Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.610
Поени од реакции
88.102
Кајги

Ако некој не можам да го поднесам последниов месец, тоа е Боки 13!!! Значи ме заболе искрено што ќе речете за овој пост, али овој човек со закон би го забранил да живее во земјава. Хуманитарец бил, помагал на луѓе од свои пари, имал големо срце...баааам директорско столче. Се прашувам колку од неговите дела прошлава година беа чин на искрена хуманитарност, или само се рекламираше и самопромовираше со цел да грабне од колачот на новава влада. Човекот 10 години градеше кариера со контоверзии и омаловажување на други луѓе, сега последнава година го направивте бетер од Мајка Тереза и Папата Јован Павле Втори. Тоа ти е исто како сега Саше Поликлинико кој на сличен начин изгради кариера, утре ако направи добро дело да почнете да му се клањате...Се откажал од платата... Ма и тоа преку тасета, класика Драг Квин, човек жеден за внимание.
Знам дека ќе ме нападнете, ќе речете "a ti shto si napravil vo zhivoTot, ne mozshes da mu se fatis na Boki za maljoto prste"...точно не сум направил многу во животов, можеби никогаш нема да бидам директор, само обичен работник кој чесно ќе си ги заработува тие 200-300 евра плата, немам многу ама секогаш секогаш од срце сум им помагал на луѓето, а за возраст ниту едно ФАЛА не сум им барал.

До пред 10 години пример на цела нација за хуманитарен човек беше Тоше, лик кој немаше ниту една контраверзност, ниту една црна дамка во својата кариера... Точно, додека беше жив имаше луѓе што го нејќеа, што правеа заебанции на негова сметка, се потсмеваа со него, али тоа ќе им оди на нивна душа... 10 години подоцна доаѓаме до ситуација да ако го искритуваме овој според мене дволичнава пластична фигура, одма ќе ме нападнат попалени тинејџерки и либерално несватени души за тоа како сум бил лош човек.

Ќе посвојувал деца...ох Господе што ќе ли е следно од тебе се прашувам?

Се додека вакви ликови како Боки, Бетмен Серит, Лешо, Богоевски и други слични издркотини добиваат високи функции ради тоа што обработувале за некого, или пак се самопромовирале, никогаш нема да биде држава од нас. И потоа младите ќе ја напуштале земјава... па многу нормално дека ќе фаќаат џаде од тука. Него мене ми е жал што многу од младиве наши ваквите ликови ги возвишуваат до немајкаде... ПУ!!!

Кајгич поздрав, имај убав пеколен ден ^__^

 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Почнувам да неможам да смислувам луѓе. Ми иде да се иселам во некоја куќа некаде на планина, каде соседните ќуки се доста поодалечени од мојата. Просто неможам да го поднесам лицемерието и лажната насмевка на општеството.

Успат нели ти кажав дека ќе слабеам. Епа да знаеш дека почнав со диетата и со некои вежби. Веќе има некој минимален ефект, бар ако ништо друго стомакот е помек и поповлечен:D
 
Ф

Флеш

Гостин
Па навечер со една женска да си седнеш покрај вода (река море се исто) и да си имаш прекрасна куќа со голем двор и да си седнеш и оп оп да и го опнеш:drk:
на темата Секс желба ..... :LOL::backa::kluc:


и просечна македонска приказна на просечен Македонец ....

 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Сакав да направам нешто добро за татко ми пошо одамна не сум направил и го однесов на отворањето на Охридско лето, и беше супер прилика за стар џезер како него. Имам некој впечаток дека отсекогаш сум мислел дека родителите не стареат, или сите несвесно горе долу го мислиме тоа.

Еден човек на 2 метри од нас колабираше и одвај го спасуваа, цели 30 минути му правеа реанимација, електрошокови, вештачко дишење, слични такви работи. Тие 30 минути гледав во него, во неговото тело, ептен беше до мене. Зад мене слушам, џез музиката, па аплауз, па нова песна, па пак аплауз, па едно 'It's our first time in Macedonia' и сето тоа додека гледам како еден човек се бори за живот, па се измоча во себе. Наеднаш се ми стана тажно и безвредно.
После го вратија во живот и го изнесоа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.708
Поени од реакции
115.456
Чувството кога ќе усмртам комарец или мува е еквивалентно на оргазам. Едно од најубавите чувства дефинитивно, нарочито ако го усмртиш створот во темница, онака си го начекал на осет и си му ебал мајче па со задоволство стануваш, палиш светло и му го гледаш беспомошното тело.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.947
Поени од реакции
25.458
Стојам 5 минути и збунето гледам во екранот, од каде мене ова во препорачани страни на фејсбук? Нешто овде смрди.

Како и да е, мразам двојни стандарди. Имено, имаме еден пациент кој се кара многу со жена му. Човекот е неподвижен и стар и ги имаме слушнато кога се караат многу пати, најчесто тој е инфериорниот. Се опиваат и си ебаваат матер. Глупачава фрла работи по неподвижен човек. Еден ден го начекав цел испрскан со вода, а во кујната поплава на подот. Којзнае што му правела. Често дискутиравме што да правиме, некои колеги дискретно го прашувале дали му треба помош и одбивал. Сѐ додека одбивал помош, не сме биле во состојба да му помогнеме. Прашувам дали се сериозни, затоа што очигледно се работи за семејно насилство, креваат раменици. Прашувам дали исто би постапиле ако наместо за маж, се работеше за жена. Молк.
Денес добивам итен повик од него, доаѓам таму и што да видам, човекот седи на земја облеан во крв. И тој и жена му пијани. Гледам дека изгубил доста крв, му кажувам дека ќе ѕвонам на итната помош, категорично одби. Инсистирав, викнав брза помош и објаснив каква е ситуацијата во куќава и предложив да дојде и полиција за да истражи дали се случило нешто. Човеков кажува дека паднал и ја удрил главата во подот, па затоа прокрварел, а на него очигледно има рана од удар со остар предмет и крвта беше прсната далеку од него. Полиција не дојде, човеков нема кој да го заштити. Да се работеше за жена досега ќе реагираа милион служби. Не постои добро државно уредување, секогаш ќе биде некому мајка, а некому маќеа.

"Where the state begins, individual liberty ceases, and vice versa."

- Mikhail Bakunin.
 

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Так….. так….. так….. так….

Речиси е 2 часот по полноќ и седам на балкон со двете нозе кренати на столица и книга во рацете. Сијалицата над мојата глава привлекува секакви видови на криласти суштества кои се во страствена потрага по оброк.

Так….. так…. так… так…. так….. так….. так…….. . . . ..

Мојата сијалица е толку гласна. Зрачи низ маалото, одекнувајќи ги своите зраци од темно портокаловите глинени ѕидови. Десетина згради ме опколуваат, скриени во темница, собрани во банда. Мојата жолта штедлива сијалица е сјајна.

Так….. так…. так…..

Мојот лев очен капак танцува. Тоа толку фрустрира, крајно излудува! Некој нерв се тресе, си го изведува својот ча ча танц од време на време без никаква посебна причина.

Так….. так…. так…..

Автомобил поминува низ најблиската улица. Уште еден. И уште еден.

Так… так… таК… тАК… ТАК… ТАК… ТАК… ТАК……. . . . .. .. . . .

Штурците чврчорат, ги тераат моите очи да копнеат по сон. Хор со перфектен ритам, мирен и без никаков напор пријатен.

ТАК….. ТАК….. ТАК….. ТАК….. ТАК…..

Инсекти жестоко зујат околу мојата сијалица.

ТАК….. ТАК….. ТАК….. ТАК….. ТАК…..

Автомобил поминува.

ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК…. ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК….

ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК….. ТАК….. ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК….ТАК….. ТАК….. ТАК….ТАК….. ТАК…..

Штурци цвррррррррчорат цвррррррррчорат цвррррррррчорат цвррррррррчорат цвррррррррчорат

ТАК….ТАК….. ТАК….. цвррррррррчорат… ТАК….. цвррррррррчорат…. ТАК….. ТАК…. цвррррррррчорат

ТАК….. ТАК….. ТАК…..

ТОА ПРОКЛЕТО ТАК!!!!!!!

Капка вода повторливо постојано засекогаш континуирано удира на пластична рамна површина. Проклето капење од клима уред.

ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК…. ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК…. ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК…. ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК…. ТАК….. ТАК….. ТАК…. ТАК…. ТАК…. ТАК………

Улично куче започна да лае.



Отидов во кревет.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Драга Кајгана,
Денов ми започна со будење од спиење од лош сон, па повторно заспивање кое и не беше спиење, затоа што се будев на секои 20 минути и се превртував лево десно од што ми беше мачно, за кога станав да видам надвор колку е времето облачно, монотоно и депресивно. Почетоци на денот како овој ми прават тапа време во животот.

Успат млеко помешано со кафе, какао, мраз и такви слични работи е уништено млеко. Затоа чисто си го испиеш, нема ништо поубаво:love:
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.567
Поени од реакции
59.289
ДК,
Bm-G-D-A, Деееееспаасито...
Pattern за успех во музичката индустрија! Нешто што секогаш пали кај публиката. Едноставно, заразно.
Со истите акорди пример ги имаш и Avicii-Wake me up, Eagle Eye Cherry-Save Tonight, Toto-Africa, Bon Jovi-It's my life, Linkin Park-Numb, Adele-Hello, Coldplay-Paradise, Flo Rida-Whistle...
Досадни ви се? Па со право.

Купете гитара научете ги акордиве и ГИТАРИСТ сте! Имате цел репертоар за свирка со pattern-ов или помузички да се изразам progression-ов.

Ако не ви е доволно, истиве акорди само со Д дур почнете (D-A-Bm-G), па така листата на песни ќе ви се прошири со Bob Marley-No woman no cry, Aerosmith-Cryin, The Beatles-Let it be, Adele-Someone like you, Elton John-Can you feel the love tonight...
...што е доволно и концерт да направите :(
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Од тоа „Добар ден“ што ќе ми го вратат некои комшии, ми иде да се самоубијам...

Добро, подобро замини ме и не ми кажувај ништо, ебаве тоа намќорите...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom