Едно време обожавав да слушам некој дур ме лаже а ја си ја знам вистината пред време. Ама у последно, па и ми ја вреѓа таа малку интелигенција шо ми е останата бе.
Посебно коа некоја особа ти е прва на чатот на фб и истовремено ко тебе кисне на телефон и недела дена се праи као не може да напраи seen. Идеш под мач батоо, овај блок де.
Нејсе, баш е фино овака на инста коа на сторињата се сликаат кафињата и местото. Пошо онака си скролам, им ги глеам шеќерчињата до кафињата и си праам: Иам, неам, иам, иам, ааа ова неам.
Единствена позитивна работа коа не пиеш пиво (
) е шо коа пиеш чај, не те гледаат на криво коа во кафич ќе им побараш шеќерче, ко што те глеаат на криво коа со пиво бараш шеќерче.
Иначе ептен ми праи мерак коа ќе погодам нечиј поклон, ама ептен.
Посебно коа некој три дена после тоа уште ти го збори.
Шо мислам дури не се ни радувам толку коа ќе добијам ја поклон, колку шо се радувам коа ќе погодам некому, ама онака ептен ептен.
Последниов месец дена додека имав за учење (логично) ја пред спиење си го смислував новиот распоред за у соба (скроз логично). Три години не е сменет, исти бои да глеаш секој ден, шо не бива - не бива.
Коа му спомнав на татко ми дека пак ќе треба да мкне шифуњери низ дома, ми рече само - А бе за тебе ако треба и прозорот ќе го стаиме на другиот ѕид од кај комшиите, само ти кажи.
Си знае човекот дека му е смучено секое лето шо мењам распоред, ама здосадува еден ист, со исти бои бе.
На крај краева ако треба сама ќе си кречам, нема првпат да ми биде.
Ии така.
Ај, пријатно.