Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.510
Поени од реакции
3.356
Кајги
Најголем проблем што во ова наше општество темелите на обичниот човек се поставени погрешно од самиот почеток.Кај нас кајги животот уште од мали нозе е сФатен како натпревар, како игра. Научени сме да се натпреваруваме меѓу себе и затоа не се разбираме.Кога некој кој не го разбрал животот како таков ќе дојде да разговара со некој кој постојано гледа се во добивка и победа во секој збор или секое дело тој почнува да игра .Твоето фала и извини го гледа како слабост .Па со тек на време учи да го користи против тебе во секој можен момент .Ама и тие не се криви што се такви .Криви се нивните родители кои не ги гушкале како малечки и не им покажале љубов .Им покажале дека е се е натпревар и дека треба да победиш по секоја цена .
Многу ми е жал за тие што ги имаат само парите во животот и ништо повеќе .Тие се како во GTA каде што се им е отклучено .Едноставно немаат предизвик за кој би играле ,па газат луѓе низ играта зошто на нив се им е досадно .И кога ќе дојдат во борба со животот каде што неможат да купат нешто или да згазат некого тогаш седнуваат во едно ќоше и си плачат.Ама тивко плачат да не ги слушне некој да не се искористи тоа опасно оружје против нив.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.673
Поени од реакции
7.159
Кеј, овај види сега...

Во недела постојат четири вида на аларми кои можат да ве разбудат

1) Правосмукалка (утрински кошмар)
2) Машина за перење (чиниш авион полетува)
3) Постар член зборува на мобилен
(мислиш со оние горе у свемир праи муабет, па мора да вика посилно)
4) Комшијата извадил надвор машини уште у 7 сабајле па фали и багерот да го стартува.

Секоја недела се доживува по некое насилство врз сонот од горе наведените.

СТОП!!! За рушење и реметење на сонот во недела.

Пази мене сите овие ми се десија плус мајка ми дојде кај мене и ме буди као ајде недела е ден да се среди дворот... а ја па жалниот у 6:40 си легнав од работа...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.473
Драга Кајгана,
Боли кога се бориш сам. Уште повеќе боли кога не ти го ценат трудот:unsure:
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
7.565
Поени од реакции
12.039
а ма Кајгано не го слушај него јас имам подобра ситуација :
1.) Бесмртна екс ЈУ правосмукалка која без престан два часа брмчи мислиш се снима филм ,,Десант на Дрвар,, и артилерија е во покрет со се тенкови во зградава...



ама немај гајле ќе се среди од ЕУ со продажба- клик!, ама овие од екс ЈУ - Слобода Чачак немаат гајле имаат двеста години гаранција, слушај го оригиналот :pos:

2.) Пуштена машна за перење од 5 сабајле ( разбира се нецентрирана така да центрифугата е како боинг да слетува над зградава) :D


3.) Комшивката од последен спрат која не живее тука само ја слушаме така пред да игзреј сонце и то со отворен прозор во 04 сабајле како вика ааааааааааааааа аааааааааааааааа, сега сега, -сега едно пола саат цело маало слуша ,,сега,, сега,, кое никако не доаѓа, а звучна мрежа покрива боље од ВИП :sekc:
4.) Комшијата од трети во тоалетот црева ваѓа демек добро да се искашла и тоа така накај 06 ч звукот доаѓа како да си во пештера и очекуваш ѕверот да те изеде :sick:
...и така станувам свежа, колку е убав овој свет, таму пчела ваму цвет :ojeaa:
 
Последно уредено:
Член од
21 март 2013
Мислења
369
Поени од реакции
1.080
Драгааааа

Зошто сум опкружена со луѓе кои не сакаат да гледаат подалеку од својот нос?
Зошто ги мрзи да мислат со главата и за секоја скапана ситница ме прашуваат? (зошто нели, јас немам попаметна работа за мислење)
Зошто за секој проблем цимолат по кого ќе стигнат наместо да превземат акција и да решат нешто во меѓувреме?
Зошто...зошто....зоштооо....

Да ти кажам I can't see myself with the crowd...напорни се!
 

Нuкола

Ганџамен
Член од
24 мај 2005
Мислења
5.276
Поени од реакции
13.424
Го поминав денов со МакФест 97'/98' хитчиња и компаративно гледано денешнава естрада со сета нејзина понуда е реално загреота.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
3.838
Поени од реакции
5.960
Си пијам така неколку уза со мезенце, лабавко и тотално not giving a fuck колку сум непатриот што пијам пијачка увезена од грција, јер пичка му матер Грујо цела економија ја даде на грциве, рада си ја лади на острофчињата елитни, излегувам на цигара - винстон такт силвер фурам, класика цигарче само многу кратко траат пошто се тенки, и онака искулирано колку што можам максимално за прилично кафанска атмосфера, која е тотално неадекватна за мене.

На 2 метри од мене две девојки разговараат... "леле стефи, не ми се верува дека само 54 лајка имам на сликава"... boom, right there. Се насмеав слатко и продолжив да си влечам од цигарчето.
После неколку глупи реплики и очајни обиди за тешење на дотичнава, стефи и другарка и почнаа да листат слики кои ги сликале истата вечер, а мислам дека беа минимум 10-15 уште првиот саат додека беа таму, пошто седеа карши мене.
"леле неможам, значи не ми се верува колку овој фустан ме праи да изгледам дебела" прошушти стефи. Хм... онака гледајќи ја се мислев дали потпаѓа во категоријата "дебела" дотичната стефи. Си викам, па и не си дебела, баш си fuckable потполнета, онака таманка.
Баш ме интересираше дали ќе дебатираат за тоа дали глобалното затоплување е заговор или стварно се дешава, дали плутон треба да се смета за планета или не, или можеби пак ќе разговараат за дискриминацијата на жениве на работните места во државава. И така понесено запалив ново цигарче со намера дека ќе научам нешто од нивниот следен "интелектуален" муабет.
Но,продолжија позитивно да ме изненадуваат типкиве. Стефи и се отвара на другарка и како тоа дечкото со кого излегувала и купил нешто од Зара за осми март, арно ама не и се свиѓало парчето облека и сакала неќела ќе мора да го носи за да не го изнервира пошо ќе и кења типот. Демек ептен дреч црвено било палтото(?) и немала со што да го комбинира... Си викам, браво царе. Ако и мрчиш за тоа, а она те слуша, баш си царчина. Си ја довел у ред. Не секој го може тоа...

И нема везе, го допушувам и второто цигарче, спремен да дрмам уште неколку пијачки внатре, онака хиенски што би се рекло, пошто мора нон-стоп да конзумираш алкохол за да ја издржиш таа атмосфера тамо. И како што доаѓа келнерот, му ја давам чашата викам рокај шефе, биди ми mvp оваа вечер.

Песниве која од која поепик, репертоар од соништата.Ефто Пупиновски со евергринот и секад прикладен хит за секакви прослави "Туѓа си бескрајно", па после до сигурица делириум хитови како Хабиби спиш ли добре, епскиот хит од веќе далечната 2015-та. Како успеала таа песна и после 2 години да се врти на такви манифестации, мислам дека е прашање на класичната филозофија.

Па така поминаа 20ина минути во блеење у рандом миниќи, барем од тој аспект беше колоритна вечерта, пошо се некои тотално луди бои ми искачаа пред очи, но ајде сеа и за тоа да не бидам хејтер, секој си има право на сопствен вкус што се однесува до облека. го дрмам узото, си мезам доматче, зелка салата и краставица, пошо мора да се мези, да иде полесно пиењето...
Хм, одамна не бев на цигара... Се размислував за момент дали да го дрмам фишот што го имав во џеб, но стварно ќе биде тоа навреда за билката и ќе биде тотално упропастен high. Излегувам надвор на цигара пак, пошо бев само на кошула и ми беше ладно си викам ај да побрзам. Го допушувам.

Влегувам внатре, и што да ти кажам кајгано. 20+ годишни мажи, застанати у круг кој е стандард нели, со микрофон во раце пеат "дупли џек место керозина". Си викам со кого делам воздух на планетава земја . But wait, it gets better, почна Северина, да да северина, и овие машкиве не се даваат си ја пеат ко "оче наш" напамет научена уно моменто, успори темпо... Браво цареви, брааааааво. Сериозно да подзавиди колку добро ја знаеа песната, мислам и тонови погодување, све комплет. :bravobe:


Какви ли деца ќе излезат од тоа комбо се прашувам...
Македонија има "светла" иднина со мајки фуфици, и татковци квази пеачи на Северина и министарке. Сигурен сум .
 
H

HoT IcE

Гостин
Срц,
Мрзу reality checks, посебно кд ми се десив у кладионицу. Иду у Спорт Лајф да уплату лишче за 20 денара и да ву се насмеју на туј што работи тамо. Повише иду ради њума отколко што уплаќам и прату али не е битно. Иду и виде се сас едно другарче, додуше комшиче ми е, едну улицу погоре живи и плус братучедку му гу изведува за матуру и такој правимо си бош муабет и ми вика: Еј брат па куде си бе ти, да не фати негде странство, немам те видено повише од годину дна, свак дн ти проваѓам пред зграду. И ништо знаеш, он си отиде, ја си отиде све најнормално. Враќам се дома, палу си кантерче да попуцам сас другари и у сред гејм кд доживе просветлување. Фати ме мисла што сам правија заѓњу годину и слични депресивни мисле. Уствари сфати дека ја не постоју како човек, како син, како студент. Освен мој виртуелан свет кој сам си га изградија заедно сас „другари“ што гејмамо и изолиран од све могуќе што пости, ја сфати дека не постоју како човек. И тија другари што су ми биле, нема ги више, сас тија што од време на време си пиесмо кафенце и слично и њима ги нема. Буквално кругови у кои се движу, искачам и врткам НЕ постоив. Девојка? Ало немам ни симпатију, каква девојка. Колко пут навечер ми текне, елеле бе што сакам да искочу да фату ваздух да се прошетам, немам сас кога. Е толко време немам девојку, порано ќе пишеше на некоју или ќе ми пишеше и барем пробувајќе да гу смуваш ќе се разодиш негде, сга ни тој не ме интересира. Буквално годину дна не постоју на карту у општество. И ништо, много лошо изигра, истилта се и си пушти музиче да си слушам и си легна такој да си поразмислу за себе. Да не се разберемо погрешно, не е до толко црна ситуација сас факутлет, заѓан семестар си га фурам онакој лабаво, 4 година не се много замараш а колко повише сакаш да кулираш толко повише обврске ти се трупав сас проекти, семинарске, колоквиуми и курци палци. Ама не си студент ако не одоговлечуеш сви могуѓе обврске сас факултет до заѓан дн такој да на тј фронт барем колко толко можу да се тешу. Али од аспект на човечанство, не постоју, и си се помири сас тј факт. Затој од јутре почнују малце повише реал лајф стаф, да се опробам малце у овј голем и лош свет, какв и да е. Искрено појма немам што и како да праву, ќе почну да пишују на некои другари да се видуемо и слично да обновимо контакти и да се покажу дека сам жив, а што се однаса до девојчиња никад полошо не е било, највероватно ќе си продужу да си ги лајкам сви објаве на тија што ми се свиѓав све док едн дн не начекам дека фатила дечка и ставила сас њега слику на инстаграм па да престану да гу лајкам. И такој.
Иако више не сам толко активан ипак те посету од време на време, да знаеш дека не забрављам на тебе.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
30.097
Поени од реакции
35.934
И јас се да им ебам на ПСЖ. Толку од мене, неможам да се нервирам веќе за глупости. Поздрав.
3 недели како неам пуштено ливче. И тоа 2-3 пати имам одено во кладилница со другари, ама карактер бе. :D

А од друга страна татко ми фати прв пат во животот пред некој ден. :icon_mrgr:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.861
Поени од реакции
7.538
Кодексот не ми дозволува да пишам шо ама ќе правам нешто магично, за на на утакмица, и лозница ќе правиме на нива. Денов е фул. Треба приквечер да одам ќе упишувам часови џуи џитсу да повежбам малку и една студентка ме кани на ракија моментално на чат :icon_lol:. И викам вечер после 10 и пол слободен сум е не можело сега колоквиумска имала :icon_lol:. Ај сега мора по потешкиот пат :icon_lol:. Ај мори дај ми :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
Колоквиумска имала не знам што е тоа сериознo, треба да прашам нешто како полуиспит мислам дека беше.

 
Член од
28 март 2015
Мислења
4.273
Поени од реакции
8.233
Hot Ice го опиша мојот живот изгледа. Само што јас до нова година го мислев тоа, а од тогаш пробувам да се убацам во посраново опшество и да ти кажам уште сум на нулта точка. Не знам дали јас не можам да го прифатам начинот на кој функционира светот или светот не ме прифаќа мене.

Sent from mTalk
 
На врв Bottom