Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Arwen Undómiel

don't quit the chase
Член од
28 јануари 2016
Мислења
209
Поени од реакции
429
Моите омилени личности од инстаграм - Brendan Fallis & Hannah Bronfman - после 2 ипол години веридба и 5 ипол години (севкупно) одење, конечно вчера направија свадба. Пратам едно 10-тина нивни пријатели на инстаграм и сите во последниве 4-5 дена постираа фотки на инстаграм и клипчиња на инста стори, како идат на нивната свадба, што прават во моментот, како се дружат заедно, сите возбудени, среќни, весели... се осеќам како и јас да сум таму со нив!
Интересното е што сето ова се одвива во - Маракеш (Мороко)!! Си праат луѓето свадба во Мороко... им се може.
Anyway, очигледно многу сум опседната со HBF(4ever
), штом волку ми е интересно, ама најискрено многу ми е мило за нив. Ептен ми се идоли.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Постојано мислејќи на материјалното и трудејќи се истото да го добиеш, го губиш она духовното, она вистинското кое му треба на секој човек. Уствари го губиш душевниот мир. Просто живееме во време кога се бориш за да опстоиш помеѓу луѓето и во средината, запоставувајќи го негувањето на нашата душа. Кога подобро човек ќе размисли, еден ден да ја купиш/направиш најскапата куќа од соништата, да ги купиш најскапите коли, да бидеш премногу познат, да имаш бизниси и пари за расфрлање, во суштина ништо не си ако немаш душевен мир и семејство покрај себе. И не, не ти требаат луѓе/пријатели покрај тебе кои ти го нарушуваат душевниот мир. Не вреди да се бориш за такви луѓе. И дефинитивно најдобро е кога во животот ти се случува се спонтано.

Успат не сум некој љубител на вакво облачно време, но си замислувам колку ќе беше добро сега да си бев на некоја тараса во Кратово, со нозе качени на столче, од каде го гледаш целиот град и си пиеш маштеница/кисело млеко:)
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Шо прајте бе дечки, добри ми сте?

Немав одамна пишано на темава и реално и сега немат нишо да напишам.. онака само да ви одземам 10тина секунди од драгоценото време :gjavol:
 
Последно уредено:
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Најубавите зборови некогаш што сум ги слушал "Радости моја Христос воскресе" од св. Серафим Саровски , така им се обарќал на сите луге кои доагале при него
 
D

dobramuzika

Гостин
цел ден дома, цртани, си најдов едно јако радио каде што пуштаат добри битчиња, симнав стим, пак... инсталирав цсгоу и... дадете ми ја титулата интроверт фор лаиф.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.185
Не сум одел претходно на натпревари, прв пат бев оваа година и постигнав неверојатни успеси, се натпреварував дури и на државно ниво што не е шала. Како и да е сега знам како одат работите, другата година повторно ќе се пријавам, ќе вложам повеќе тогаш и ќе гледам да влезам во топ 3 :D

:oleee:
Каков milestone 1000 мислења, мило ми е што го посветувам на ваква позитивна работа :jeeee:
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.917
Поени од реакции
12.405
Од кај си?
-Од Охрид.
Ама баш од Охрид Охрид или некаде одстрана?
-Баш од Охрид. А ти од кај си?
Од Скопје.
-Ама баш од Скопје или од Драчево некаде?

Ќе ми пукне филмот еден ден вака ќе одговорам.
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Драга,
Вечен утешител на напатените души. Дали пробав? Пробав. Дали се откажав од целта? Да, стана недостижна. Го сторив тоа што не ни помислив дека ќе направам. Сите околу тебе гледаат човек во тебе. А од еднаш, откако ќе се откажеш од целта? Никој не те ни познава. Стануваш, никој и ништо. Зар се од еднаш може да ти се сруши? Сите те бараат, им вредиш највеќе. Да доживееш пад, и одма си никој... Ми се гади од луѓето веќе. Го уништував животот, за кого? За луѓето. Сакајќи да им помогнеш... А сеа кој ќе ми помогне мене? Од еднаш, СЕ ама буквално СЕ да ти се сврти...
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.406
Поени од реакции
9.280
Смрт ми е кога ќе се прекине врската на сред муабет на мобилен. И одма после тоа вртиш ти, врти тој другиот, зафатено на секое...
 

|gor

Шмрчем амфетамин
Член од
12 јануари 2010
Мислења
1.421
Поени од реакции
2.503
До 63-та Скопје било предградие на Драчево :свиркам:
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Нашиот живот е само конструкт, нашиот идентитет. Но, тој конструкт се разликува во тоа каква интеракција сме. Градиме идентитет на интернет и социјалните мрежи, градиме идентитет во живо пред други, а сме сосема трети кога сме сами. Не постои нешто како право лице наше. И тоа не е лошо. Не знам зашто сме опседнати да го откриеме нашето право лице. Ние сме сите конструкти кои ги градиме и ги одржуваме. Самата мисла за сам себе е апстрактна мисла.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom