Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Некои луѓе мислат дека новата власт ќе им донесе многу подобро. Да се разбереме, нека не скокаат одма политичките опседнати луѓе, не сум политички определен, но просто кај нас кој и да дојде на власт ќе гледа повеќе за себе да земе, а не повеќе да даде на народот и истиот да го сочува. Разликата е што едната партија со ситни работи залажува една група на луѓе, а другата партија исто така со ситни работи залажува друга група на народ со различни интереси за разлика од онаа првата. И така народот создава меѓусебна омраза, а уствари тој самиот трпи.
 
Член од
26 ноември 2012
Мислења
38
Поени од реакции
25
Dobar den Makedonijo i Dijasporo. Se vrativ :) Ne be ne sakam vnimanie, samo sakav da ve podruzam malku,da vidam sto ima ovde,kakvo ima,hehe. Pozdrav
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.988
Kрис Корнел се самоубил :(
Уопште не ми се свиѓа што депресијава полека станува болест на 21виот век, и најлошото е што сум бил седнат во група со неколку луѓе од кои 2 завршиле во болница поради обид за самоубиство а тоа беше пречекано со "Па да, ок е, сите сме биле даун, сфаќаме како ти било"
Ептен е лошо што се нормализираат вакви ментални проблеми, и се фура она балканското "А бе ќе ти пројде не глуми лудило, си имал проблеми у животот, децата у Африка подобар живот да не имаат од тебе?!? Шо претседател на држава да не си за под стрес да си?"
Мај е месец за превенција на менталните проблеми, не ќе беше лошо еден suicide prevention line да се отвореше во Македонија на пример...
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Зимаш часови за возење, возиш сабајле во 8 у една од поголемите гужви у градот и лабаво си пушиш цигарче и си возиш. Арно некој не и заѕвонел на момата на телефон, ќе почнеше и маабет да си праи....

Никогаш не сум ни сонувал дека такво нешто ќе видам...
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Драга,

Кај нас ментална болест не се третира, т.е ко да не постои. Ако физички си здрав, добар си, терај. Не помага споредување со никој, ни со црнцине во Африка, нити тапшање по рамо. Депресија е опасен термин кој денес многу се расфрла, за секоја ситуација и каде што не треба. Анксиозност исто. Колку што може психа да те зафркава, многу физички болести не можат дотолку. Не сме учени да си посветуваме внимание на ментално здравје, а камоли да се пожалиме. Муабет помага, но најдете си вистинска особа за да ве ислуша.

Денес на враќање од шетање го сретнав екс градоначалникот Коце. Втор пат на исто место го гледам. Па и ни кимна со глава во знак на поздрав, ко да сме далечни познаници. Одма се расположив, а тапа денот ми беше. :angel:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Драга
Не очекував дека ќе дојдам до состојба да помислам дека ми е смачено од пари, не сакам ниту да ги гледам,ниту да ги бројам.
Периодов само апла малери не фатија спортска.
Jaс утре го предавам мандатот, ама мојов Хорхе уште се прави налудничав.
Би напишала докторска дисертација за синдромот "Македонски газда"
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Вчера се шушкаше на работа дека ќе дојде сезонски работник и никој не сакаше да му биде придружба и да му покаже на човекот што треба да работи. Јасно ми е дека никој не сака да му се влече некој како црево додека работи, ама не ми беше јасно зошто баш за него се прави проблем. Името му е буквално "Снобот"(The snob ама на шведски). Јас мислев дека е прекар, ама не, тоа му е вистинското име.
Доаѓам после пауза и еден колега ми шепнува "снобот" доаѓа со тебе денес". Нема проблем. Влегувам во канцеларија и го гледам "Снобот"... Факинг Ози Озборн! Повозрасен лик со оштетен слух(иако рано за негова возраст), долга коса и покриен со тетоважи. Јасно ми е одамна дека живеам во "шведски Велес", ама не очекував да бидат до толку заостанати. Во текот на денот укапирав дека човекот е teddy bear, мил и добар. Уште па и ако е сензитивен, има да страда на работа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Не ја суди книгата по корицата.
:)
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260


pa neznam uste bratmi planiram so kumceto da trknam nekoj den do neavrasna mada nemozeme da svrljame sega kako porano ipak so zeni i deca ke bideme ama tie gajle pivo plaza giros sladoled od guarana da pomineme po redot sto bise reklo
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Матура ли ќе слават или аплицират за работа за тетки на шалтер? :sick: Абе порано дрво ќе ти стане додека стигнеш до дома од млади путиња спремни за матурска прослава , ова денес шо го видов личи на се само на 18-19 годишни моми не.

И таман гледаш напудрени тетки со вештачки трепки и нокти ала Фросина Ременски , се избацува едно кускуље со цицки у костум копи пасте Марија Шерифович -20кг. :pos::pos::pos:
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Не знам какви се таму доле во Струмица матуранките ама ја само што се враќам од скопска матурска и поубаво средени, стокмени, без претерано кратки фустанчиња и деколте на изволте немам видено од оваа генерација.Куклиња. :love:
По девојчиња на место за матура немало. А сум одел до сега на матурски од генерација 2009/2010 па до денес. Може и јас сега грешам и сум западнал баш помеѓу такви океј матуранки. Сепак субјективно мислење.
А баш мислев драга дека годинава ќе биде прва во низа каде што нема да присуствувам на ниедна матурска. Се додека не добив покана да присуствувам на матурската кај сестра и на една особа со која се знаеме едвај месец дена. Да бидам искрен, ме изненади повикот. Но, го прифатив и екстра си поминав. Прва скопска матурска на која присуствував и многу ме изненади едноставноста и пријатната атмосфера. Прва матурска без кич. За прв пат се почувствував дека се наоѓам во опкружување на интелегентни луѓе. На луѓе кои им се восхитувам на сето она што го оствариле во животот, нивната професија и кариера, а патем манифестираат таква скромност.

Интересно е тоа како се запознавме она и јас :D
Уште кога дојдов овде на студии, една од најтешките работи кои не можев секогаш да ги обавувам во родниот град беше шишањето. А си бев поврзан со локалниот бербер и цел живот одев кај него, уште од дете. По некој сплет на околности, во момент кога ми беше неопходно да ја скратам косата ОДМА (пробав сам да изигравам бербер и се унаказив), за прв пат морав да ја кратам на друго место, и тоа завршив кај фризерка. :vozbud:
Поголем срам од тогаш во животот немам доживеано. Но, како што викаат старите, во секоја несреќа има и среќа. Резултатот беше предобар и така со тетката фризерка си развивме посебен однос и конекција. Почнав да одам кај неа за "стално". Како по обичај во фризерницата се слушаа секакви женски муабети и ретко примаа машко друштво. Умеа онака да те гледаат како да ќе те убијат ако им покажеш дека ги слушаш. Некако успеав да упаднам во тоа нивното "друштво" на стари тетки и на оние не толку стари. хехе :drk:Добро се вклопив и ме "засакаа".
Успеав од нив да научам многу работи шта се тиче домаќинлук и како да се снаоѓам во свет без мама. :P
Пред некое време отидов на редовно шишање кај нејзе по веќе закажан термин (тоа термин да закажеш е потешко од упис на факултет) и како секогаш и сегде, идам малку порано, затоа што подобро е да почекам, отколку да каснам. А се погоди тогаш и да нема гужва. Ми ги немаше никаде тетките. :icon_mrgr: Таман ми дојде редот за кастрење, улета една преубава женска, цела онака задишана од брзање и почна да се извинува кај фризерката и да праша дали ќе може да ја среди бидејќи и било ИТНО. И го отстапив одма мојот ред и тука почна муабетот помеѓу нас. И направија фризура за (не толку) брзо време и почна да ми се заблагодарува што и го дадов редот.
- Дечко фала ти многу, многу. Немаш појма колку си ме спасил.
Тогаш не знам од каде собрав сили и направив нешто што го немав направено одамна, и тоа пред тетките, во фризерница која почна веќе да се полни.
- Ааа не, ова со фала не минува. Ќе мора да частиш едно кафе. :D
- Хехе. Важи нема проблем. Дај ми бројче па ќе те барам. :D
Помина од тогаш една седмица, повик никаде. Веќе почна сомнежот да ме јаде дека ми го земала бројот само да не ме избрука пред другите. Кога ете го повикот...
Излеговме на кафе, супер си поминавме. И кажав дека пред неколку месеци излегов од долга врска и дека моментално не сум за врска, т.е не сум за ништо освен за чисто пријателско дружење.
Го прифати тоа и почнавме да се дружиме се почесто и поинтензивно, но си останавме само пријатели.

Вечерва ја запознав нејзината фамилија. Имавме еден баш квалитетен и интересен разговор.
Во еден момент, еден од гостите дојде кај нашата маса и го праша татко и: "Овој ли ќе биде зетот?" Татко и се насмевна и рече: " Се надевам". Она се окези и ме фати под рака. Не реков ништо само се насмевнав, ама не можев да сокријам дека одговорот на татко и, за момент ме направи среќен. :)
Штета што он не знае дека во мислите наместо ќерка му, сеуште ми е бившата.
Сеуште имам пристап до нејзиниот електронски дневник и редовно го читам. Вечерва напишалa нешто кратко:
"My scars are healing but, oh my god my heart isn't."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom