање на отров на јавни површини би го нарекле разумно и еволутивно супериорно?
Ако се декларирате за разумни тогаш делувајте согласно тој епитет кој што сте си го залепиле самите. Без генерализирање, не ми е тоа целта, постов има таргет група.
Комшијата му зел на дете, негов син од 4 години, куче. Му било мерак на детето, ете. Го чува неколку месеци, на детето му минува меракот и ете го кучето шета по канти низ населбата. Не е само овој случај, има мал милион и сега, каде е проблемот?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Доаѓа периодот кога станува напорно и стресно прашањето ,,Каде за Нова Година?", доаѓа периодот кога притисок ти ствара тоа каде ќе славиш за Нова Година, а уште попонижувачко е тоа што ако за Нова Година си останеш дома ќе те гледаат чудно. За оваа Нова Година уште ништо немам испланирано, ама и да останам дома, ќе си бидам горд и среќен за тоа. Подобро да си ги скратиш стресовите и напињањата за договарања, отколку со денови да се нервираш додека да се договориш, а на крај да завршиш на настан како едно скоро обично искачање со лажно напумпана атмосфера.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.673
Ќути, многу е стресно. Работа, обврски, финансиска стабилност, емоционални врски со моми, личен живот, се тоа го минувам како од шала. Али кога ќе дојде тој глуп период да се договараме каде за нова година, анкзиозноста и стресот маме ми ебат, најверојатно и заради тоа почна косата да ми паѓа. Среќа овие последните 3 години само со стрес минам, во 2014 и напад на паника имав кога не успеав да купам петарди, па сите пукаа надвор а јас дома гледав декстер. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom